Топлификација ги охрабрува корисниците да кодошат

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.402
Поени од реакции
35.043
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Топлификација воведе бесплатен телефонски број за сите оние што ќе ги кодошат своите комшии што бесправно се вклучиле на топлификацискиот систем, се со цел да ја зголеми својата наплата. Нормално, "награда" за тоа нема никаква. Од Топлификација се надеваат дека Македонците и натаму се верни на својот омилен "спорт" - кодошењето.

Наместо да дели летоци со информации како да кодошиме, подобро би било да не извести зошто ја зголеми цената на топлинската енергија и со тој чекор остави повеќе семејства без топлина во својот дом.

Во врска со тие што не и плаќаат, Топлификација е должна сама да си ги лоцира, а не и нивните долгови да ги префрла на редовните плаќачи со зголемување на цената.

Резили... македонска работа.
 
Мислам ќе им биде успешна кампањава...уште поуспешна ако имаше некоја награда од типот бесплатна сметка. Тогаш и некој што си плаќа ќе го наклеветат!
 
Не можев да најдам друга тема за топлификација па еве тука да прашам...

Дали имате паро по дома...
Кај мене немат... ладно е да го ебам :nesum:
 
СМРТ КОДОША СЛОБОДА НАРОДИ:pop::pop:
 
Aj da ne otvaram nova tema, tuka da prasam: so cimerkite sakame da go otkazeme parnoto. Znae nekoj dali toa mozeme da go napravime koga sakame nie i kolkava e cenata sto treba da se plati?
 
ние во Велес немаме парно, ама за тоа се гради нов стадион и кој сака може да се загрева на него
 
ТОПЛИФИКАЦИЈА ГИ УЦЕНУВА ПОТРОШУВАЧИТЕ

И тој што плаќа парно ќе наeбe!

Топлификација сугерира редовните плаќачи на парно да се исклучат од системот на греење, со цел да не се направел трошок кој подоцна не би биле во можност да го подмират, бидејќи ќе плаќаат топлинска енергија и за комшијата кој го откажал парното

Скопска Топлификација деновиве предновогодишно ги изненади скопјани. Граѓаните кои се уште се под шок од последното покачување на цената на парното, но и од лошите услуги на топлинска енергија, се изненадени од известувањата што на нивна адреса пристигнуваат од компанијата "Снабдување Исток", која го снабдува источниот дел од градот во кој се вклучени и населбите Аеродром и Ново Лисиче.:pos:

повеќе http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8233A52253C50C469E5C0FA0DE70C218
 
Aj da ne otvaram nova tema, tuka da prasam: so cimerkite sakame da go otkazeme parnoto. Znae nekoj dali toa mozeme da go napravime koga sakame nie i kolkava e cenata sto treba da se plati?
Можеш да го откажеш, односно сопственикот на станот каде што сте сместени доколку и тој се согласи секако.
Се` што ти треба е да ги имаш сите сметки подмирено до тековниот месец и да одиш во претставништвото на топлификација, сега не знам каде сте вие и да побарате формулари за прекинување на договорот. Лична карта треба, имотен лист од станот и некои други ситници, како што се да ги дадеш во прилог сметките последни и што ти ја знам. Само знам луѓе што го откажуваат парното дооолго време и никако да го откажат.
Со среќа.
 
Мислам дека не може сега тоа, ќе треба после грејната сезона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom