Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување


Не можам да си поверувам што читам. Значи од сите тие политички препукувања и нарачани статии ова е врв над врвовите. Само ми е криво што јадни роми ги користат за политички цели и исмејување. Мизерија.:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
http://kurir.mk/republika/skopje/14...ta-na-ekspertite-za-zgradata-vo-albanski-stil

Човече,Грујо ме одушевува жими мајка.
Ова е уметност,неможе секој да прави ваква пропаганда.
Ова е таква подла манипулација,толку камуфлирано на перфиден начин што незнам,Гебелс е играчка бе!
Ама буквално!
 
(ФОТО) Лорин го откачи Даниел, му се фрли во прегратки на Лукијан. Пулс24
Бонус: носела сатански / ѓаволски прстен.

До каде ќе стасаат со натписиве ме интересира? А коментарите што настапија по објавувањето на статијава се само огледало на колективната простоќа на маЌедонскиот народ. И гледајќи дека после секоја сензационалистичка вест која нема допирна точка со насловот ниту пак со реалноста, народот скока како напален мајмун и цврсто сум убедена дека секое срање во државава народот го заслужува, заслужува дури повеќе од тоа. Затоа што овца каква што е народов (а тука спаѓаат и уредниците на овие порталчиња и нивните новинарчиња) не заслужува ништо добро. И овој пример е еден од многуте што кружат дали по социјалните медиуми дали по порталите (кои реално кажано ги има премногу во мк интернет просторот), впечатокот е дека секој портал се натпреварува кој поголема глупост ќе напише и следствено на тоа овие луѓе душата би ја продале за еден мизерен клик, за посетеност.

Оддамна престанав да отворам портали, а никогаш немам ни посетувано на редовна база некој портал токму поради овакви сензационалистички "вести", дури и оние малку квалитетни статии што постојат (ако воопшто постојат и ако не е се преведено од странски портали) ќе се изгубат помеѓу редиците булшит.

Друг безвезален тренд кога станува збор за преведување на странски статии е - "Научниците докажаа дека..." , "Во најновото изтражување за...", "Толку и толку проценти", лупање еднолични фрази во секоја можна статија. Гарантирам дека авторот (преведувачот) на текстот не ја проверил веродостојноста на информациите, битно е да се напише нешто а за веродостојност боли ме курац нека читаат овците.

Понатаму, "10 знаци дека ве сака" , "8 знаци дека ве вара", "16 знаци дека цицките не ви се пропорционални со половиот орган" - да сигурно статија од мизерно порталче ќе ви ги открие тајните дали симпатијата / дечкото / девојката / whatever е вљубен во вас. Еве идеја, прашајте и не читајте глупи статии на интернет.

Last but not least, ги имаме питачите за лајкови. Овие се посебен случај, овие портали (ако може така да се наречат) ги читаат само соптственикот и неговото потесно семејство (ни тие не се вртат таму) и за да добие поголема посетеност на сцена настапува со убер сензационалистички наслови од типот на СКАНДАЛОЗНО КОН ШОКАНТНО. Единствена скандалозна кон шокантна работа е како овие луѓе успеале основно да завршат.
 
Некој е за започнување акција за информирање на луѓето за голем бојкот на нашите сајтови кои пишуваат глупости? Мора да се направи некоја негативна кампања организирано бидејќи кај нас спонтано освестување нема ништо.
 
Некој е за започнување акција за информирање на луѓето за голем бојкот на нашите сајтови кои пишуваат глупости? Мора да се направи некоја негативна кампања организирано бидејќи кај нас спонтано освестување нема ништо.


good idea , али што ко ќе напрајме кампања, што корист ќе имаме од тоа, кога сите сопственици на порталите се со врски, пишуваат што сакаат никој не им може ништо. Ќе нема ефект од тоа што ќе правиме некоја си акција.
 
Поентата е никој да не ги чита а тие да си пишуваат глупости. Знам дека не може финансински да се уништат на тој начин но барем да се игнорираат од што поголем народ.
 
Ти се „кења“ пошто се објавени на Кајгана, или има некоја вистинска причина?
Има вистинска причина, содржината и насловот на вестта.

Ако ти смета што постирам крш вести објавени на Кајгана, кажи, нема веќе да постирам.
 
Поентата е никој да не ги чита а тие да си пишуваат глупости. Знам дека не може финансински да се уништат на тој начин но барем да се игнорираат од што поголем народ.
Мислам дека ова може технички да се изведе и тоа без хакирање на сајтот и слично, на пример со некој plug-in за Firefox или Chrome :)
 
Има вистинска причина, содржината и насловот на вестта.

Ако ти смета што постирам крш вести објавени на Кајгана, кажи, нема веќе да постирам.

Не бе, таман работа. Само тоа „насловот и текстот“ некако не ги разјаснува многу работите.
Те молам биди поконкретен. Што е проблематично во насловот и текстот кај двете објави, што те тера на кењање?
 
Не бе, таман работа. Само тоа „насловот и текстот“ некако не ги разјаснува многу работите.
Те молам биди поконкретен. Што е проблематично во насловот и текстот кај двете објави, што те тера на кењање?
Содржината и насловот во првата вест е иста како онаа во твојот воведен пост за Станија и Кардашијан. Самообјаснувачко е зошто.

Насловот, а воедно и содржината во втората вест е повторно иста како онаа во твојот воведен пост за сензационалистичките „вести“ од типот: неверојатно, шокантно, фрапантно итн.

Ај гледам се лутиш, нема да постирам веќе „вести“ објавени од Кајгана.
 
До каде ќе стасаат со натписиве ме интересира?
Многу е тешко да докажеш нешто дека не е вредно, посебно што тие за тебе неважни работи, на куп луѓе им се начин на живот. Ова што сите го бараме овде е духовно просветлување, образование, култура - тешко тие работи преку ноќ.....инаку да, со верглање, може некое внимание да се сврти, еве јас цело време овде постирам некои такви работи што мислам дека се лоши примери, ама мислам дека по македонскиов интернет преовладуваат овие „трендови“..
 
Содржината и насловот во првата вест е иста како онаа во твојот воведен пост за Станија и Кардашијан. Самообјаснувачко е зошто.


Содржината и насловот од првата вест се дијаметрално различни од оние во воведниот пост за Станија и Кардашијан.
Станија и Кардашијан е „старлети“, или на нашки - курви кои не прават ништо и служат исклучиво за задоволување на љубопитноста на простата маса.
Ирина Шајка е супер-модел и партнерка на најдобриот фудбалер во светот за 2013 година. Штом Станија и Кардашијан ги рамниш со Ирина и Роналдо и за тебе вестите поврзани со нив претставуваат „шлајм“, тогаш претпоставувам дека тебе те интересираат само вести поврзани со скаларните честички и физиката на елементарните честички. Да беше толку префинет, претпоставувам дека ќе ги читаше исклучиво стручните магазини, а не интернет порталите. Објавата за Ирина Шајка и провокацијата од новинарите Г'зот на Коко и бременоста на Кардашијан. Барем не според мои критериуми.

Насловот, а воедно и содржината во втората вест е повторно иста како онаа во твојот воведен пост за сензационалистичките „вести“ од типот: неверојатно, штокантно, фрапантно итн.
Втората вест никаде не е објавена како „шокантна, фрапантна, неверојатна или скандалозна“. Иако ти сакаш да ја претставиш како таква.

Ај гледам се лутиш, нема да постирам веќе „вести“ објавени од Кајгана.

Подобро и да не постираш, кога од километар се гледа дека го правиш тоа тенденциозно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom