Тодор Петров: Ердоган – Македонец!

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
3асега не се одразило негативно по Македонија зближувањето со Турција, вкл. и за време на владеењето на Ердоган. Немам основа или причина да мислам дека ќе се одрази негативно и понатаму. Напротив, од Турција имаме видено само добро, и тоа во ситуација кога сме притиснати од некои други.

Ердоган не зборува за мегали идеја, како што се занесуваат сите наши соседи па уште работат на тоа да не доподелат. Тој зборува за регионално, цивилизациско поврзување, а Отоманската Империја била тоа - цивилизација исто како што била Македонската Империја на Александар. Со тоа Ердоган сака да ја постави Турција како еден од најважните држави во светот.

Македонија не треа да биде слепо орудие на ниедна држава, па ни на Турција, а колку што гледам, нашава влада одличо игра со Турците, а исто и дијаспората.

Споменикот на Александар не е никакво мачкање очи, туку јасна порака која е Македонија и кого го вреднува Турција (прочитај погоре за цивилизациската нишка). ТАВ и Turkish Airlines се инструменти на државата.

Последната констатација за претседателот на државата да им наложи на историчарите да се изразуваат ти беше врв. :D
 
ДОНАЦИЈА ОД 900 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ НА ТУРСКАТА ВОЈСКА ЗА АРМ

Македонските војници во турски дефендери

5EF579556C133745AD65E37976AB90B8.jpg


Осумнаесет високоопремени теренски возила ландровер-дефендер од турско производство, од кои 15 за превоз на персонал и три командни, како и 95 полски телефони и два комплета ноќни визери, опрема вредна 900 илјади американски долари е донацијата која турскиот амбасадор Ѓурол Сокменсуер вчера му ја предаде на министерот за одбрана Фатмер Бесими.

Министерот Бесими, изразувајќи благодарност, потенцира дека од осамостојувањето на Македонија, двете земји имаат воспоставено одлична соработка, а Турција дава исклучителна поддршка за развојот на земјата, демократијата и економскиот просперитет, но и за нејзиното полноправно членство во НАТО.

- Нашата благодарност е многу поголема од кои било бројки. Поддршката на еден пријател значи многу повеќе од пари. Досега над 600 припадници на АРМ ја имале честа да се школуваат и обучуваат во воените школи во Турција, рече министерот Бесими.

Предвидено е, информира амбасадорот Сокменсуер, до крајот на оваа година да се потпише договор за соработка, во рамки на кој ќе се донира опрема за баталјонот за специјални операции и за логистичка поддршка, во висина од 1.150.000 американски долари.

- Ќе продолжи поддршката од Турција за зачленувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО, потенцира амбасадорот Сокменсуер, повторувајќи ја изјавата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дадена за време на неговата неодамнешна посета на Скопје, дека Македонија е во срцето на Балканот и претставува клучна земја за мирот и спокојот на овој регион. Во годините наназад АРМ од Турција доби митралези, тенкови, теренски возила, камиони, летала, медицинска и телекомуникациска опрема, па дури и моторни санки и алпинистичка кула.

Речиси не постои тип на опрема што една војска треба да ја има, а која Армијата на Република Македонија делумно не ја добила со донации од Турција. Над 16 милиони долари помош во воена опрема, обучени 550 војници и 82-ца офицери, се на се вредно околу 50 милиони долари потрошени за точно осумнаесет години е подарокот кој досега Р.Турција и го дал на Македонската армија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F50FD212770045418F72E67901D87DB4
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom