Трошење пари на искуства или предмети?

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување

Што би избрале ако мора да одберете едно ?

  • Искуство

    Гласови: 64 79,0%
  • Предмет

    Гласови: 17 21,0%

  • Вкупно гласачи
    81
Искуство.Затоа што се памти.Се живее за такви работи.Барем ја си мислам така.
 
Со исклучок на факултетот кога ептен запнав, остатокот од младостта ја потрошив и посветив на клабингот.
-Пролет и лето е летна сезона кај мене во подрум, колку само ракија, вино и пиво се има испиено, мезиња, даски, монополи, ризици, табли и табланети, бриџови, хантови или најпрости дрочења.
-Ме бркале со дерење од туниските дуќани во Јасмин Хамамет пред револуцијата, затоа што инат сум и непопустлив на ценкање а тоа ги пизди арапите и беберите (племето не професијата) до максимум, и пак на крајот сум им вадел цена. Со Бен Али на постер во рент а сквад дуќанот на акање низ пустината.
-Ми свиреле на увце турски чалгии во едно сокаче на Таксим во Истамбул, навидум затуцана улица ама полна со мераци. Не знаеш што ти пеат, знаеш дека е нешто балканско од душа па го разбираш 100%. На келнерот му гестикулираш дали можеш криглата од пола литро Ефес да си ја земеш за успомен и дуго сечање, на што само ти мавнува со рака демек терај магарето.
-Сум акал шатови Јегер во срцето на Варшава Штрасе, Берлин област позната по анархохипидизнилендизмот во еден кафиќ излепен со плочи до таван и шанк од бамбусови трски. Јегери акав и во метал барот Халфорд близу Александер Плац а посветен на пејачот на Џудас Прист каде што сред кафич има и скоро 3 метарска стаута од истоимениот. Халфорд е фраер воедно и хомосексуалец а не педерче.
-Сме се кичмеле од смеење заедно со келнерите во Селект Струмица каде што се надминав себеси 15+ штока во една вечер. Секој од нас однапред на келнерот му даваше 1000ка со инструкции да не се враќа додека не се потрошат.
-Сме шмекале македонки, маџарки и што се не низ Будимпештанските клубови со лажни идентитети. Јас бев Смиле (по оној пејачот од САФ). Уште долго време од Карев ме поздравуваа така. На Ваци на српски макро ми нудеше дами на ноќта додека келнерот од локалниот бар не бркаше затоа стандард некој не оставил пари колку што треба. А јас бев заљубен у малата. Пирс, тетоважа, мило лице и це де од Лед Зепелин. Ама, некои работи не биднаа.
-Курви ми нудеа и на Вацлавске Намести во Прага. На моето одбивање црња сакаше да ме нас'ска маркетиншки преку удирање на суета со зборовите-What, are you afraid of a pussy man? Се љокаше Southern Comfort на ангро додека на стејџот со шипки еден ангел како оние од Викторијас Сикрет изведуваше вибратор шоу во лавиринтите на Злати Стром. Во Козичка прв пат доживеав женско да ми пристапи, ама она апла, на што едно 20тиа секунди се збунив, на се бев навикнат дури и на најарогантни понашања ама ова не го очекував.
-Во Барселона се маваа сангрии како сокче од боровница, ни нудеа и хашиши и други наркотици што ние хај он лајв ги одбивавме. Во Љорет од сите Обединети Нации, да завршиш со наша е лудост :), се заебававме заедно со Холанѓаните додека Џиџи Дагостино ја миксаше Вечна Љубов (L'amour toujours)
, а ние бевме заљубени во се, а јас најмногу во едно моме мало од под Исаро, заедно се пиеја коктели од може 2 литарски чаши на плажа. Како не се удавив не знам.
-Не дереа прилепски келнери во ноќен клуб Даниелс, кој изгледа како порно сцена со црвени сепариња и шипки во средина, Даб 100-ка, коњак 100-ка, не побаравме чаша вода ама и таа ќе беше стотка. И тоа само две маси полни, бојата на металните маси 'рѓосана и изљуштена, певаљка млада и мрсничка едвај мрда со колковите, даелку од славната Жаки Макарена, ама како за среда 2 саат по полноќ каде што нормални луѓе спијат оти се на работа, и трошејќи ги парите што претходно си ги фатил во Адмирал (харам пара не се носи дома) идеално.
-Фамилијарно ја затворавме Фук-Так во Дојран со исклучиво Македонска народна и забавна музика, некои песни и подзаборавени со хармоника и гитара, почивај во мир бате Џоко :(. Крапови, сомови, перкии, црвеноперки, најубавите салати и Темјаника од 87-ма. Бастионот на еснафите родољубните луѓе, храби дури и во екс СФРЈ, кога мочковците комнистички титочмарољубиви цинкарошеа.
-Не сум дозволил комаро да ми го помати умот, ама да не фрлиш нешто ситно во мегаголемото казино на Принцез во Гевгелија додека во живо ти пее Теодора


па јебем ли га не бива. Ситно колку да се дигне адреналинот на блек џекот или да го нахраниш троа гладниот автомат.
-Сме имале ноќи на хумор какви што нема ни во к-15 во Шабано Дабиле.
-Тити Твистер на Тарентино гомна јаде за старата Опатија во парк. Шишиња летаат, столици се кршат од глава, полицајци во унифома и мафијаши исто во униформа, маса до маса со пиштољите и не се чепкаат, стакла фрчат, два сајзера Корг се свират и певаљ и певаљка се мењаат, оро денсаат рака под рака и орки и елфови и дворфови и хобити и клигонци и тетки со свадбарки. Да донесеш некој Норвежанец, ќе си помисли дека се вратил во 12 век. Ако остане уште некој месец и тој ќе го осети повикот на дивината :).
-Најубаво топено сирење сум јадел во Метро Битола додека Кире Мајмуно од култниот битолски рок бенд Чоканче ми раскажуваше за како било да си металец во 80-ти кога уште сите биле затуцани, за познанството со Дивље јагоде, за колекциите дома на плочи од Моторхед и Ајрон Мејден, за ривалството на Вардар-Пелистер.
-Си пројдовме фантастично и на Астрал Проџекшн и на Перо Деформеро и на Ферус во Окарина (со слики), се акаше струмичка мастика на селска турбо фолк журка за стара нова година за после тоа да се продолжи на саем на Пол Окенфолд, се флекосувавме на Аца на саем, урлавме два пати на Мејден во Белград, првиот пат тресен до гола кожа, и јајацата ми ги прегледуваа, а си добив и џокер металка од вториот концерт макар и само на кратко :). Беше феномално да се гледа маестро Би Би Кинг на кој годините не му пречеа како што не му пречеа ни на Ли Скреч Пери да не изрегира во универзална, сто пари повторувајќи дека тутунот е штетен а марихуаната е за уживање и корисна. Денсавме на Елтиџеј Бјукем, оставивме кичма со мојот претпоставен на првиот Пол Ван Дајк во струга после неброено Смирнови во негов атер (не пиеше пустиот ништо друго). На Стоунси само што не заплакав на крај знаејќи дека друг пат нема да доживеам такво нешто, сам во први редови со единствената последна најскапа карта во Македонија претходно спиен на клупа сам на Калемегдан како скитник, а враќајки се со ''експресниот'' на Ниш Експрес за кој платив и поскапа карта а ја научив цела српска топографија од Белград, па Алексинац, Владичин Хан, Врање, Бујановац, Прешево, Велика-Мала Плана и тако даље. Плус до мене седеше циган од Радовиш или Кочани кој тезгарошки се враќаше како кларинетист од свадба во Владичин Хан објаснувајќи ми ја разликата меѓу оркестрите Анѓушеви и Черкези, зошто едните биле добри а другите недобри. За незаборвната вожња сред зима на магла пијани до Штип и назад за роденден, прво пастрмајлија во Грофо па Скверо, па Џет па Скрим, некаде во меѓувреме роденденот, многу алкохол, лизгав пат и ангели чувари што не сме испогинале во тоа Опел Корсата. Ме избркаа од врата како куче на отворањето на најселското здание Гранд Клуб. Кај возев саат време, кај се акав по ниви и калови, кај снег ме фати уште и да не те пуштат и тоа сељаци. За први мај во Романтик Велешко кога немаше игла кај да падне, па завршивме во Снупи на нехумано и нецивилизирано ждерење и пиење како римјаните на времето, со цех од кој не фати сема. Во Велес сум одел и во 2 по полноќ. Онака од што ти текнало во моментот во вторник навечер, или затоа што луда-млада така предложила, и двајцата пукате од младост, енергија, адреналин и желба за глупости. И многу, многу, мноооооогу уште. За тоа сум работел, за тоа сум рмбал на тоа ми отишле сите пари. И не се каам, за ништо.

И не би го мењал сето тоа ни за сите Ајфони, Ајпади, Самсунг Галасксии, 3д Лед телевизори, Бугати вејрони, таблети и апчиња, миљарда мегапикселни фотоапарати со обејктив колку курот на Лексингтон Стил и карл зајс оптики, Ла Коста џемпери и Хуго Бос одела на светот. И да се вратам назад не би сменил ништо, а само Нокијава од пред 7 години која пола работи пола не, ми е доказ за тоа

Венчавао сам се и разводио, с'кафанама велеградских. Децо, убав е животот, за тој што знае да го живее. Ај да сте ми живи и здрави!


 
На искуства,се разбира.
Но и во искуствата има селекција.
Веке одамна секојдневните излегувања и претерувањата во нив не ги сметан за воодушевувачки искуства,дали дека се одприлика издегустирани ии е до нешто друго,не знам.
И на предмети но не на предмети од типот,најнов модел на мобилен,или парче облека кое не е воопшто по мој вкус туку едноставно ,,модата,,му дала простор да пркне.
Предметите понекогаш се јавуваат како римајдер за нешто што сме го искусиле некогаш и некаде.
 
Искуство да патувам негде на пример а од таму да си купам неш:):):)
 
и од двете можи да се направи добра комбинација...да купиш предмет кој не е толку скап а ке ти заврши работа..а повеќето од средствата да ги намениш за патување...и волко сит и овците на број :)
 
Интересна темичка, што повеќе размислував - толку повеќе бев неодлучен и затоа не гласав.

1. Искуствата се супер, а вредноста на повеќето им е уште толку поголема бидејќи втор пат не се повтараат. Немам кој знае колку шетано и доживувано, ама вреди и нема цена тоа што имам посетено места Памук Кале, Плитвичките езера, Ship wreck bay beach и некои други, кои сигурно ако тогаш ги испуштев кога се отвараа можностите, втора шанса ќе немав. Најтазе ми е А state of trance журката на која бев во Софија пред скоро 3 месеци. Незаборавна вечер и доживљај кој ќе ми стои засекогаш.

2. Но и предметите не се фрлање и треба да се чуват, бидејќи ме враќаат на некои одминати времиња и интересни ситуации. Не е суштината во цената предметот, туку приказната позади него. Не мора да се предметите скапи (може и да се поклони), ама ми стојат и тука се насекаде низ мојата соба. Кога ќе го погледнам на пример хавајското цветно ланче, одма ми текнува на девојачката вечер на која заглавивме сосема случајно со еден другар во средно - лудница вечер, ќе ја премислувавме невестата за малце :pos:. Или па чашката во форма на топка, која ми ја поклони газдата на една кафана, после еден диво и многу весело прославен 1ви Јануари (лани беше тоа, 2012). Тапа малце почна вечерта, ама како завршивме - само ние си знаеме. Јас ја понесов титулата таа вечер, а чашата го симболизираше пехарот ! :icon_lol:
 
заиси од предметите/искуствата што се нудат.

на пример би купила апарат за фотографирање, зашто знам дека после ќе одам на патување и ќе ми се најде и те како :)
 
Дефинитивно искуство! Секое патување, концерт, одмор, или на пример банџи-џампинг останува во нас до крајот на животот.. Додека предметите се минлива работа. Скапиот накит или луксузниот часовник или брендираната гардероба е присутна извесен период можеби и цел живот ама сепак не е исто задоволството.
 
Poubo parite da si gi trosis za toa so ti trebaat a ne site denes pa utre da nemas :D
 
Не се бира..И едно и друго..
Материјалните ствари ти помагаат да уживаш и ти олеснуваат живот, пружаат удобност и те прават среќен ..како на пр. мене гардероба ..;)
А искуства, искачања, шеткања, луѓе, те исполнуваат и прават најсреќен и побогат, и е незаменливо....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom