- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 24.115
- Поени од реакции
- 41.250

...поранешната главна директорка за технологија од OpenAI - Mira Murati со сехашната нејзина компанија ,,Thinking Machines Lab " го промовира својот прв реализиран проект- ,,Tinker", кој според другите е уште еден чет-бот со вештачка интелигенција како ChatGPT...но дали е така?
...Tinker е дизајниран да им помогне на научниците и програмерите да ги дотеруваат моделите на вештачка интелигенција без потреба од управување со огромна компјутерска инфраструктура, кој собра 2 милијарди долари почетно финансирање со проценка од 12 милијарди долари.


... Mira Murati, 36-годишната американска инженерка која од студент по машински инженеринг до главната директорка за технологија која помогна во создавањето на ChatGPT е пример за брзата трансформација и на технологијата за вештачка интелигенција и на кариерите на оние што ја градат.

...родена била на16 декември 1988 година, во Валона, Албанија, во последните години од тоталитарниот режим на земјата со политички превирања и економска неизвесност, нејзините родители биле наставници во средно училиште по литература, кои ја подржавале во нејзините натпревари во текот на нејзиното школување со што на 16 години, Мурати добила стипендија од United World Colleges - програма што ги обединува студентите од над 80 земји за да промовира меѓукултурно разбирање и општествена одговорност и студирала на колеџот Пирсон на островот Ванкувер во Британска Колумбија.
... по дипломирањето на Пирсон во 2005 година, Мурати тргнала по необичен академски пат кој ќе се покаже како пресвртница за нејзината подоцнежна кариера, таа се запишала на програма со двојна диплома, завршувајќи диплома по математика на колеџот Колби во 2011 година и диплома по инженерство по машински инженеринг на Факултетот за инженерство Тајер на колеџот Дартмут во 2012 година.
...ова комбинација од либерални уметности и инженерски дисциплини ѝ обезбедиле вештини за аналитичко размислување и техничка експертиза.

...иако можностите на вештачката интелигенција драматично напреднаа, но и покрај нивниот потенцијал, овие системи остануваат тешки за луѓето да ги прилагодат на нивните специфични потреби и вредности и тука улогата ја зема Лабораторијата за размислување „Thinking Machines“ за да ги направиме системите на вештачка интелигенција пошироко разбирливи, прилагодливи и генерално способни.
...тука се вработени научници, инженери кои создале некои од најшироко користените производи на вештачка интелигенција како ChatGPT и Character.ai, Mistral, PyTorch, OpenAI Gym, Fairseq и Segment Anything.
... споделувањето на Thinker не само што ќе и' користи на јавноста, туку и ќе ја подобри корелацијата, човек-Вештачка интелигенција и истата да помогне во секое поле на работа.
... корисниците ќе можат да го преземат прилагодениот модел и да го стартуваат како што сакаат, на свој хардвер, но пристапот не е отворен за секого има листа на чекање и ќе ги одобрува корисниците со текот на времето, оваа проверка е да се осигури дека Thinker нема да се злоупотребува за создавање злонамерни модели на вештачка интелигенција или редовните корисници кои можеби сакаат да создадат свои сопствени чет-ботови.
...Thinker моментално применуван во Принстон за обука на докажувачи на математички теореми, додека Станфорд направил модел за хемиско расудување.
... оние кои се заинтересирани да започнат со Thinker можат да се приклучат на листата на чекање на целната страница на Thinking Machines Lab за Thinker.
Последно уредено: