Топ 10 најлуди YU реклами

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Можеме да кажеме шо сакаме, али најверојатно не е било се така црно или црвено у Југославијатататата. Имало од бели чорапи, проѕирни бикини, жолти крпи, шарени бонбони, па се до наивност, бизарност, комедија и секако вистински социјалистички сексипил.

Колинска компири
Рекламата ко почиња се думаш дали е увод у треш хорор или селски порнич, се гледаат двајца типови како носат гајби и пеат ода на радоста за компирите на Колинска. Врв на рекламата е последниот кадар у кој главниот актер со зомби смех не испраќа до блиската кооперација прибидејќи ние веќе сме убедени дека компирите од Колинска се “ болесно ” добри.


Пипи
Се шо некогаш као детишта требало да го научиме за југсловенскиот сексипил а сме пропуштиле, можеме да надокнадиме у овие 30 секунди за газираните сокови Пипи. Мисот на Југославија Ана Сасо, мокри бикини, 4 комада на мотор и секако укусот на Пипи у устињата.


Типи топи
Пред нас да не трујат со америчките срања од реклами за магични крпи кои се толку моќни шо ги бришат и дамките од совеста, Југославијата си ги имала овие неодоливи крпи. Битен кадар е почетокот на рекламата када плавушата денса со крпите – идила која и денес дава воља за работа кога се ринта по куќа.


Чорапи Ударник
“ Вистински чевли можеби нема да најдете али чорапи да ”– хипнотизира гласот додека го гледаме перспективниот Роберт Просинечки како прво влага у автобус, а потоа дегустира кафица крај шанкот – саде у бела чорапа.Чорапите Ударник биле најсериозната претња за чевлите која некогаш се појавила уопште.


Вожд
Југославија го имала и мирисот над мирисите. Се викал Вожд. Но освен шо ги газел сите машки парфеми надвор од Лесковац, Вожд најверојатно и светел у мракот.


Раденска
Због зашто се распаднала Југославија? Сега со сигурност се знае због затоа шо екипата не пиела доволна Раденска. Од Вардар па до Триглав била е знак за минерален космополитизам, кој у меѓувреме пресушил и останале само неколклу меурчиња како синоним на профучечка фикција.


Грудњак
Надеж у совладување на гравитацијата на младите и не толку млади жени им дал земунскиот градник со кој одсекат цицлестети Југословенки можеле да ги држат виталните грудести израстоци под контрола.


101
Бах у позадина, у кадар 101 со песничка душа заробена у 4 тактното метално срце и без шофер.Пуштете солза ај...


Слатка тајна
Глумецот Младен Црнобрња оставил длабок траг у општата култура као лик од рекламите на Краш повеќе отколку како уметник од даските живот шо значат. Слатка тајна јбг...


Пеперминт
Пеперминт социјален благодет кој се користи до ден денеска...


Мислам со некои од овие ствари пораснавме и ние јбг.​
" Која рекламна машинерија е било то само? " Македонија сакала неќела е била дел од овој циркус, али нашиве производи со вакви "високо буџетни" реклами во тоа време - тешко. Или па мејби се сеќавате на некоја луда реклама за македонски производ ( секако у тоа т.н ЈНА време).​
 
Eee, ме потсети на детството...
Повеќето од овие реклами ги памтам убаво...
Онаа со градникот е некаде пред самиот распад на СФРЈ, исто и онаа со Просинечки, во времето кога Црвена Ѕвезда газеше се пред себе дома, и беше на пат да стане европски, а богами и светски шампион.
Оние со Краш бомбоните се од некаде 1984/5... Вождот е од крај на 80-ти... Исто и Раденска... за неа имаше и една нешто топилница, типчето демек жеден и ударнички дига 1,5 Л пластично шише хехее...
Крпите се од средината на 80-тите...
Можете да видите Опел Кадет од пред 2 св. војна и Алфа Ромео Спајдер од рани 70-ти. Словенечка реклама е...
За 101-от е од пред мое време а не се сеќавам ни на онаа за пирето...

Едно време имаше и некаква реклама за Струмка која одеше пред ЛОТО :)
 
2 дена се мислев како се викаше овој крем.. цел гугл го пребарав, барав и по дома дали чуваме случајно теглички од кремот.... Ми стана глупава опсесија, Вики крем :)
 
Реклама од 92-93-94. Не знам за што беше, ама нешто ми останало во сеќавање пудинг, крем или нешто такво.
Играат нешто, денсаат, едно машко и не знам неколку девојки, во студио, на шарена позадина, како онаа на телевизиите кога нема програма.
Мислам дека е македонска реклама.
Можеби не беше реклама, можеби беше некој џингл или најава.
Некој дали се сеќава?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom