Тој тврди дека е Исус, а многумина веќе му поверуваа и го следат

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Тој доаѓа од Сибир, и веќе оформил секта која брои преку четири илјади членови, а нивниот “голем лидер” е очигледно во заблуда.

Визарион (Сергеј Тороп) е човекот кој тврди дека е Исус Христос и “божјиот глас”. Тој раскажал како во деведесетите доживеал “мистично искуство” , после кои живеел со уверување дека е реинкарнација на Спасителот.

Што се однесува на членовите на сектата, ги има над четири илјади во Сибир и уште десет илјади низ целиот свет, бројка која во иднина ќе се зголемува.


Погодете зошто?


ruski_isus0_577857506.jpg


files.php


files.php


files.php


files.php



files.php



Извор
 
ВИДЕО: Тврди дека е Исус, а 4 илјади следбеници слепо му веруваат!

Магазинот Вице на својот веб портал деновиве го објави краткометражниот документарец кој зборува за секта од Сибир, предводена од Сегеј Тороп, тн Висарион кој тврди дека е Исус Христос, т.е гласот на Бога. Човекот кој навидум наликува на Исус, во почетокот на 90тите доживеал "мистично искуство", по што живее во верување дека тој е реинкарнација на Спасителот
723E0CFCF0ECB848B615A0133379D81D.jpg

На чудните и бизарни вести им нема крај....Овој пат, токму таква доаѓа од Сибирскиот крај. Впрочем, станува збор за секта која брои повеќе од 4 илјади членови. Иако нејзиниот лидер живее во огромна заблуда, сепак бројот на неговите приврзаници од ден за ден расте.
Магазинот Vice на својот веб портал деновиве го објави краткометражниот документарец кој зборува за секта од Сибир, предводена од Сегеј Тороп, тн Висарион кој тврди дека е Исус Христос, т.е гласот на Бога. Човекот кој навидум наликува на Исус, во почетокот на 90тите доживеал "мистично искуство", по што живее во верување дека тој е реинкарнација на Спасителот.
Што се однесува пак, до членовите на сектата, чија бројка е над 4 илјади (и плус 10 илјади членови кои доаѓаат од други земји ширум светот) на прв поглед делуваат како сосема нормални луѓе со повремени "излети" во веганството. Меѓутоа, кога членовите ќе започнат детално да ги изјаснуваат своите верувања, нештата стануваат помалку чудни. За кратко време, ќе сватите дека нивната приказна ќе премине во класична приказна на една секта која е во исчекување на Судниот ден.
Погледнете го целосниот документарец и запознајте ја најновата ѕвезда во Сибир, како и неговата војска од следбеници.
 
„Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте, зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните. Ете, ви реков однапред! И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте. Зашто, како што молњата излегува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.“ (Исус Христос, ев. Матеј 24:23-27, Библијата)

„Пазете се, некој да не ве измами! Мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: ‘Јас Сум’ - и ќе измамат мнозина. “ (Исус Христос, ев. Марко 13:6, Библијата)

„Тој пак рече: „Внимавајте да не ве заведат, зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: ‘Јас сум’ и ‘времето приближило!’ Не одете по нив!“ (Исус Христос, ев. Лука 21:8, Библијата)
 
Мене нешто друго не ми е јасно со ваквите случаи.
Кога го гледаш типов дури и на слика се приметува дека нешто не е во ред со него.
Како може толку луѓе во негова близина да не го приметуваат тоа или пак нивниот страв од судниот ден или слично е толку голем што стануваат слепи.
 
kako be ne ja uochuvte slichnosta?!:P
toj e vtorata reinkarnacija Isusova

1255265670.jpg
 
Офф мори јадни душии...На слепо му веруваат...Ај да го видам нека напраи некакво чудо божјо како што правел Исус. Нека воскресне некого или нека нахрани 500 луѓе со едно парче леб и една риба.....да го видам!
 
ОХО Ристе пред 2040 години од памет ги вадеше со божји казни и остали глупости, а и за него тогаш викале дека е недотокму.

Е браво сега баш ме израдува :( . Значи 2000 години менталниот развој на човекот тапка у место и пак постои критична маса која лета со паметот по се и сешто.
 
а бе овој бил бивши полицаец :eek:
секты Церкви последнего завета, которују в 1991 году основал бывшиј милиционер Сергеј Тороп
 
Е браво сега баш ме израдува :( . Значи 2000 години менталниот развој на човекот тапка у место и пак постои критична маса која лета со паметот по се и сешто.
Ne meshaj tehnoloshki razvoj so duhoven.....
Vo duhovniot del ne e postignat ama ni malku napredok....isti sme kako i pred 2 000 g.
 
Овој ако оформи секта ќе го згази овој Сер геј (господинот педер) за неколку денови само :D
images
 
Офф мори јадни душии...На слепо му веруваат...Ај да го видам нека напраи некакво чудо божјо како што правел Исус. Нека воскресне некого или нека нахрани 500 луѓе со едно парче леб и една риба.....да го видам!
А Исус си го видел ли тоа да го прави ?


I, for one, welcome our new Russian overlord.
 
Е само поради ова во некои други религии се забранува да се прават слики или скулптури од пророци. Овој се погледнал во огледало, потоа погледнал во некоја икона и веднаш му текнало дека можеби тој е Исус. За жал денес многу луѓе си мислат дека се “избрани од бога“,ама народов никаков аир од нив не гледа.
Уште многу вакви ќе се појавуваат!!!!
 
kako be ne ja uochuvte slichnosta?!:P
toj e vtorata reinkarnacija Isusova

1255265670.jpg

Знам дека се зезаш, но сепак ќе ја искористам оваа слика за една многу важна поента. Иако овој човек личи со горната икона која наводно го претставува Исус, сепак тоа не значи дека тој личи на Исус Христос од проста причина што ние НЕ ЗНАЕМЕ како изгледал Исус. Ова за многумина можеби ќе биде изненадување, но вистината е дека ние немаме зачуван лик од Исус Христос. Иконите кои што ги цртале СО ВЕКОВИ после смртта на Исус се плод на човечка фантазија. Апостолите и првите Христови ученици не се бафтале со икони, а ни во своите писма не пишале ниту збор за изгледот на Исус. Едноставно тие не сакале да остават ниту ронка простор за цртање икони и иконопоклонство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom