Топ 3 Најдосадни Форумџии

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Возраст
122
Локација
Wolfpack Reproducing Area
Веб-сајт
dangerousminds.net
Чуствувам дека оваа е тема за преку 50 страници, ако не ја затворат предвреме за меѓусебни навреди.

Кој се вашите топ 3 најдосадни и најнапорни форумџии за читање. Ова не се однесува со кого не се согласувате со ставови или пак имате некој препукнување, туку онака форумџија кога му ги прескокнуваш постовите кога ќе му го видиш аватарот. Пример мене лично со МИКИ1, Шутрак и Цитро не делам скоро никакви заеднички ставови, ама ми се симпатични за читање, додека со некој форумџии имам сличен став ама досадни се како јеховини сведоци.

Мој топ 3.

Лурц - Човекот мислам дека си е супер, одмерен, ама брате и моторна пила би се самоубила покрај него ако е сличен оток и во живо. Став скоро да нема никаков, извадоци од енциклопедија и авторитетитни сајтови на англсики во главно, со болд и црвен фонт на некој точки, и кога ќе се обидеш да дискутираш ти вика не сум јас читај дека тоа е од енциклопедија. Во последно време немам живци да го читам, иако мислам дека е прекрасна личност во живо.

Кајзер - Еднаш Ставрогин го заебаваше дека не се плаши дека ќе предизвика прозевање на аудиториумот додека го читаат, како да читам содржина на руски кувар од педесетите години на минатиот век, предвреме знам што ќе напиши и кој му е ставот, не знам само како успева да ги обландира сите оние постови да бидат толку обемни, а ништо суштинско да нема во нив. Исто мислам дека е супер дечко во живо.

Чорбаџијата - Знам дека си тера некоја своја агенда, лично мислам дека е интелегентен тип кој знае да напише содржаен пост, арно ама голем дел од неговите постови се извадоци од библијата и кога ќе нема некој одговор или пак не му одговара прашањето поставено до него, едноставно игнорира или пак одново почнува со цитати од библијата, па ми наликува на Јеховин сведок. Неам некое арно мислење за типов.

Резерва е Гладиус кој гледам дека во последно време не е активен, па затоа оправдано е изоставен од листава.
 
Една препорака. Кога ке го пишете името на членот вметнете и линк до неговиот профил, за подобро да распознаеме за кого се работи.
Јас нема топ 3. Најдосадни ми се копиљаците кои отвараат нон-стоп теми за е-симс:mad:
 
Најдосаден е типов што ја отворил темава пошто за да отвориш ваква тема треба форумов да ти има којзнае какво значење (како ќе приметуваш кој те нервира ако не читаш теми ко луд).

Затоа мислам дека типов што ја отворил темава should get a life for a start ^_^
 
Топ е темава.
Да размислам од кои форумџии добивам запек коа ќе ги приметам како тупат и ќе постирам :D
Фалеше нешо вакво на кајгана...
 
Една препорака. Кога ке го пишете името на членот вметнете и линк до неговиот профил, за подобро да распознаеме за кого се работи.
Јас нема топ 3. Најдосадни ми се копиљаците кои отвараат нон-стоп теми за е-симс:mad:

Темата не ја поставив да ги евалуираш моите топ 3, не би било фер тие да се главна содржина. Постави ги твоите и објасни во кратки црти зошто ти се тебе најдосадни. Ако има некое поклапање со некој друг форумџија објаснете се.
 
1. Purple Puma
2. Purple Puma
3. Purple Puma

Аууу, еден ден кога ќе имам цел ден слободен, ќе направам една тема за Purple Puma.
Темата ќе биде со наслов "Животот на ПрплПума" и ќе биде со цитирани мислења од сите теми кајшто таа има постирано.
Мислам стварно типкава има 20тина години и буквално СЕ и се има случено. Дури и Phoebe (Friends) може да и подзавиди со случките.
 
Досадни форумџии?
Што подразбира авторот на темата под тоа досадни?
да му пишуваат на ѕидот од неговиот Кајгана профил?
да му пишуваат приватни пораки?
да го цитираат ?
***
даваат мислења кои тој ги смета за досадни?
Dude...ова е форум...секој има право на мислење иако тоа може да биде различно (и погрешно)
 
Dude...ова е форум...секој има право на мислење иако тоа може да биде различно (и погрешно)
И аналогно на тоа, ја иам право да кажам кој ми е тупаџија. Нели?
 
Најдосаден е типов што ја отворил темава пошто за да отвориш ваква тема треба форумов да ти има којзнае какво значење (како ќе приметуваш кој те нервира ако не читаш теми ко луд).

Затоа мислам дека типов што ја отворил темава should get a life for a start ^_^

Досадно ти е? Нема со кој да се скараш по дома?:D Аман сите психоаналитичари се собравте
 
Немам топ 3, имам топ 1: ForestGamp ми многу брка во очи. Имам чувство дека некој да прдне тој веднаш ќе му отвори тема.
П.С. Ништо лично
 
Нема смисла да се етикетираат али најдосадни се од типот знам се и ќе ви го тупам на сите зошто сум најпаметен! :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom