Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Точно, се согласувам, муабетот ми беше дека не станува збор за полова карактеристика.Истото важи за тие што незнаат што сакаат во животот и што се емотивно незрели. За другите не....
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Точно, се согласувам, муабетот ми беше дека не станува збор за полова карактеристика.Истото важи за тие што незнаат што сакаат во животот и што се емотивно незрели. За другите не....
Колку да сме на чисто-нигде не спомнив дека станува збор за полова карактеристика. Го кажав тоа што сум го видел и искусил, а за волја на вистината сум немал партнер машко до сега (причината е повеќе од јасна) па за да можам да напишам збор-два и за тоа.Точно, се согласувам, муабетот ми беше дека не станува збор за полова карактеристика.
Ок бе, не те нападнав.Колку да сме на чисто-нигде не спомнив дека станува збор за полова карактеристика. Го кажав тоа што сум го видел и искусил, а за волја на вистината сум немал партнер машко до сега (причината е повеќе од јасна) па за да можам да напишам збор-два и за тоа.
Не можам да зборам во името на целиот женски род, па затоа ќе пробам да изнесам некои мои размислувања во врска со темава.
Не сакам мојот партнер да ми иде стално по гзот, не сакам да биде кученце кое на секоја моја свирка ќе се сврти и ќе се стрча.Партнерот треба да ги штити своите ставови, интереси и да се држи цврсто до нив, макар тоа водело до кажување "не" кога ќе покажам каприциозни барања.Треба да ми контрира доколку со поинакви очи го гледа светот, а не да се согласува со секое мое размислување само за да ја "спаси" врската од караница.Како што јас не би преместила важни обврски за да се видам со него, така не треба и тој.Можеби некое алтернативно решение would come in handy, но само доколку и двајцата веќе сме завршиле со битните работи кои ни претстоеле дента.
Дечкото како и девојката треба да има свој живот.Нормално е во првите месеци излегувањата со партнерот да се почести, но партнерот не смее ни под разно да заборави дека има свое друштво, свој дом, свој живот.Мислам дека е доволно само да знае како да ги искомбинира горенаведениве со времето.
Е сеа, проблемот лежи тука.Што за сето ова горе напишанолуѓево се свесни и поголемиот дел од нив го разбираат, но не сакаат да му го кажат тоа на партнерот затоа што нели, низ процесот на запознавање не е пожелно да се поставуваат барања кои би создале лоша слика за едниот во очите на другиот.Друго, има такви женишта па и мажи кои многу љубат да ги тестирааат партнерите со цел да видат до кои граници би иделе тие за нив.Па така партнерот или ќе стане досаден затоа што ги достигнува или кретен затоа што воопшто не се труди.Тука треба да се постават границите, тука треба да се постават лимитите, уште на стартот.Постојано држење во средината, никако одење во екстреми.Не сакам партнерот да ми биде се' во животот(и обратно), но не сакам ни да заборави дека постојам и дека има девојка(и обратно).
Не смее дечкото да се поистовети со најдобрата другарка или мајка.Да, пред се партнерите треба да бидат другари, но не и придружници кога станува збор за купување штикли, идење во козметички салон и слично.Страшна е глетката кога идам да се потшишам и гледам девојка која ја шишаат додека дечко и' седи и ја чека.
Третата група на жени кои трчаат кај лошите дечки најверојатно се оние кои сакаат да бидат понижувани, малтретирани и манипулирани.За тие баш и немам што да искоментирам.
Во погрешна смисла си го употребил зборот потрчко според мене.Кога девојката/дечкото има падови и и'/му е потребна поддршка, утеха и некоја прегратка нормално е да се обрати на партнерот.Потрчкото во твојот пост мислам дека е некоја трета личност, кога разочарани од партнерот се обратуваме кај тој/таа што ни иде по гзот, што секогаш е тука(или бар така се чини).Секако дека ова е погрешно меѓутоа тој однос многу зависи од тоа како се поставува едниот од врската(можеби е погрешно сфатен, можеби сака да искористи внимание) и третата личност(која дефинитивно е искористувана и која можеби сака да ја искористи таквата ситуација). А тоа е веќе друга тема на муабетЛесно е тука да зборуваме одзади мониторот за тоа колку сакаме да ни контра партнерот, колку не ни` одговара потрчкото.
Во глобала си нема врска со тоа. Секоја една личност има итекако потреба од некое потрчко како сигурно прибежиште од драматичните успони и падови. Се караш со дечкото, си удирате контра и после ѕвониш кај некој друг да те утеши со зборови.
Единствен факт е тоа дека човекот навистина не знае што сака, на долги стази.