Топ ФЛОП мени на МекДоналдс

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Откако на почетокот на јули МекДоналдс ги поскапе малите оброци (италијански, тост, хамбургер и чизбургер) за 10%, сигурно налетавте на фамозните билборди СПЕКТАКУЛАРНИ ЦЕНИ ВО МЕКДОНАЛДС на крајот на август, за на 01.09 да ги добиеме 33 денари за Топ 9 производи.

Иако ништо спектакуларно, онака проектот „Топ цени мени“ делува ОК, може да се најде за некогаш ако не сакаш фул оброк. И кога одиш на каса, изненадувачки речиси сите оброци се укинати, на иста цена е останат само чизбургерот, а италијански тост оброк е 75 ДЕНАРИ (во почетокот на јули го поскапеа на 66, претходно беше 60, а пред тоа 50, што значи во рок од 2 години е поскапен цели 50%!), а ако сакаш да земеш „ТОП“ производи да си направиш оброк ќе те чини 99 денари! Па дали се нормални?

Ова веќе навистина е смешно и претерано. Дури се прекршиле да направат 2 БикМека по цена од 1 на 6-ти септември за 15-ти роденден. Срамота. Вистински ФЛОП.
 
Купувам од МекДоналдс. само милкшејк
Порано имаше најсекси цена 69 ден сега е 70 и некој денар и не ми се пие веќе некако:icon_lol:

Јебига сами си прават антиреклама
 
обично земавме со другар ми по два италиjански ама последен пат кога отидовме видовме дека ги укинале оброците .. сега мора се да се зема поединечно
 
Четри оброка од МекДоналдс ми треба за да се најадам, тоес да се заситам, компирите се поховани со сол, коката е блага како шербет, за сендвичот ми се потребни едно 5-6 минути да го најдам каде е во хартијата оти е многу голем.. На 60 метра одалеченост од МекДоналдс, тука во Аеродром се наога ресторант СИФ, во истиот за истите пари кои се потребни за 4 оброка во МКД, се земат салати ракии, стекови, вешалици, кременадли вина, лути пиперчиња, лебче, помфрид итн......и јас навистина незнам која е логиката да јадам во МКД?? :icon_lol:
 
Заднји пат кога бев беше пред 2 год. да јадам - ( хамбургер) од тоа што ме натера една моја другарка влегов и кога ми го донесоја ми се крена косата ако она е хамбургер онда ја сум саксија :cautious: мало никакво со плескавица од соја тоа да ти се одмили да јадеш. И од тогаш бев уште еднаш пред 4 месеца и тоа од што ми се мочаше премногу немав каде :cautious: и влегов само да се измочам и толку. Незнам другите како можат да јадат но сепак како и да е секој си има свој вкус. Ама тие работи кои ги прават не вредат за тие пари. ама воопшто не вредат. :гомце:
 
Грешката со мц што не чини е у тоа што сите ко за стандарден сендвич таму го рачунаат хамбургерот кој во други држави е единствено храна за мали деца.Биг мекот е нешто што е како нормален оброк ко што е вуперот во Бургер кинг.Кој е поише гладен може да земе и 2,исто ко што јадам 2 хамбургери во малската сендвичара.Во никој случај не е исто ко хамбургерчињата во мц кој требаат 6 за да се најадеш.
Тоа што сме ние голтари во македонија и неаме пари за странски фаст фуд брендови не значи дека се скапи и не чинат,едноставно таму им се ефтини..само вакви сендвичари кој имаат задолжителна хигиена и стандар хамбургер(а не секој сендвич различен ко во малските сендвичари кај нас) постојат на западот..
Знаеш коа ќе прашаш зашто е лошо во мц(освен исклучоци на кој не им се свиѓа) сите викаат скапо и не најадува.Сеа коа бев на одмор британците јадеа оброци за 15 евра по кој не најадува и не е вкусно не моеш да каеш.Ќе си речеш само скапо е и ќе каснеш гиро:)
--- надополнето: 4 септември 2012 во 23:18 ---
А иначе зацепав офтопик,али вакви маркетиншки трикови се праат само у македонија и ништо чудно што очекуваат да им пројде кај голем процент од популацијата.
 
Немам јадено, несакам да јадам, и нема да јадам :) :)
Дојдете во скопје, ќе видиш дали нема јадете. И јас го мразам месото од глувци али што да праам кога цело друштво таму сака.
Во било која сендвичара за 50 денари ќе си се најадам, али на кој да кажеш, у мц ти е по ха-це
 
у која било сендвичара имаш поголеми шанси глувци да јадеш него у мц,или да закачиш некоја болест/вирус ко што се има десено до сеа..
 
Тајната е надвор, сега ексклузивно можете и вие да го направите сопствениот БикМек, за најверојатно 2 пати поевтино од ресторанот!
 
Дојдете во скопје, ќе видиш дали нема јадете. И јас го мразам месото од глувци али што да праам кога цело друштво таму сака.
Во било која сендвичара за 50 денари ќе си се најадам, али на кој да кажеш, у мц ти е по ха-це
Чудно. Јас пак сум од Скопје и цело средно со друштвото го поминав во јадење гевреци, буреци и симити. Ако неможеш да се рамниш со споменатото друштво, ондак барај си ново со кое ќе јадеш на раат за 50 денари, не ги дери твоите дома за чабе. И онака немаат.

На темава, не сум упознаен со новово мени (најверојатно како и поголемиот дел од заедницава, судејќи според бројот на мислења) од проста причина што до сега имам само 3 пати јадено таму. Уствари не се вбројува тоа како јадење во мојот речник. Премногу добар вкус, но премногу пари за нецели 30 секунди задоволство. Да зимав 5,000 евра плата можеби секој ден ќе бев внатре.
 
Тајната е надвор, сега ексклузивно можете и вие да го направите сопствениот БикМек, за најверојатно 2 пати поевтино од ресторанот!
има рецепт за плескавицата :)? малце поразличен вкус има од онаа дома..
 
има рецепт за плескавицата :)? малце поразличен вкус има од онаа дома..
значи, таа плескавица има еден куп адитиви и ароми на бифтек. земи си мевце свежо и напрај си, па кажи ми кое месо е "по-месо". :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom