Тиква

  • Креатор на темата Креатор на темата wild dolphin
  • Време на започнување Време на започнување
Dajte nekoj recept za torta od tikva:cuc: ? Edno vreme jadev takva torta i mi ostana vo sekjavanje, a nemam recept.:place: nema nikakvi dodatoci, ednostavno pandišpan so vkus na tikva, samo neznam dali so nešto se preliva, pošto taa što ja jadev beše sočna!

Состојки:

Слатка павлака
полкило тиква, пасирана
шоља шеќер
четврт лажичка сол
едно јајце, плус две жолчки
шоља млеко
четврт шоља путер (несолен)
лажичка ванила (реднасн или мелен екстракт)
половина лажичка цимет
четврт лажичка ѓумбир (мелен де)
шлаК за одозгора :)
и
една и черек (четврт) шоља брашно
една лајца голема шеќер
четврт лажичка сол
осум лајци големи путер несолен
3 лајци ладна вода, ама мраз ладна.

Ем, сеа, првин од брашното, шечеро, солта, путеро и водата мраз студена ко од кчладенец ќе замесиш у миксер тесто, ама да биде тестуљаво.

ПослеМ:

загреј то рерната на 200-220 степени по другарчето на Нивес (целзиус)

Клај тестуљавата направија во модла за торта и убаво наглавија по страните. Напрај си некој облик по ќеиф. Печи десет минути, па клај у замрзиваЌ да се стегне, после клај алуфолија и па печи дестина минути. Тргни ја алуфолијата.
Зеј си голем сад, напикај павлаката и тиквата и мискај дур не се помеша саглам. После клај шеќеро и солта, клај јајцата и жолќките, млекото и путерот и мешај дур не ти се запоти газот (ако мешаш со миксер ќе се изначекаш, на запотуење де) и додека смешата не стане топтан сита посекаде. По на крај додај зачините и мешај пак да се сотакви ко едно све.
Наклај го тоа се у претходно потпеченото тестуљавие и печи околу 45-50 минути или ако имаш Милан Благојевиќ рерна ко мојата стара од пред Христа печи дур не легни центарот.
Послем клај ја да се олади.
Ко ќе се олади, нашлапај му од шлакот и не штеди по влашки, ами клај онака, машки, да се знае.
 
Цар си, ко ке ја направам ќе го сликам ремек делото, и ќе реплицирам со критики околу рецептот! (y) Тхенк ју!
 
Не можам да ја јадам ене ги пола нива насадивме....

Ама семките да и тоа многу замена за чипс, смоки, крекери се а и полни се со магнезиум и други минерали:

http://www.naturalnews.com/031374_pumpkin_seeds_snacks.html
 
Еве.

Состојки

  • 1 кгр. тиква
  • 1.400 гр. шекер
  • 3 л. вода
  • 1/2 пакетче лимонтус
  • варовита вода
1. Тиквата исчистете ја, излупете и исечете на парчиња како вие ќе одберете – има ребрасти ножови, една справа која вади спирали од тиквата, специјалното лажиче за вадење топчиња… останува на вас и зависи која алатка ја поседувате.

2. Растворете ја варта во вода, оставете да се сталожи, прецедете ја водата и ставете ја исечената тиква биде облиена.
3. Кога веќе тиквата ја добила потребната цврстина, се вади и се добро мие во неколку води.
4. Во тенџере ставете го шеќерот, додадете ја водата, ставете на оган. Кога ќе проврие водата со шеќерот (не правите шербет) ставете ја измиената тиква и нека се вари.
5. Кога ќе почне да се згустува шербетот, почнете да ја прскате тиквата со вода за да овозможите да се истата добро свари.
6. Пред самиот крај ставете лимонтусот, уште малку да повари и тргнете.
7. Во топлите рачели доколку имате ставете малку листови од цвекето Розетла, кај нас го викаме Кат,рче- прекрасна арома ќе им даде.

Рецептата за маџун веројатно друг ќе ти ја напише.

Фала многу! Ептен ме израдува! :)
Инаку најдов и еден рецепт за рчели на српски но во него наместо шеќер и вода, се ставаше шира да зоврие додека се подзгусне. Па бидејќи немав шира, најблиска замена ми беше сок од грозје, кој го направив со помош на свежо грозје процедено низ соковник (ова џек лалејн бла бла.. го процеди без семки) и во него додадов околу 300 грама шеќер. Понатаму истата постапка како твојот рецепт. Испадна одлично :)
 
Кафе, текила и тиква – комбинација која изненадува

1-kafe-tekila-i-tikva-kombinacija-koja-iznenaduva-www.kafepauza.mk_.jpg

Потребни состојки за 2 кафиња:
  • 2 супени лажици сируп од тиква
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 1/2 кафена лажичка зачин од тиква
  • 60 мл текила
  • 125 мл шлаг
  • 360 мл топло кафе
Начин на подготовка: Во голема шолја ставете ги прво екстрактот од ванила, сирупот и зачинот од тиква, шеќерот и шлагот и добро измешајте ги. Потоа додадете ги кафето и текилата и повторно добро измешајте. На крајот можете да декорирате со шлаг пена и да го посипете циметот за екстра арома.
Едноставно, мора да го пробате премногу е вкусно го направив и пробав ммммммммммммм:love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom