Токсични друштва

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
Членувањето во овие друштва, честопати е искуство на голем број луѓе. Најчесто негативно.
Се нарекуваат токсични бидејќи социјалната комуникација во рамките на истите, не доведува до задоволство, среќа и меѓусебна почит, туку до непријатни искуства, некогаш и трауматични за некои луѓе коишто се поосетливи на вербални напади, а искуствата се „токсични“ за нивното ментално/физичко здравје. Во овие друштва не значи дека не постои емпатија помеѓу членовите, понекогаш постои емпатија која е на ниво на групна нарцисоидност, но таа емпатија не е кон секој член на друштвото. Најчесто постојат дежурни „антагонисти“ кои ја засилуваат емпатијата на останатите „протагонисти“ во друштвото така што се антагонизирани од „протагонистите“.
Некои од динамиците се исти во сите друштва, а други варираат. Ова не се некои правила и не секое токсично друштво може да се срочи во некоја кутија.

Постојат друштва кои се одликуваат со групна нарцисоидност и во истите, се осудуваат „нови членови“ коишто се „заедничкиот непријател“ на колективот. Новите членови најчесто не се во склад со критериумите на друштвото, поради што се дегардирани. Причините варираат и се поврзани со физичкиот изглед, социјалните способности и/или статус, карактерните особини, верувањата и ставовите, како и различни други карактеристики на новиот член. Доколку пак членовите се компатибилни со вредностите поставени како закони во друштвата, луѓето од друштвото ги почитуваат и пробуваат да ги добијат како пријатели, притоа саботирајќи се меѓусебно и јадејќи гомна еден за друг пред новиот лик. Бидејќи тие што го сочинуваат друштвото, зависат од задоволството при малтретирањето на некоја жртва, доколку нема „нови членови“ за малтретирање, најслабата карика на друштвото често е новата мета.

Друга вид на вакво друштво е класичната композиција од повеќе инфериорни членови и еден „алфа“. Алфата е секогаш тој којшто ги понижува новите членови ако се разликуваат од другите членови кои се бледи копии на алфата. Ако нема нови, тоа го прави со постоечките членови во друштвото притоа потпирајќи се на своите неколку пријатели коишто му се лојални. Алфата е свесен дека без тие неколку пријатели, тој може да биде отфрлен од друштвото и поради тоа е лојален и фин со истите. Своите стравови и комплекси како и своите нарцисоидни пориви ги проектира на сите во друштвото притоа користејќи различни кодови на комуникација кои се карактеристични за него, а другите инфериорни членови на друштвото, ги прифаќаат како свои имитирајќи го алфата. Во овој тип на друштва, супериорноста е концентрирана во еден член, додека пак другите се кондиционирани да го почитуваат од различни причини, многу често ирационални. Доколку не го почитуваат, наидуваат на различни форми на казна која се изведува вербално, физички или на друг начин.
Овој тип на друштва се типичниот архетип за култ во помала верзија.

Дали некогаш сте наишле на ваков тип на друштва или сте биле дел од истите?
Какви се вашите искуства поврзани со токсични друштва?
 
Одлична тема (y)
Преголем фокус им се дава на љубовни проблеми, драма и општо секој мал детал поврзан со истите не е изоставен од темелни анализи. Често се занемарува друштвото како витален дел од социјалната динамика и извор на среќа и задоволство. Воопшто не се вложува труд во пријателствата, едноставно не мрзи да поработиме на таквите врски. Темава креира добар терен за дискусија, за тоа како друштвото може да ни влијае на поголемо ниво од колку што мислиме.

Нешто што не си зел во предвид е бројот на членови во друштвото. Поголем број често доведува до компликации и непријатности, затоа што се создаваат услови за подгрупации или како што кажа „антагонисти“ и „протагонисти“. Доаѓа до судир на ставови и различни интереси, поинакви верувања и недоволна позитивна интеракција. Евентуално некој го крка реметот од комплексите на „супериорните“ членови. А сите знаеме колку е ѓаволски тешко да се откаже членство во вакви друштва и да се прекини секаков контакт.

Сепак зависи, се што е токсично исто така оди и во различни форми. Конкретно друштва-култови каде што шефува алфа мислам дека се реткост, барем јас не сум наишла на таков состав. Сум била во друштво каде што владее индиферентност, што нормално си има позитивни страни, ама сепак не извлекувам некое големо задоволство или исполнетост. Се се темели на „чамче-муабет“, забава и добро познати идиотизми. Со сигурност сме во дефицит на добар разговор и чат-пат по малку сериозност.

Интересно линкче кое што не бега многу од темата
 
Убав термин, токсични. И јас ги нарекувам така, негативни или токсични. Но не друштва, обично тоа се поединци.
 
Интересна тема, има многу за дискусија овде и различни искуства. Ја еве ќе тргнам од себе.
Пораснав во токсично друштво. Во смисла токсично како непочитување меѓусебе, осудување меѓу себе, оговарање меѓу себе, секое излегување или собирање правење кој е најпаметен и слично. Најдобри бевме кога се собиравме сите заедно и се правевме летва пијани, тогаш највеќе се поднесувавме. Се дружевме петмина стандард со по некој што се убацуваше со нас за искачање, собиранки и друго. Дури и петмина си пречевме несвесно еден на друг, ќе се собереме двајца или тројца и ќе збориме за другите двајца од друштвото, значи до тој степен квази другарство и друштво, сметам дека од ова потоксично неможе да биде. Ако кажам дека немало влијание на мене, ќе излажам. Имаше итекако влијание, претежно ради тоа што со нив се дружев од шесто оделение до трета средно без престан секој ден и сакал или нејќел кога раснеш во тие години со такво друштво дури и несвесно ти се адаптираш по цена да имаш стандард друштво за дружење и и искачање и прифаќаш таков начин на однесување. И ова е итекако токсично и може да има огромни последици ако не се освестиш на време затоа што ќе ти заебе и многу други врски, пријателства и такви работи, не е само друштвото токсично, туку и ти како поединец стануваш таков и шириш таква енергија и однесување и кон други(дури и несвесно, пак ќе речам).
Имавме и алфа у друштвото. Беше постар од нас и сите знаеше да не врти како му одговара. Најтрагичното е што имаше толкаво влијание над нас што сите ние знаевме што се дешава ама ништо не правевме, му допуштавме да биде најдоминантен, најпаметен и да врши влијание над нас. А тој уживаше во тоа, свесен и некако сите се навикнавме. Но со тек на време, почна да не врти еден против друг, дури и во таа бројка од петмина се поделивме некако еден против друг и почнавме буквално да се караме за некои работи и слично. И ова е многу лошо друштво за да бидеш на тие години затоа што те учи на погрешни принципи и кодекси на одесување општо. Ја од овие поделби останав некако на средина и почнав несвесно да се изолирам и од едните и од другите. И ова траеше еден период додека не запознав едно девојче што ми дојде како кец на десетка тој период. Не само што со неа успеав физички да се оттргнам од тоа друштво како добар изговор што не искачам со нив(мислам добар, папучарски изговор е, ама таква беше ситуацијата што едноставно колку и да ги мразев и да сакам да излезам од друштвото, помислата да останам сам ми беше пострашна од било што, па трпев) туку таа успеа да ми ги извади сите тие лоши навики и однесување на површина и да потикне толкава промена кај мене што цел живот ќе ја памтам и сакам за тоа. На време се освестив, на време почнав да се дистанцирам, и полека почнав да се менувам. После тоа кратко, решив да се произнесам искрено и отворено што и како, а притоа бевме на роденден кај еден другар и овие направија глупости што завршија со алфи и полицајци у стан наместо музика и шала и тоа беше капак на се и уште следното сабајле им објаснив што како и завршивме на тоа, оттогаш навака ниту дружење, никаков контакт и слично, а поминаа 6 години, фала му на бога.
Сакам да кажам дека членувањето во такво друштво само по себе има свои последици повеќе отколку што мислиме, и сакаме да признаеме но тоа не е најстрашно. Најстрашно е кога ќе треба да се соочиш со стравот од тоа дека ќе треба да се изолираш од такви друштва и некој период да останеш сам за да си разбистриш глава. И особено е страшно кога ќе сфатиш дека ти како човек воопшто не си бил сјаен и добар како што си замислувал, туку обично гомно што се однесувало како нив и упаднало у сивилото на тој свет, е тој страв е најзаебан и сметам дека многу луѓе остануваат во оваа статус кво ситуација и во такви друштва ради стравот да се соочат со себе и своите стравови.
 
Слободно можам да кажам и ја слично како Жешкиот Ице имам ``членувано`` во едно токсично друштво.
На почетокот багра од 2-13 души поделени во 3-4 кланови од кои пијаници, наркомани, лопови и сличен џган.
Полека полека, почнаа да се двојат, да бегаат и на крај останавме ние 5-6 хард кор секташи, другари од корист, секој за секого јадеше гомна а секој со секого се дружеше. Се собиравме само да се испоначукаме а после тоа и да се испонадуваме и на крајот на вечерта некој отишол да краде радија од коли, некој да спие у ендек, а некој да се доначука и донадува со друга токсична багра. Без да те заболи кур дали другар ти паднал вечерта, дали некој го однеле на токсикологија. Ништо од тоа, битно ти си поминал топ и те боли кур. Утредента иста песна. Ако не собереме пари за вино и трава ништо од вечерта, по кратка постапка се распрскуваме накај дома а уствари секој гледа да ја спаси вечерта и да искомбинира нешто со некои други пропалитети, пошто не е интересно ако си отидеш дома у 9 саат сув како барут, ни пецнат ни ништо.
Ова е период од средношколските денови, обично тоа е тој период на таквите друштва, некои 5-6 години членував у таква секта додека некој локален душебрижник не им се јавил на моите и да ме истаста дека пушам марихуана.
Тука и прекина моето членство во таа токсична багра, добив перманентен бан за друштво и контакт со тие персони. На почетокот водев инат, се лутев, се карав со моите, неколку пати забегував и пак искачав скришно со нив да се надувам ама среќа кратко траеше тоа. Поминаа некои 3 години од тогаш, ретко ги сретнувам другарите, си останаа истите, сеа се 3-4ца кои се дружат меѓу себе а истовремено се дружат и со уште 2-3 истоимени багри, истиот филм си тера и даље, само сега малце повеќе забегани у дрогите.
Можда испаднаа у право моите што ме банираа од друштвото, иако нејќев тоа да си го признаам, на крај сфатив дека тоа и не било друштво и боље што на време се тргнав...
 
Браво за текнувањето и за објаснувањето, ова е многу добра тема за муабет.
Сум членувал во многу друштва и во принцип повеќето нажалост биле такви.
Они самите како колектив можеби не ни го приметуваат тоа али некој што повеќе се разбира во животот ќе ја воочи токсиката кај нив.
За мене тие друштва се фактички склоп на паразити кој што индивидуално не можат да се склопат со добри луѓе кој што поштуваат некои морални вредности па затоа по законот на привлечност си се пронаоѓаат и интересно им е да го возат паразитискиот живот.
Карактеристиките на таквите луѓе е што меѓусебно цело време се кењаат, си јадат гомна за нивните комплекси, најчесто поголемиот дел од тие паразити се заглавени во минатото и немаат прогрес во нивниот живот додека мал дел од тоа паразитско множество претрпело еволуција и имаат прогрес во животот и можат да се приклучат на некои други штетници од тој тип без да се примети значително нивната индивидуална токсичност.
Во принцип во тој склоп никој не би те ебел 2% ако нема бенифит од тебе, значи функционираат и стрикно ради корист.
Во зависност од количината на користа во меѓусебен однос се креира клан во кланот и се поставува хиеархија - тој што највише има корист тој е лидерот и така натака.
Плус да појаснам зашто ги нарекувам паразити: Паразитот сам по себе не може да опстои, така да мора да се прилепи на некое множество од други опшествени паразити.
Многу луѓе знам и со многу луѓе индивидуално добро стојам и имам повеќе другарчиња кој што членуваат во такви друштва за да не бидат осамени и да не пропаднат опшествено, додека јас како хардкор индивидуалец сум ја видел штетата од константата од таквото недружење со таква комбинација од луѓе и верувајте подобро се чуствувам сам одколку да седам со некои такви ништожници што им го познавам умот и како они размислуваат колективно.
Луда работа е... кој размислувал на оваа тема многу работи сознал за луѓето и за нивната мултифункционалност или дисфункционалност.
Подобро е да имаш 1 вистински другар него 1000 лажни така да пазете се со кого се дружите и немојте да станете паразити во опшеството. ;)
 
Back
На врв Bottom