Жалосно шо за един таков важен настан од нашта историја толку е малко напишано, јас дури колко шо са сеќавум од тоа шо го учих во школто по историја воопшто или много малко е спомнан воа настан. Тоа са гледе и по коментарто тук, само две страници од 2007 год. Ваа земја не е оште слободна за ного луѓе, за страхотијте шо србите ги правиле во Македонија не смее оште ни збор да су зуцне. Нема ни споменик за жртвите на ного од виа страхотии ама па затоа имме споменик на Кајмакчалан, споменик на 'ослободителте' на Зебрњак итн.
Воопшто не са уче ни за забранта да са зборуве на македонски как на школто така и уф секојдневниут живот. Не са уче ниту за Охридското востание ного ного а само во неколко реда, барем тоа јас шо го учих пред 15 год., не знам как е сеа. Не са уче ниту за колонизацијата шо србите ја спроведувале небаре ние сме биле некои африкански племиња чии шо земји са колонизирани од англо-саксонските народи.
И не са само виа страхотии од Тиквешкото и Охридското востание, имало ного други жртви, убиени, силувани, мачени заради самоволието на арогантниут и самозаљубениут српски окупатор кој шо ги гледал наште предци кути заостанани африкански племиња шо требе да са христијанизират и асимилират.
Един од тиа жртви е и член на мојта фамилија, поточно вујко на мојут дедо, кмет на селто Коинско, задаван уд трујца српски џандари додека си работил сам на ниавта заради тоа шо са побунил за бачилта на селанто кои шо србите ги затвориле заради комитте шо са кријале уф них а тие бачила биле единствен приход за сиромашниут народ. И не е само тој жртва, оште најмалко дваесет души са утепани од србите кои шо имале куќа за 'мачење' сред селто. Оште најмалко пеесет души са насила мобилизирани од србите да војуват во нијните војни, луѓе кои шо никогаш и не са врнале пак во селто т.е коските не им са знаат дек са закопани. Исто така ного споменици со натписи важни за селто и за Македонија воопшто са уништани од Србите. Јас сум пробувал да дојдум до некои информации уф врска со тие надписи арно ама не сум најдел ништо до сеа.

Затоа пак во селто има комунистички споменик за загинанте партизани утепани од Бугарто а нема ни з од збор за злосторствата на Србите.