Тишината !

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Толку пати што се појавила во мојот разум мислата за тишината, и она чувство кога ја чувствувам до мене, можеби дури толку силна е што може да влезе во мене, да допре до срцето, таму некаде толку длабоко, и во повеќето од тие пати што успеала до мене да стигне болела силно, но колку само ја сакам, зашто се сеќавам на сите оние пати кога ми личела на благослов, толку благопријатна му била на срцето како што е сега, како што сакам да биде секогаш, тие моменти на болка во таа тишина како да се заменети од оние другите, оние во кои истата таа тишина кажува повеќе од она што можат да кажат зборовите. и знам дека ја сакам, ми треба да ја чувствувам и никогаш да не престане да стигнува до срцето, да го прави чисто и да му ја дава смиреноста без која не може.
не можам да ја дефинирам, само можам да ја чувствувам, да ја сакам и да и благодарам што му е пријатна на срцето, иако некогаш прекината од ветерот кој толку нежно знае да ми ја завејува косата само во еден правец, право, прекината од него, од нешто чисто и искрено.

Како ја чувствувате тишината вие, колку може да му биде пријатна на срцето, и колку некогаш може да боли, колку некогаш може да каже повеќе од она што го кажуваат и најубавите зборови дури, што наоѓате во неа, можеби смиреноста и истата онаа благопријатност на срцето, неговата среќа што слушнало нешто кажано без зборови ??
 
Tишина , сосема спротивното од секојдневниот хаос кој не преоптеретува, пополека не задушува, не преоптеретува.

Тишина, смиреност, релаксираност , ти дава простор да се издишиш, да здивнеш од секојдневните обврски, да ги опуштиш твоите мисли, да ја ослободиш душата, ти дозволува да воспоставиш рамнотежа во душата. Да го го слушниш битот на срцето, шепотот на мислата да ги кажи зборовите што никогаш неможат да бидат кажани, да се лоцираш себеси во просторот и времето и да собериш сила за повторно да ја почниш во битката на хаосот и нередот.
Тишината денес е само едно мало делче во просторот и времето , едно мало делче кое секој човек го бара, за да се стабилизира од преоптереноста на денешниот живот.
 
Тишина... понекогаш може да ме смири, понекогаш да ме доуништи, а некогаш дури и да не ја почувствувам.

Има моменти кога сум збунета, кога ми се потребни тишина и малку мир за да размислам два пати за мојата одлука.
Има моменти кога сум разочарана, скршена, кога душата ми плаче... тогаш најмалку ми е потребна тишината, бидејќи само ќе ми биде потешко.
Има моменти кога сум полна со позитивна енергија, кога бликам од радост и среќна, кога не постои ни најмала ситница која ме мачи во моментот, па тогаш не би го ни насетила доаѓањето и заминувањето на тишината.
 
Само ке го цитирам моето сонце. ..

`И тишината е убава кога мислам на тебе. ...` :back:
 
Ацо Шопов


ВО ТИШИНАТА

Ако иносиш нешто неизречено,
Нешто што те притиска и пече,
Закопај го во длабока тишина –
Тишината сама ќе го рече.
 
Не ја сакам многу тишината.Некогаш да,некогаш кога сум постојано во трчање и кога веќе немам време за себе,потребна ми е тишина и потребно ми е да бидам сама во себе.
Во ниеден друг случај.Не можам,тишината ме депримира,ме прави да се чувствувам глупаво,депресивно и стално почнувам да размислувам на секакви глупости.
Ако сум тажно за нешто,ако плачам,тишината ќе ме доуништи.Затоа и ја избегнувам.

Има и случаеви кога тишината ми е смешна.Буквално,ако сум во просторија каде што е тивко,ми доаѓа смешка и сама си се смеам.Ама добро тоа ретко се случува.:)
 
Тишината е моќ.
Моќ над себеси.
Ако може човек да ја обожава, да ја чувствува потребна, да се види себеси во неа, тишината е совршенство.
Тишината е Сонување.
 
~*~

Една од моите омилени теми.Ова е напишано на 20 август 2007.

Тишина.
Се ќе дадам и се ќе направам за тишина.
Не можам да разберам како некои луѓе не разбираат дека се досадни, дека нивниот глас иритира.
Дека добивам страшна потреба и желба да им ја залепам вратата пред нос.
Додека...би ја дала тишината понекогаш за да слушам нечиј глас.
Иронично е.
Тишина.
Зошто толку многу сакам тишина не знам, слободата ја наоѓам во тишината.
Проклеството на гладните за тишина е тоа што секогаш им ја даваат во нечисти и мали дози.
Пријателите на досадата никогаш не дружеле со тишината, напротив тие се најголемите противници на слободниот тек на мислите во тишина.

Добра тема Кат!:smir:
 
Ја обожавам. Најчесто чувствувам спокој, мир и уживам кога ништо наоколу не ме попречува во размислувањата, кога можам да си го слушнам биењето на срцето и да се почувствувам пожива од кога и да е.

На моменти знае да асоцира на осаменост, но и во осаменоста понекогаш може да се ужива. Сакам кога е тивко, не ме депримира, ниту ме расположува туку едноставно сум отпорна на себеси, се прекорувам и се убедувам дека ќе сменам многу нешта, дека се` ќе биде поинаку и подобро.
 
tisinata......ponekogas ja sakam koga teba da se sozemam od nekoja rabota...ponekogas ja mrazam zosto e tolku cesto vo mojot zivot...i mene me asocia na osamenost,i znae da me depimira,tisinata ponekogas znae da me odmori od tezinana na zivotot i da mi pomogni da donesam vazni odluki vo zivotot......tisinata e skoro sekogas so mene,me osloboduva.
 
Ја слушам тишината,Јас сум зависен од неа.Колку и да е галама сам се исклучувам од светот и пливам по водите на мојата фантазија.
Некој мисли дека зјапам во некој,а јас само ..
 
Тишинољубци. Се пријавувам. Обожавам да си филозофирам и размислувам во тишина, да си донесувам заклучоци и да се преиспитувам. Има и негативни страни: те заболува главата од анализирање и размотрување. Докторите се во право кога велат дека главата не боли од учење ама од мислење. Уште една контраиндикација многу опасна: може да прерасни во начин на живот. Во овој случај сме неупотребливи кога се бара од нас извршување на задача која влучува дирекно изложување на сонце.
Сепак ништо не може да ја замени потребата од длабоко дишење и медитација барем одвреме-навреме.
 
Убава е тишината... на моменти.

Слободен проток на мисли, без болно судирање, па оттаму доаѓа и смиреноста односно благопријатноста која таа ја ствара.
 
Јас, уствари и живеам кога сум дома во тишина. Таткоми на работа, братми на школо, половина ден го поминувам во тишина. Ја обожавам, мир, спокојство... Некогаш дури и кога има гужвишта, бучави околу мене ми неодстига. Тишина... ммм најубо.
 
Тишинољупци и јас се пријавувам. Сакам да седам сама во мир и тишина, само со своите мисли и со своите размислувања, можеби со парче хартија до себе на кое ќе прочкртам нешто, можеби со ведро небо над себе и со звук на шушкање на лисја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom