Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Си биле Трпе и Трпана, и отишле во банка да извадат пари. Во исто време во банката влегол лопов да краде. И украл што украл и пред да си оди го прашува човекот што чекал во редот.
- Ти ме виде ли?
И човекот рекол да и лоповот го убил. И така дошле на ред и Трпе и Трпана. И лоповот го прашал Трпе:
- Ти ме виде ли?
А Трпе рекол:
- Не јас не те видов, ама Трпана те виде!
 
Влегува Трпе дома и ја прашува Трпана:
- Жено да добијам на лото што би направила?
- Ќе ти земам пола и ќе те оставам!
- Добив 20 Евра. Земи 10 и бегај од дома!!!
 
Трпе се жали на колегите од работа.
- Денов ми е катастрофа, ми ја украдоа колата, во станот имав пожар, девојката ми раскина, е само ХИВ - тестот ми е позитивен.
 
Учителката ги прашува учениците: Што е најбрзо на светот?
Еден вика:Авион!
Учителката вика,не е точно има побрзо.
Друг вика:Светлината!
Учителката пак вика има побрзо.
Трет ученик вика:Мислите!
Браво така е!радосна учителката.
Се јавува малиот Трпе и вика:Не е точно,синоќа го слушнав татко ми кај што и вика на мајка ми:Свршив побрзо од што мислев!
 
Малиот Трпе го однеле на опера малку културно да го воздигнат.
- Мамо, зошто оној мавта со стапот?
- Сине тој е диригент.
- А зошто и се заканува со стапот на дебелана тетка?
- Ма не и се заканува...
- А зошто тогаш она вреска?
 
Отишол Трпе да полага испит на факултет и појма нема, ништо не знае. На професоркава и досадило да го испрашува и ја повикала жената од бифето:
- Ај те молам донеси едно кафе, и малку сено за магарето.
Трпе додал:
- Ако може со екстра шеќер и малку млеко.
 
Трпе и Цветко во канцеларија си разговараат:
- Трпе, ми дојде преку глава од работа, морам малку да одморам.
- Е, како ќе го изведеш тоа, жити се?
- Еве вака, - се качил Цветко на ормарот во канцеларија и се закачил со нозете да виси наопачки.
Влегува шефот:
- Шо праиш бе Цветко, нормален ли си ти?
- Јас сум сијалица шефе.
- А јас мислам да земеш ти неколку дена одмор, да одиш да се одмориш убаво.
Се симнува Цветко од ормарот и излегува да си оди дома, а Трпе тргнува по него:
- Трпе, кај си тргнал па ти?
- И ја си одам дома шефе, не можам да работам во темница.
 
Го прашуваат малиот Трпе што сака за роденден.
- Сакам, сакам, слон!
Де бре Трпе, слон, со што ќе го храниш?
- Да бе, вие мене ќе ме лажете во зоолошка пишуваше
"не ги хранете животните"
 
Наставничката го прашува малиот Трпе:
-Што треба да се јаде пред спиење?
-Бибер.
-Како бибер?
-Па мојот татко на мајками секоја вечер и вика:Срце дај да ти го забиберам за подобро да спиеш.
 
Трпе им раскажува на другарите:
- Дечки нема да верувате што ми се случи вчера, влагам ја дома кога гледам насмеана и задоволна жена!
- А што се случило?
- Па сум ја згрешил вратата!
 
Излегуваат Трпе и Трпеица од куќата во двор и го гледаат Игорче како клечи под липата. Трпе горд и вика на Трпеица:
- Види го малиов што маже е, прав фудбалер ќе биде.
- Ма каков фудбалер, он е роден политичар.
- Од кај па сега политичар?
- Види го сонце на мајка, ем кака, ем во очи те гледа.
 
Трпе имал само 30 денари и никако не можел да стигнит дома и го молит таксистот да го однесит за тие пари. Таксистот вознемирен му викат: Па јас треба да децата леб да им купам. И Трпе му вели: Е добро де, ќе почекам, не се брзам јас
 
Трпе влага дома и држи јагне во рака, ја гледа Трпана и вика:
- Што ќе правиме со кравава?
Трпана му одговара:
- Не е крава, јагне е!
И Трпе одговара:
- Не ти зборев тебе!
 
Имал Трпе пролив па отишол на лекар. Арно ама овој по грешка му дал апчиња за смирување.
По два дена го среќава лекарот Трпе и го прашува како му е.
- Абе добро. Се уште имам пролив, ама баш ми е гајле.
 
Трпе влага дома и држи јагне во рака, ја гледа Трпана и вика:
- Што ќе правиме со кравава?
Трпана му одговара:
- Не е крава, јагне е!
И Трпе одговара:
- Не ти зборев тебе!:pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom