- Член од
- 31 мај 2009
- Мислења
- 1.392
- Поени од реакции
- 3.454
+ Зошто уште полемизирате, што кој како по форуми, додека вие по форуми расправате работи што не им е место таму, сигурен сум дека сериозните членови веќе стапиле во контакт за тоа како ќе ги решат работите.
Но и тебе @Joyboy те следам, те следам последниов период, дена нешто алудираш на урбани , не урбани членови, па спомнуваш Драчево , Ченто,. ај ќе си речев еднаш пишано ама глеам некако верглаш па ги спомнуваш Комити а никој не те прашува. Или можеби си некој лажен профил, студент од „Пелагонија некаде“ ?
Aj малку да разјасниме, Драчево, Ченто, се подгрупи кои биле на запад уште 90тите, тука се денес, што е проблемот тука , што не е јасно ? Луѓето од Ченто треба да навиват за Слога или ? Еве не пратат баскет, фудбал пратат. Се знаеше како беше, Ако си Македонец Од Скопје ти си за Вардар, Кратко и јасно.
Според местото на живеење како што се претставуваш (Карпош) прво дали знаеш дека Комити и ЦПБ реално 80% имаат членство од исти населби , свесен си за ова ? Ај преиспитај се затоа што пишуваш па и за ова размисли.
Кај ЦПБ ги има Ѓорче и Припор, ама тие се урбани.. а Драчево и Ченто не се A ?!
Па дербињата у Борис, 2010та и 2011та кои толку ги потенцираш, да не ја напунија трибината ЦЕНТАР И Карпош сами ? Секако имаше луѓе од уште 7 други населби за да се напуни. Така е кај сите поголеми групи на поголеми настани, членстовто доаѓа од повеќе места!
Викаш на дербито со Пелистер имало Комити собрано од сите краеви, добро што е спорно ? Основата на Комити е таква, базирана на Вардар како Македонски бренд, името Комити Скопје кажува дека се базира на целата територија. Порано имало и од другите градови, сега тоа речиси да го нема.
И за Торцида не навива само Сплит, туку цела Далмација, секој друг град, градче , населба село секое ќоше . Кај БББ членството е од Цел загреб и по широко.. да не зборам за соседите на север, кај што Дркате, каде поише од 50% на дерби бројката ја праат другите градови, ван Белград па дури и други држави од Српска им идат и за жал нашиве од тука! Тие како патуваат со авион ?
. Кога се Делије 11/.000 на трибина, тие сите се од Центар Београд а, од Кнез Михаилова се сите, или од Обиличев Венаац ?! A ќе ги избркаат другите пошто се не урбани... мислам многу глупи муабети, испаѓа ај ке видиме сеа кој од ПОМАЛКУ места се собира тој е наголем мангуп, може само во твојата логика. Тоае маалско размислување, на е одлика на големи групи, големи натпреварувања.
Комити имаат членство од сите населби, такво е името, таква е основата. Во еден наврата, за една хуманитарна акција, се правеше пресек на бројка по населби за да се собират поише средства, нај застапени беа Ново Лисиче и Кисела Вода, како бастион со најголем број члестнво, општо не како подгрупи туку многу поединци ван подгрупи се собрани како нај доминантни. Налселби, градски урбани докажани.
Што треба да се ограничиме , да бидем само Кисела Вода па да ги избркаме другите ? Тогаш ке бидеме добри во твојте очи ? Да се прекрстиме само Комити Кисела вода и готово.
Друга глупост пишуваш Комити биле пасивни , па им било досадно додека било дербито во Борис ? Ти човек или не си од тука или не знаеш, Комити имаат ривалство Со Чкембари од 91ва, здраво ривлство низ сите години и посебно тие години 2010та кога имаме 2 гостувања во Битола, + јако дерби 2012та на градски, Комити 2.000 + , Чкембари 700+ бројка на исток инциденти пред наптревар за време на натпревар и по натпревар, па 2012та Вардар станува шампион после долги години пауза, има пуна трибина у Ѓорче, пред тоа дефиле караван со коли, па прослава на шлолка ... 2012та летото Вардар игра Европа после многу години.. со Бате Борисов огромна бројка на запад после долго време... а 2013та меѓународно гостување во Букурешт,.. а пред па тие години 2010 и 2011 на КАЛЕ брутални изданија ракомет, па 2013та у Борис.. . , а градско и блиску ривалство со Шверцери од 98ма година, па постојано, па многу улични работи низ годините се случуваат , дури нешто поише од ривалство зашто различниот етникум и различната верска припадност и 2001 позади нас додаваат + жар и тензија. Комити во Корона продадоа цел стадион на виртуелен натпревар, Комити беа управа додека беше Вардар во 2лига, со нат човечки напори го спасија клубот, у исто време водеа група и клуб, во ВТОРА лига има матријали изданија, со Екипи како ; Царев Двор, Слога Виница, Воска Спорт, здраво јадро од 250 - 300 луѓе идејќи за ВАРДАР без разлика со кого игра!
Така да, неможе да лепиш етикета, нема да ти помине тоа што го пишуваш и што сакаш да го наметнеш.
Пак излеговме од темата, се извинувам за подолгиот текст, немав намера нешто да се навраќам или да пишувам колку да се каже, од толку обврски што имам, но овој член постојано потенцира работи и пробува да протне приказни , навреди на Комити, кои не остануваат не забележано.
Последно уредено:
