- Член од
- 21 јуни 2007
- Мислења
- 3
- Поени од реакции
- 0
ПО ДЕВЕТДЕЦЕНИСКИот -МОЛК
Тиквешкото востание конечно ќе најде место во историјата
Пред 94 години, народот од Тиквеш се дигнал против српската власт, која ја окупирала Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна
По девет децении молк, вчера во Кавадарци им беше оддадена почит на загинатите во големото Тиквешко востание од 1913 година. Беше најавено дека наскоро ќе се изгради достоинствено спомен-обележје за настанот, кој бил премолчуван во македонската историја.
Претставници на кавадарскиот музеј положија свежо цвеќе во градскиот парк на местото каде што биле стрелани 25 жители на градот како одмазда на српската власт против македонското население што се кренало на востание.
На скромното одбележување беше речено дека востанието од 1913 година е еден од најтрагичните настани во историјата на овој крај. Пред 94 години народот од Тиквешко се дигнал против новиот окупатор, српската административна и воена власт, која ја окупирала Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна.
- Востанието почнало на 19 јуни и траело седум дена. Со сигурност се знаат имињата на над 500 Тиквешани, од Неготинско и од Кавадарско, кои биле убиени при задушувањето на востанието - рече директорот на градскиот музеј од Кавадарци, Петре Камчевски.
Сепак, неофицијалната бројка на загинатите, која се споменува во многу
записи од тоа време, е околу илјада. Кустосот на музејот Васил Кимов вели дека ова е само една од страниците на крвавата историја на македонскиот народ.
- Населението било предводено од старите војводи на ВМРО и го ослободило крајот од српската власт. Тоа се војводите од илинденскиот период - Дончо Лазаров, Мишо Шкартов и Диме Пинџуров, татко на Страшо Пинџур. За тие седум дена биле избрани градска управа и извршна власт, а на општинската зграда се виорело тиквешкото револуционерно знаме. Покрај Неготино и Кавадарци, биле ослободени и педесетина села во Тиквеш - соопшти Кимов.
На востанието му претходеле убиство на еден младинец и силување на млада невеста од Ваташа од страна на српски офицер. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. Според Кимов, при задушувањето на востанието српската војска запалила над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор во подрачјето околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата. Како водачи на српските државни одмазднички чети се споменуваат Василие Трбиќ, Јован Бабунски и Јован Долгачот.
Меѓу македонските историчари постојат разлики во гледањето на причините за востанието. Воениот историчар Ванче Стојчев вели дека е неоспорно оти востанието имало македонски карактер и дека треба да се одбележува како дел од нашата историја. Македонскиот народ се кренал поради насилството на српските сили по повлекувањето на турската војска.
- Меѓутоа, треба да се каже и вистината дека востанието било исценирано од структурите на ВМРО што биле во функција на бугарската војска. Луѓето што го организирале востанието се познати во историјата како застапници на припојувањето на Македонија кон Бугарија. Преку востанието тие сакале да манипулираат со македонскиот народ за да се постигне таква цел - вели Стојчев.
Директорот на Архивот на Македонија, Зоран Тодоровски, тврди дека востанието имало чист македонски карактер.
- Тоа беше народен отпор против новиот окупатор. Не се согласувам со тврдењата дека организаторите на востанието дејствувале за бугарските интереси, ниту дека биле вмешани бугарските структури. Впрочем, на востаниците не им помогнала ниту бугарската војска, која во тој период била крај Криволак - објаснува Тодоровски.