Мистичен
Човек
Сакам да си купам некое камерче за да си овековечувам моменти, но не планирам да фрлам многу пари за камера. Барав, барав, и налетав на ова, по цена од 7.590 денари.
Moжеби вака изгледа како играчка, но камерчево снима во HD резолуција. Нема вградена меморија, туку користи SD картички. Интересно е што има и HDMI излез.
Се изначитав рецензии по нетов, има прилично спротиставени мислења, сите се сложуваат дека при добро светло снима одлично видео, но има лоши перформанси при слабо светло и снимање навечер. Но, која камера снима добро при лоши услови на осветлување нели? : )
Гледав и тест видеа по ЈуТуб, ми изгледаат одлично. Е сега, друго е кога гледаш на компјутер од ЈуТуб, а друго кога директ од камера ќе го пукнеш на ТВ, па тоа ми мати вода за да изградам мислење.
Ми се допаѓа и што е мало, тенко и елегантно и што може да се носи и во џепче од кошула, наместо да мкнеш камера со тебе во торбица.
И сега, за да не се заебам ако го купам нели, ме интересира дали некој има искуство со него. Единственото нешто што ме интересира е квалитетот на видеото кога се гледа на телевизор.
Добродојдени се искуства и препораки и за други мини камкордери кои снимаат во HD.