Тирамису

  • Креатор на темата Креатор на темата wild dolphin
  • Време на започнување Време на започнување
Поздрав...хммм...имам еден мал проблем..имено ми треба рецепта од тирамису ако има некој???
 
Состојки:
400g сирење маскарпоне
пишкоти
4јајца
100g шеќер во прав
250ml силно кафе еспресо
2 с.л. коњак, амарето или рум (по избор)
2 с.л. какао
1. Изматете ги жолчките од јајцата со шеќерот. 2. Додајте го во нив маскарпонето и измешајте ја смесата. 3. Во друг сад матете ги белките, додека не се направат како пена. Потоа додајте ги во смесата со маскарпоне. 4. Во еспресото додајте го румот. Во таа течност макајте ги пишкотите, една по една. Внимавајте да не бидат премногу влажни, затоа што ќе се распаѓаат. 5. Во тава наредете еден ред пишкоти. Врз нив ставете од смесата со маскарпоне. Потоа повторно наредете пишкоти, па пак од смесата. По желба можете да наредите уште еден ред пишкоти, но задолжително најгорниот слој треба да биде од смесата. 6. Одгоре прекријте го овој сладок десерт со какао во прав. 7. Ставете го во фрижидер. Најдобро е да стои во фрижидер еден ден пред консумирање.

Има повеќе рецепти, јас оваа ја имам правено па затоа и ја пишав.
Маскапоне сирењето го има во сите поголеми маркети и пола кило чини околу 250 денари, плус информација .
 
ти благодарам...и јас сега налетав на оваа рецепта...по се изгледа бев мрзлив па полесно беше да се отвори нова тема:uvo:...како и да е....имаш ли некоја идеа каде може да се најде маскарпоне и кој вид на пишкоти е најдобар???? позз и првото парче за тебе...
 
Јас од Тинекс имам купено, значи поголем маркет да е. Го има и во Веро и Рамстор ... за други незнам.
Пишкоти само плазма имам користено и најсигурно ми е со нив.


Нема потреба од фала:) .
 
Јас од Тинекс имам купено, значи поголем маркет да е. Го има и во Веро и Рамстор ... за други незнам.
Пишкоти само плазма имам користено и најсигурно ми е со нив.


Нема потреба од фала:) .

малку досадувам ама уште ова ќе те прашам, користиш исклучиво еспресо или регулар филтер кафе???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom