Toni - Nottingham Forest

  • Креатор на темата Креатор на темата Tоni
  • Време на започнување Време на започнување

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.652
Поени од реакции
10.265
Имам поминато неколку сезони и имам пишувано во општата тема за ФМ12. Затоа сега до каде сум стигнат само ќе ги копирам, а за понатаму ќе пишувам пак.​
Nottingham Forest
forest.jpg
1.Сезона 2011/2012
Време е овој клуб да се врати таму каде што припаѓа....на врвот на фудбалскиот свет!​
Потпишав за клубот. Ветив дека ќе бидам во горниот дел на табелата во втората англиска лига. Со буџет од 2 милиони евра немав многу избор. Ги направив следниве трансфери:​
transfers20112012.png
Сезоната беше доста интересна. Ни јас не очекував но се најдов во позиција да се борам за првото место. Борбата беше со Вест Хем.​
И во куповите добро ми одеше. Во Карлинг Купот стигнав до полуфинале, каде изгубив од Челзи.​
А во ФА купот имав повеќе среќа, не наидов на англиските титани па го освоив купот.​
nottinghamforestfacupwi.png
На крајот на сезоната завршив и прв на табелата. Ја освоив втората лига а воедно си осигурав место во Лига Европа.​
npowerchampionshipnottm.png

2.Сезона 2012/2013
Откако влегов во Премиер Лигата тоа значеше и повеќе пари, така да управата ми даде буџет од 20 милиони евра, а моја работа беше да избегнам испаѓање!​
Сепак тие 20 милиони ги искористив до максимум, тотален ремонт на тимот а повеќето трансфери ги плаќам на рати. Ете ги трансферите за 2012 / 2013.​
transfers20122013.png
Како освојувач на ФА купот требаше да играм Комјунити Шилд со шампионот т.е Манчестер Јунајтед.​
Ги добив со 2-0 бидејќи ми играа со комбиниран состав.​
communityshieldwinners.png
Првиот дел од сезоната очекувано беше лош бидејќи имав многу нови играчи во тимот и требаше време да се вклопат, но затоа вториот дел ми беше многу добар.​
Во текот на сезоната успеав да победам неколку фаворити. Сити ги добив дома, а на гости играв нерешено. Арсенал ги добив дома, Тотенхем ги победив на гости единствено од Ман Јунајтед ги изгубив и двата натпревари.​
Вреди да се спомне дека имам многу добар напад. После Сити и Јунајтед имам најмногу постигнати голови ама за жал одбраната ми беше лоша до полусезона кога го зедов Shawcross!​
На крајот на сезоната завршив 7-ми, што беше над сите очекувања.​
barclayspremierleague7t.png
Значи претходно како победник на ФА купот требаше да играм во Лига Европа. Откако влегов во групната фаза терав многу далеку, неочекувано ама дома немаше кој да ме победи.​
Стигнав до финалето! За да стигнам до таму ги елиминирав Леверкузен, Наполи, Милан. А во финалето играв со Манчестер Јунајтед! И ете го исходот:​
leagueeuropawin.png
Успеав да им направам пресврт! Добро и среќата беше на моја страна нормално ама може да се каже дека Нотингем Форест полека се враќа на врвот !​
3.Сезона 2013/2014
Откако имав прекрасна сезона апетитот растеше така да се решив на нови трансфери, а бидејќи по успесите имаше повеќе пари па купив и некои поскапи за стандартот на Нотингем.​
Во летниот преоден рок зедов евтини играчи, но во јануари зедов двајца добри крилни играчи, Адам Џонсон и Џердан Шаќири.​
transfers20132014.png
Во Премиер Лигата откако завршив 7-ми, и во новата сезона го очекував истото. Сезоната почна добро, но имав пад па имав неколку негативни резултати за да на крајот на првенството да фатам еден долг победнички ритам од 10 победи.​
На крајот на сезоната имав прогрес од едно место, сега завршив 6-ти. Ова за мене беше голем успех бидејќи се протнав во водечката 6-ка пред Челзи.​
barclayspremierleague6t.png
Во куповите испаднав рано.​
Во Европа Лигата почнав добро, иако на гости губев но на реваншите дома играв како Барса :D.​
Пак стигнав до финале, втора година по ред, за разлика од лани каде што во финалето играв против Манчестер Јунајтед, овојпат во финалето противник ми беше Баер Леверкузен.​
Мечот почна добро, ја имав иницијативата па на крајот на првото полувреме поведов со 1-0. И во второ јас ја имав иницијативата но по неколку промашени чисти шанси ми дојде казната и во 81 минута ми израмнија. Па додека се подготвував за продолженија одма во 83 минута го дадов победничкиот гол.​
elfinal2014vsleverkusen.png
Во меѓувреме откако Тошак се пензионираше, иако немав план да влезам во репрезентативните води сепак аплицирав за селектор на Македонија и ме примија.​
Сега играм квалификации за Европско, во група сум со Холандија, Норвешка, Унгарија, Грузија и Лихтенштајн. Дома ги победив Норвешка со 3-2, а на гости против Холандија извадив нерешено 2-2.​
Ако оди како што започна би требало 2 место да освојам во групата.​
Иначе пред почетокот на новата сезона 3 англиски тимови меѓу кои Манчестер Јунајтед, Челзи и Њукасл, и еден италијански, Џенова ми испратија понуди за да ги водам, но мојот план е да не си заминам од Нотингем пред да освојам ПЛ и ЛШ.​
1stoffer.png
2ndoffergenoa.png
3rdofferchelsea.png
4thoffermanutd.png




4.Сезона 2014/2015
Откако претходната сезона завршив 6-ти и се пласирав во ЛЕ, тимот немаше потреба од многу засилувања, го зедов само Тевез како слободен агент. Па после во зимскиот преоден рок го зедов и Connor Wickham за само 6.25 мил евра.​
transfers20142015.png
Сезоната не ја започнав баш најдобро, но во пролетниот дел фатив добра серија и завршив на 4-то место. Но учеството во ЛШ не ми беше сигурно бидејќи во финалето на ЛШ играа Тотенхем и Арсенал. Среќа што Тотенхем ја освоија ЛШ па јас се пласирав во ЛШ.​
season20142015barclaysp.png
Во Лига Европа ми одеше добро иако во групната фаза имав малце маки, но после по втор пат го освоив овој трофеј.​
Во финалето не ми текнува против кого играв, не сум направил скриншот изгледа! :eek:
Исто така го освоив и Карлинг Купот:​
carlingcupwinnervsmanut.png
Со репрезентацијата на Македонија успеав да се пласирам на Европското првенство. Завршив зад Холандија со само 2 бода помалку.​
macedoniaqualifedforeur.png




Останува уште петата сезона (2015/2016) да ја ставам овде, но подоцна откако ќе пишува некој друг на темата :)
 
5.Сезона 2015/2016
Пред почетокот на новата сезона се решив за храбар потег продавајќи го играчот кој веќе го доби статусот на легенда во клубот, Кристиан Бенитез, но морав да се решам на ваков потек бидејќи веќе ги имав Tevez, Sanogo, Ishmael Miller, Connor Wickham и уште еден млад, талентиран играч Kai Muller.
Претходната сезона главен кривец зошто не можев да се пласирам погоре на табелата беше одбраната, бидејќи примив многу голови се решив да ја засилам одбраната со оглед на тоа дека требаше да играм и во ЛШ. Па затоа го купив Бојата за во одбрана, а го засилив и средниот ред со Оби Микел.​
transfers20152016.png
Првиот дел на сезоната почна добро и се држев меѓу првите 3, за да во вториот дел од сезоната да направам серија од 30 натпревари без пораз што значеше и титула во Премиер Лигата. Титулата ја осигурав на 2 кола пред крајот.​
barclayspremierleaguewi.png
Во Лигата на Шампионите сосема неочекувано во групната фаза остварив 6 победи.​
Во првата фаза од нок-аут рундата ме посака среќата и се судрив со Малага. Уште во првиот натпревар го решив победникот.
Во 1/4 финалето ми падна најтешкиот можен противник, Барселона. Дома чудно ги добив 4:1. Но пеколот го видов на Камп Ноу. Губев 2:0, успеав да намалам на 2:1. Па направија 3:1. Се играа последните минути, а имаше опсада над мојот гол, и во последната секунда Пике погоди за 4:1, тоа значеше продолженија. Штотуку почнаа продолженијата со одличен шут Андиле Јали погоди за 4:2, па после ми направија 5:2 и така издржав до крајот. Со повеќе голови на гости се пласирав во полуфиналето.
Таму играв со Ливерпул, првата заврши 0:0, а на реваншот дома ги победив 2:0.

Во финалето против Порто:​
uefachampionsleaguewinn.png
Со репрезентацијата на Македонија играв на Европското Првенство.​
Повиканите горе-доле овие ми беа:

GK: Богатинов, Нурединовски и Гачевски

DF: Мојсов, Шиков, Грнчаров, И.Митрески, Попов, Абдула и Георгиевски (или како и да се викаше).

MF: Демири, Положани, Алими, Бабунски, Ристовски, Деспотовски и Муарем

FW: Пандев, Хасани, Трајковски, Тричковски, Георгиев, А.Ибраими.


Паднав во групната фаза. Во тешка група бев, со Холандија, Русија и Босна.
Првиот натпревар против Русија водев во првото полувреме 1:0 но во последните 15 минути ми направија пресврт, а башка и Пандев на крајот на првото полувреме ми се повреди.
Вториот натпревар против Холандија без Пандев. Од нив изгубив 3:1.
Со првопласираната и веќе квалификувана Босна победив 4:1, но џабе веќе отпаднав.

Веднаш после ЕП си дадов оставка, ќе гледам некоја посилна репрезентација за СП.​
 
А како намести да си селектор на Македонија ? Упати ме малку не сум ја играл играва,само ФИФА имам играно до сега :D
 
А како намести да си селектор на Македонија ? Упати ме малку не сум ја играл играва,само ФИФА имам играно до сега :D

Па кога го отпуштаат моменталниот селектор, ќе кликнеш на името Македонија или на search ќе го пишуваш името. Па горе десно има за аплицирање.
Mожно е да те примат, но можно е и да те одбијат.
 
А како намести да си селектор на Македонија ? Упати ме малку не сум ја играл играва,само ФИФА имам играно до сега :D
Неможеш на ништо да наместиш да биднеш тренер/селектор, туку треба да аплицираш за таа работа и ако те примат ке бидеш :).
А за тебе Тони секоја чест само гледам во 3 и 4 сезона си ставил исти слики за финале на Лига Европа. Инаку секоја чест, тимот каде што беше некогаш пак е таму (y)
 
Неможеш на ништо да наместиш да биднеш тренер/селектор, туку треба да аплицираш за таа работа и ако те примат ке бидеш :).
А за тебе Тони секоја чест само гледам во 3 и 4 сезона си ставил исти слики за финале на Лига Европа. Инаку секоја чест, тимот каде што беше некогаш пак е таму (y)

Хах само што забележав. Изгледа немам скриншот од вториот пат. Иначе фала ти :)
 
Има да платиш, што си го победил Баер во финалето:свиркам:
 
Може пријателска:icon_mrgr:
 
А како намести да си селектор на Македонија ? Упати ме малку не сум ја играл играва,само ФИФА имам играно до сега :D
Исто треба да имаш и лоадирано датабаза со доволен број на македонски играчи за да ја имаш опцијата за аплицирање. Ја на пример ко што имам ги само првите 3 англиски лиги, не можам да аплицирам пошто Пандев ми е единствениот македонски играч во играта.

Инаку Тони одлична работа :)
 
Абе сакам и ја да бидам селектор на МКД ама нејке овој тошак кретенов да си иде , чаре?
 
Абе сакам и ја да бидам селектор на МКД ама нејке овој тошак кретенов да си иде , чаре?
Ако си у игра, напраи Add New Manager, стај го да биде менаџер на Македонија, следниот ден пензионирај го, и ете ти слободно селекторско место на кое можеш да аплицираш со твојот менаџер, па надевај се дека ќе те земат тебе :) Малце читерско е али јбг, само така може по брза постапка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom