Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво
Внимателно ја изгледав вашата Online презентација за инвестициските фондови. Ви посакувам успешна работа...
Едно нешто ме замисли. На прашањето „Колку е просечниот принос на овој фонд на нето основа“, одговоривте дека реални (не оптимистички) очекувања се 7.5, 8 % на годишно ниво.
Моето прашање е, зошто некој вас да ви довери пари, кога 7,5 % се ништо споредбено со S&P500 (11%), а и ништо повеќе од другите фондови во МК. Имајќи предвид дека сега со SEPA помали се провизиите.
Фала...
Ако го претвориш тие 11% во долари оваа година во денари ќе добиеш и негативен принос.

Идејата е дека не купуваме цела берза, туку селектирана група на акции кои се и валутно и геогравски диверзифицирани.

Последната деценија Америка растури, но еве конкретнава година европските индекси имаат значајно подобар принос.

Никој од МК не купува S&P 500 во долари, сите на европски берзи во eur. Тие 11% што ги спомнав се проценти на историско ниво, не за изминатата година...
Несомнено дека сте најниски со провизиите, огромно браво за тоа, редно беше....
Муабетот ми е дека сепак со вашиот очекуваниот прираст од 7.5 %, не успевате (односно од старт не планирате) да победите еден индекс...

Поздрав, секое добро...
 
Да ги фрлиш парите на МК берза покрај S&P500 или акции од типот на nvidia, tesla, palantir, нависитна треба да си отиден со паметот, друго објаснување нема
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom