The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 115
Не постои волшебен прирачник кој ќе ги упати родителите како да бидат добри родители. Подигањето на дете преставува голема одговорност, која обично ја прифаќаме како подарок и за тоа нема потреба од тренинг. Повеќето родители учат „во од“ како што наидуваат проблемите, под влијание на начинот на кој тие биле одгледувани или раководојќи се со она што го виделе или прочитале.
Родителите може да имаат различен стил, но нивната цел е заедничка. Сите родители сакаат нивните деца да израснат во здрави, среќни, добро прилагодени, успешни, задоволни, чесни, грижливи и одговорни возрасни личности кои ќе умеат да ги респектираат туѓите чувства, ќе бидат способни да соработуваат со другите и успешно да се справуваат со животните тешкотии. Исклучително е важна мотивираноста на родителите. Дали тие навистина сакаат да бидат родители или се чувствуваат неспремни и уплашени. Ова подолу може да биде од корист..
Половото образование – ( разговор со тинејџерите )
Многумина родители и старатели се срамат да зборуваат за половите односи со нивните деца. Меѓутоа, на тинејџерите им требаат вистински информации за да одржуваат здрави полови односи. Половото образование треба да опфати различни теми, вклучувајќи ја и анатомијата на половите односи и размножувањето, односите, сексуалноста, контрацепцијата и половите болести.
Притисок од друштвото
Влијание од друштвото може позитивно да делува на животот на тинејџерот, но исто така може да претставува предизвик за родителите. Критикувањето на другарите на вашето дете е исто како напад на детето. Родителите треба да бидат внимателни кога ги искажуваат своите грижи.
Тинејџерите и алкохолот
Околу 80% од австралиските тинејџери имаат пробано алкохол барем еднаш. Алкохолот се смета за прифатлива дрога, меѓутоа е одговорен за повеќето смртни случаи во врска со дрога кај тинејџерите. Родителите не можат да ги спречат децата од земањето алкохол, меѓутоа можат да ги учат да бидат умерени.
Тинејџерите и депресијата
Околу 24% од тинејџерите страдаат од посериозна депресија, меѓутоа депресијата кај младите луѓе често не е призната. Стрес кој кај возрасните е незначителен, кај тинејџерите може да биде сериозен и треба сериозно да се сфати.
Тинејџерите и дрогата
Тинејџерите пробуваат дрога од најразлични причини, на пример да се опуштат, да бидат друштвени, од љубопитност или притисок на друштвото. Алкохолот и цигарите се најчесто користените дроги. Околу две третини од тинејџерите барем еднаш имаат пробано марихуана.
Спречување на самоубиства кај тинејџерите – забележете ги знаците на предупредување
Сите закани за самоубиство треба сериозно да се сфаќаат. Кога имате работа со млад човек кај кого се појавиле мисли за самоубиство, покажете поддршка и избегнувајте да го осудувате и да го карате. Немојте да ги чувате мислите на младиот човек во тајност. Кажете му на младиот човек дека неговата безбедност е поважна од се друго. Поради тоа можеби ќе биде потребно да им се каже на други лица за неговите закани за самоубиство.