Традиционалната битка: св. Трифун vs. св. Валентајн

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Оваа година ќе славам:


  • Вкупно гласачи
    142
  • Гласањето е завршено на .

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Уште една од традиционалните теми. :icon_mrgr: И не, не е иста како таа во религија и да, секоја година се отвара, на тој начин можеме да видиме дали нешто се променува кај Кајганџиите во врска со овој празник.

Како што сите знаеме св. Трифун, заштитник на лозјата, на овој ден се кројат лозјата, се слави денот на виното и наспроти популарното мислење не е денот на пијаниците, ниту пак ден за начукување. Многу грешна перцепција се има створено кај луѓето во Македонија, особено кај младата популација.

Св. Валентајн од друга страна, католички празник, кој се повеќе и повеќе зазема замав во Македонија помеѓу младите, се слави денот на љубовта, па паровите си купуваат поклони, иако во голем дел од католичките земји, се испраќаат честитки и на луѓе кои им се драги, не мора да е тоа партнер. Во Македонија 30 септември, се смета за ден на љубовта. Св. Софија - Вера, Љубов, Надеж, но е многу запоставен.

Вие? Кој празник имате обичај да го славите и кој празник ќе го славите оваа година?
 
"Абе тој Валентајн двоцевка бил ,сто посто" -Изјава на еден пензионер пред 2-3 години на вести...
 
Свети Трифун си го славам...
многу ми е глупаво да се потресувам за еден ден да купувам свеќи, чоколадца ти реков ми рече.. или пак дечко ми да ме носи некаде на вечера.. ако има љубов.. секој ден е св. валентин.. и секој ден може да се праат романтични вечери со свеќи и ред други работи.
 
Ќе го славам св.Трифун со некоја чашка вино и како секој ден, така и овој ќе му покажам на љубениот колку ми значи :pipi:
 
Ја ништо не славам ама ако ме покани некој на винце -парти најверојатно би се приклучила на славењето :)

Што се однесува до св.Валентајн, јас не би се согласила со тоа дека се повеќе и повеќе зема замав. Мислам дека полека-полека луѓето почнуваат да разликуваат православен од католички празник и нештата се враќаат во нормала.Единствено ако некој сеуште го слави овој празник тоа се тинејџерите, но не и возрасните.
 
Ќе славам Св.Трифун,,,
Симболично со добро црвено винце.
Не ми треба еден специјален ден во годината за да му докажувам на некого колку го сакам,, тоа можам да го правам и докажувам преку своите постапки во текот на целата година.
 
se znae da ne se povtoruvam kako drugite ce si go slavam Sv Trifun :), vince rakivce meze
a lubov na devojkata spored mene se iskazuva sekoj den :))
najvazno e da ima hemija eden den vo godinata ne menuva mnogu
 
Уште една од традиционалните теми. :icon_mrgr: И не, не е иста како таа во религија и да, секоја година се отвара, на тој начин можеме да видиме дали нешто се променува кај Кајганџиите во врска со овој празник.

Како што сите знаеме св. Трифун, заштитник на лозјата, на овој ден се кројат лозјата, се слави денот на виното и наспроти популарното мислење не е денот на пијаниците, ниту пак ден за начукување. Многу грешна перцепција се има створено кај луѓето во Македонија, особено кај младата популација.

Св. Валентајн од друга страна, католички празник, кој се повеќе и повеќе зазема замав во Македонија помеѓу младите, се слави денот на љубовта, па паровите си купуваат поклони, иако во голем дел од католичките земји, се испраќаат честитки и на луѓе кои им се драги, не мора да е тоа партнер. Во Македонија 30 септември, се смета за ден на љубовта. Св. Софија - Вера, Љубов, Надеж, но е многу запоставен.

Вие? Кој празник имате обичај да го славите и кој празник ќе го славите оваа година?
Почнувам со Св.Трифун ако не се пивне малце ниедна не ми се гледа убава по неколку пијачки сите се поубави па после може да се сврти накај Валентајн.
Јас не ги сваќам женскиве зошто имаат потреба да се шминкаат(само се угрдуваат) кога повеќе им се исплаќа да не опијанат :drk: :vozbud::cuc:
 
Точно, но и секој ден можеш да пиеш вино и ред други работи :)
ахах па не секој ден.. али си пивкам по една чаша за здравје така пред спиење :D
сакам да кажам тој ден онака знам да потрошам некој денар повеќе за некое поквалитетно вино и да уживам со друштво :).. под тоа не мислам да се начукам ко будала..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom