Сега кога сум дома и кога малце се средив да се обидам да ви доловам на што уствари бев сведок тој ден.
Со фановите што ги имам на фб се договоривме да се собереме околу 11 пред врата. Се собравме група од 7 души и скоро до кај 2 сат бевме 10 души и веќе си направивме ред. Супер беше ова да дојдеме порано зашто од обезбедувањето на салата и од телохранителот на Трент Дру успеавме да дознаеме уствари по кои скали се стигнува накај бина и дека сите шест врати ќе ги отворат. Со ова веќе имавме предност и се распоредивме по еден човек да има пред секоја врата. Јас бев прва во ред на втората врата. Чекањето беше доста интересно, иако сега кога гледам сме се начекале доста додека да отворат вратите во 6ипол, сепак времето ни летна зашто имавме за што да зборуваме. Ја слушнавме и пробата која се состоеше од Piggy & Reptile кои почнуваа одново и одново и одново

Кога ги отворија вратите стварно се зачудив што успеав да трчам толку брзо (требаше прво да истрчам околу 50 скали надоле, пошто салата е под земја) и плус да истрчам од еден крај на салата до другиот крај кај што беше бината. Стигнав до посакуваното место – најдесното коцкасто висечко светло или местото на Робин и цврсто се фатив за барикадата and decided to never let go

Имаше луѓе што пробуваа да дојдат до барикада ама тие што си фативме место си чувавме грб едни на други да не дојде некој до местото за кое толку време сме чекале.
Колд Кејв беа одлична предгрупа ама јас бев премногу возбудена за да им дадам шанса ко што заслужуваат. Успеав да го видам Робин уште пред да излезат и моментално осетив слабост во колена

Кој хаос настана само кога излегоа на сцена! Кога почнаа не знаев накај да гледам, дали накај Трент или накај Робин, само лево десно идев со главата, за да ги пратам и двајцата. Робин често се ѕвереше во нас од прв ред и прв пат не успеав да му го издржам погледот и погледнав на страна, среќа после си немав мака. А ме предупредија надвор додека чекавме дека има навика постојано да се ѕвери во луѓето од прв ред.

Имаше некаде 2600-700 луѓе(салата е со капацитет од 3000), така да уште одма се знаеше дека со помала публика одлично ќе е, поинтимно. Сега во глава ми идат зборовите на Фаранг дека ќе настане општ хаос и навистина беше така! Пеење, рипање, шутки, се гледаше дека сите уживаа. Трент беше ептен задоволен од публиката и се заблагодаруваше скоро после секоја песна. После кажа дека повеќе би сакал да одржи 20 концерти во Прага отколку Европска турнеја! А знаеме дека не е од оние луѓе што кажуваат она што сакаат фановите да го чујат. На некои од претходните концерти им кажал фала едвај два три пати.
Сетлистата беше следнава : интрото беше The Downward Spiral / The New Flesh, па почнаа со Me, I'm Not, Copy of A, The Beginning of the End, Terrible Lie, March of the Pigs, Piggy, REPTILE!!! Burn, Gave Up, Sanctified, Closer, Find My Way, Disappointed, Came Back Haunted, The Great Destroyer, Wish, The Hand That Feeds, Head Like a Hole, The Day the World Went Away, и за крај нормално Hurt. Одлична сетлиста, можеби единствена измена би ми била All Time Low да е место Find my way. Штом ги видов зелените светла на почеток на Рептајл, почнав да вриштам и скокам веднаш!
Им се израдував и на The Day The Whole World Went Away, Terrible Lie и Burn. Ич не ми сметаше што не си слушнав The Becoming/Eraser/Beside You In Time.
Визуелните ефекти беа ПЕРВЕРЗИИ! Можам само да замислам како им изгледале на луѓето поодалечени од сцената, за мене најубави беа на Closer и Disappointed. Звукот беше феноменален исто, новата сала имаше одлична акустика. Во прв ред немав потешкотија со звукот, не беше прегласен за после да ми ѕвони во уши, онака баш таман.
Ко што реков публиката и бендот стварно уживаа! На песни како Copy of A, Terrible Lie, March of the Pigs, Burn, Gave up, HLAH, Wish & THTF беше доста насилно и се држев цврсто дури рипавме, така што завршив со модрица над лакт од барикада, кај ребра иам една така доста убавка, и на колената исто бидејќи со нив се одгурнував од барикада за да не ме удараат во неа.

Преживеав зашто имаше одлична вентилација, плус Дру стално поминуваше и не прскаше со вода додека ги пееше и тој песните со нас (ептен кул лик), а имаше и медицинска екипа која нон стоп не снабдуваше со ладна вода. Да беше поинаку гарант ќе дехидрирав на средина на концертот. Бев единствена со маица од Робин, ептен ми ја пофалија и рекоа дека е уникатна, а телохранителот на Трент проба да ми ја сликне незабележано, ама го уловија овие околу мене. Така да ако не ја приметил Робин додека настапуваа (што се сомневам), сигурно ја видел до сега.
Кога ја почнаа Hurt јас се зачудив како толку бргу ми помина времето! Кога заминаа од сцена знам дека ѕверев во празната бина со насолзени очи... После настана хаос кога почнаа да ги фрлаат сетлистите, трзалиците, касетите на Але кон публиката, а видов кај се степаа за палиците на Илан. Имав среќа што помина Дру па ни тутна трзалици во раце. Така завршив со две трзалици. Уште да сретнев некој од момците, ќе побарав од администрација да ми сменат ник во Lucky

Сега кога мислам на сето тоа ми изгледа ко да го имам сонувано. Среќа имам слики и видеа кои ме потсеќаат на тоа. Јас сликнав едно 20тина слики се на се, саkав рацете да ми се слободни и да уживам во тоа што се дешава пред мене.
Пошто Трент не ми изгледаше дека ќе прави подолга пауза пред да објави пак светска турнеја, јас почнувам да штедам пари уште сега. Плус изјавил и дека ќе има наскоро нова музика на НИН, така да... спремајте си се дечки! Не прифаќам не од вас нареден пат!
