Требаше ли Грујо да се појави на Чуму?

  • Креатор на темата Креатор на темата jon
  • Време на започнување Време на започнување
Шо сака нека праи бе, премиер е.

Ко прво, го поканиле? Што ако не го поканиле, со мајагери низ врата да влезе? Сте се нафатиле вие да опраите криве дрине. Ако СДС смета дека Грујо е крив за Окта, бујрум докази. Чим нема докази, турците викаат сус черата.
 
Ем што сака нека праи пошо е премиер, ем да не влага со мајагери непоканет? :pos2:
 
Being sarcastic is not your bright side, is it?

Не беше толку мојот сарказам у прашање, колку твојата контрадикторност. :toe: Ако не сум у право, со задоволство ќе чујам зашто... Ако е премиер може што сака да прави, а па од друга страна не може да отиде на емисија (ако бил) непоканет?

Не се лути па ти. Сите сме избрзувале... :smir:
 
Премиер е, може да одлучи дали ќе биде присутен или не на некоја емисија. (затоа може да праи што сака. И ти, и ја, и секој друг може да одбере дали да присуствува во било каква емисија)


Доколку не бил поканет, зар со мајагери да влезе, па да докаже дека е невин? Што има да се докаже невин, кога официјално обвинување пред судски органи за него нема? Ај ти сеа направи прес конференција и кажи не ја силував Сања од Сфирипичино. Сања за која што никој не те обвинил. (get it?)
 
Нормално, може да одбие. Ама прашањето е: дали народов заслужил да го види во таа дебата.
btw, ни за другите нема обвинение па се појавија.
 
Аман, народот заслужил да го види во таа дебата? За кого како. Ја искрено нејќам да го видам по телевизија. Ти кажав ја убаво. Имаш доказ, бујрум, ќе се расправаме, ќе се судиме. Чим немаш доказ, не обвинувај (ова генерализирано, не се однесува на тебе). Никој нема директно обвинето ништо, и се додека се е само шпекулација, Груевски нема ама баш никака обврска према никого да биде виден ни на дебати, ни никаде.
 
Аман, народот заслужил да го види во таа дебата? За кого како. Ја искрено нејќам да го видам по телевизија. Ти кажав ја убаво. Имаш доказ, бујрум, ќе се расправаме, ќе се судиме. Чим немаш доказ, не обвинувај (ова генерализирано, не се однесува на тебе). Никој нема директно обвинето ништо, и се додека се е само шпекулација, Груевски нема ама баш никака обврска према никого да биде виден ни на дебати, ни никаде.

rymz:
1. Поканет беше 100%
2. Зошто се појави на Сител вчера - изгледа чита кајгана неговиот PR :)
3. Груевски е најчесто виден човек на ТВ, отвора чешми, извори, фонтани, места за нови фабрики, спортски игралишта и сл.. Сака да го има ама ептен пред камери.Ама во овој случај неговиот PR препорачал Ставревски - паметно си одржуваш рејтинг :) не се знае што ќе ти извадат 4-ца против тебе.
 
паметно си одржуваш рејтинг :) не се знае што ќе ти извадат 4-ца против тебе.

Доколку имаше воопшто што да се извади, ќе се извадеше уште поодамна. Тоа ми е целата поента. Не дека бранам едниот, или другиот. Напротив, ми е гајле кој како и каде. Туку преку курца ми е од муабети овој украл, оној потпишал. Дај бе доказ, вади го на маса. Без разлика дали Груевски били или не бил присутен. Вади докази. Сруши го на земја. Опни му тужба. Имунитет се одзима. Самиот Грујо му даде до знаење на народот дека имунитетот лесно се одзима. Е кога веќе не научи на тоа, лесно е и на него да му се одземе. Бујрум, кој има муда, докази на маса, тужба на папир, и фино лепо ќе му падне рејтингот на нула. АМА....докази не глеам, зборови на празно само. И сега згора на тоа, се фаќаат на сламка во стилот "ете го, не се појави на Чуму, значи навистина крие нешто". Ко децана...ај дој ми у маало да те тепам, ако не дојдеш, пичка си.


Пораснете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom