Тодор Петров и СМК

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
aktivnosti-spomenik.jpg
СМК:
Да се изгради споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија

Скопје 22 јули 2008
По повод 2364-та годишнина од раѓањето на македонскиот владетел Александар Трети Македонски, на 22 јули 356-та година пред нашата ера, Светскиот македонски конгрес повторно го актуелизира прашањето за изградба на грандиозен споменик на Александар Македонски и неговиот коњ Букефал, на плоштадот Македонија во Скопје, во фонтана со осум лава.

СМК очекува Владата да ја реализира оваа иницијатива на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, се вели во соопштението на Светскиот македонски конгрес.
 
СЕ СОГЛАСУВАМ!!! Иако тоа требаше до сега да биде направено но со оглед на тоа дека немаме направено никакви споменици или тие што ги имаме во изминативе години никој не ги одржуваше ќе мора да се сменат многу работи
 
Поздравувам да се изгради голем споменик но не знам дали плоштадот во Скопје е толку идеално место, некако преполн ќе биде. Има доста други убави места за таков споменик.
 
Знае ли некој како се викаат родителите на Тодор Петров?
 
Реално по би сакал Филип 2ри... незнам зошто... али Аце не е лош предлог.
 
Ја мислам дека треба Свети Н.Г. да го ставиме со обете нозе расчекорен на обата брега на Вардар, кај Камени мост, како Колосот од Родос, за да ветрето кое пирка му ги лади мудата кои нам ќе ни служат за идеал кој треба да се погали и галејќи го за муда, да се чувствуваме блажени, небаре господ сме го драпкале за муда.
 
Просто извонреден предлог, сигурен сум дека ќе биде широко прифатен од народните маси :pos2:

..секоја чест хах :smir:
 
Гејците пишуваат:
Тодор Петров испратил писмо до Караманлис во кое покрај другото го потсетил да не заборава на своето македонско потекло,оти мајка му била македонка од Солун.
«Атина порано или покасно ќе плати за злоделата од 1913 , како и за геноцидот врз македонците.
Со провокативен стил Т.Петров потенцирал дека грција е последниот бастион на нацизмот, фашизмот и расизмот во Европа.«
Караманлис нема да одговори на писмото -пишуваат тие
Тој е поттикнувач на „инвазијата„ во Овчарани и истиот е по потекло од Костурско.

Izvor
 
Како се издаваат Гејциве,значи самите си кажуваат дека фамилијата на Петров е од Костурско значи има Македонци таму :tapp:
 
Реално по би сакал Филип 2ри... незнам зошто... али Аце не е лош предлог.

Скулптура на македонскиот крал Филип Втори во Битола
Филип го претставив смирен, а неговиот коњ разигран како планина да сака да прескокне. Не го прикажав Филип како вистински воин туку како голем државник, крал кој успеал да ги обедини сите народи и да ја создаде македонската држава. Токму и затоа направив тој со прстот да покажува кон својот народ, вели за ВЕЧЕР скулпторот Ангел Коруновски

DB38A5AB7FA6184A82560FF6E5824802.jpg
Првиот монументален споменик на таткото на Александар Македонски, кралот Филип Втори, за првпат во Македонија, ќе биде поставен во Битола. Споменикот, дело на велешкиот скулптор Ангел Коруновски, за десетина дена, од Нови Сад, каде што се лие во бронза, ќе биде донесен во Македонија, а потоа и во Битола, од каде го порачала Општината.
"Добро го простудирав животот, ликот и делото на македонскиот крал Филип Втори, ни рече склупторот Ангел Коруновски. Нешто од длабочината на мојата душа како да ми кажуваше дека јас ќе бидам тој што за првпат во Македонија ќе го извајам Филип, таткото на Александар. Мојата идеја, која ја прифати и порачателот, беше Филип Втори да биде на коњ, достоинствен, смирен, како што и му доликува. Филип го претставив смирен, а неговиот коњ разигран како планина да сака да прескокне. Не го прикажав Филип како вистински воин туку како голем државник, крал кој успеал да ги обедини сите народи и да ја создаде македонската држава. Токму и затоа направив тој со прстот да покажува кон својот народ. Кралот е облечен во посвечена одора зашто таква одора мислам дека и му доликува на еден голем крал", ни рече Коруновски.
Авторот на првиот споменик на Филип Втори во Македонија, вели дека успеал да го изваја големиот освојувач како достоен крал на Македонците. "Целата композиција на кралот Филип Втори, заедно со коњот и постаментот, е висок 8,50 метри. Постаментот е изработен во вид на саркофаг и е збогатен со фигури на неговата славна македонска фаланга. Верувајте, да се изваја ликот на Филип не беше лесно. Тоа беше макотрпна работа, но јас со големо задоволство го направив и мислам дека Филип Втори, после толку векови, повторно го донесов во Македонија", коментира Коруновски и додава дека споменикот го правел со голема љубов "затоа што како и секој Македонец, Филип и неговиот син Александар ги носам во својата душа".
07C1460085144C47982D3D3239E452D0.jpg
Инаку, Ангел Коруновски, иако е млад склуптор, досега има извајано неколку импозантни дела од нашата подалечна историја. Покрај скулптурата во скопскиот ресторан "Идадија", тој е автор и на првиот коњаник, поставен во центарот на Велес пред три години, на денот на 100-годишнината од славното Илинденско востание, а посветен на велешките војводи учесници во борбите во Крушево. Минатата година тој го освои првото место за изработка на споменик на Цар Самуил што го распиша општината Струмица меѓутоа, порачателите до сега не побарале споменикот да биде направен.

Гејците пишуваат:
Тодор Петров испратил писмо до Караманлис во кое покрај другото го потсетил да не заборава на своето македонско потекло,оти мајка му била македонка од Солун.
«Атина порано или покасно ќе плати за злоделата од 1913 , како и за геноцидот врз македонците.
Со провокативен стил Т.Петров потенцирал дека грција е последниот бастион на нацизмот, фашизмот и расизмот во Европа.«
Караманлис нема да одговори на писмото -пишуваат тие
Тој е поттикнувач на „инвазијата„ во Овчарани и истиот е по потекло од Костурско.

Izvor

A ne ti teknuva deka Grcija e vo daleku pozavidna situacija od nas kako na primer 35 godini vo EU i gi ima site poddrski na unijata vo odnos na nas...ne ti teknuva deka sega ne e moment da se vodi taa politika ili tie glupi provokacii sho ke ne chinat povekje od zabranet pristap vo Grcija? Ili toj tvoj glup izvor ne ti ukazuva na faktot deka ako ja iznervirame Grcija ni EU ke vidime ni nadvor od MK ke vidime so ogled deka so vtoro veto na Grcija deka nema ni Bugarija ni Srbija da pomirisame?:uvo: Se soglasuvam deka ima vreme i prostor koga se pravat ovie pritisoci...ama koga ednata drzava e vo pozavidna situacija a ne ramnomerna so drugata...Epa toa e onaa crvena linija koja nie ne smeeme da ja preminime...misli malku ili te mrzi.
 
Денес на собирот во Трново Т.Петров јасно кажа ,ако грција продолжи со својата негаторска политика и ни се заканува и уценува со влез во ЕУ, ние може да избереме и друг пат,да тргнеме по патот на Александар Македонски,ќе стасаме до Турција, Русија ,Кина и Индија.
 
Трново не е место за таков говор...местото е пред очите на јавноста во самото собрание и слично а не на нашиот национален празник...Имено темата треба да биде Илинден а не Грција и спорот со името...:tapp:
 
Секаде е место за таков говор, па макар тоа било и пред зграда пред 10-ина луѓе.Илинден ,да , а знаеш ли ти што празник е Илинден?:pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom