ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување

Eve video od kvazi sportskiov žurnal, ama odlično video da se oseti atmosverata, ko da si tamu )
Не мислев на вакво видео :D
Туку на видеата од навивањата што се вадеа пред 10 години. Од секоја утакмица си имаше клипче, сме го чекале со денови да излезе. Знае @Задграничен Округ колку го имам замарано до каде е монтирањето на клиповите :D До ден денес кога имам највеќе работа, ставам слушалки и навивањето пуштено до даска :D Не мора само наши клипови, ако нешто е добро знам да провртам и по другите групи дали од тука или од странство.
После почна трендот на Gen Z генерации со кратки видеа од инсерти, со монтирана музика, без навивањето или пак доста ретко се вадат видеа како порано. Мислам, немам ништо против, топ се и тие, само сум носталгичен по "нашето време" :D

Една тема која сум сакал да ја зачнам е инспирацијата која Вардар и Комити ја дале на разни музички автори и групи (андерграунд воглавно).
Не знам дали другите клубови во Скопје и Македонија имаат вакво нешто зад себе, освен повремено правење на наменска песна од некој што пропратно одел на трибина (ко дечконо што рапуваше од Аеродром и направи песна за МЗТ, а одеше со ФА на трибина, не се сеќавам како се викаше). Или Чкембари што имаат неколку преработки на песни, ама не сум сигурен за изведувачите.
Кај нас Бобан и Аго (како повремени посетители на запад) имаа наменска песна за Комити, Ка клан исто, а од алтернативната сцена ВЕП дружината и Лоши деца, со неколку членови излезени од западот, често вадеа песни со инспирација од Скопје и Вардар/Комити. Суперхикс (исто така Пеце е дел од фановите на Вардар) исто така помогнаа за една песна (да не речам најпознатата).
Сепак, муабетот повеќе ми беше за Последен удар (или како дел од Црвено црни), како деца излезени од трибина, со цел албум со песни посветени на градот, екипата, Вардар, Комити, навивањето...
Јако е што нивните песни се вадат на секој прекин на ракомет и на полувреме. Браво.
Има ли други вакви примери во Македонија?
 
Дали екипа пиво ви е моментално активна подгрупа дали доаѓаат по утакмици пошто гледам слабо имаат извештај од утакмици
 
А што според вас да не требаше повеќе да му направите од тоа што завршил во болница со тешки повреди во глава, во болница ко Божем од два шамари се завршувало
Ај носете се у курац болесници
гл
Не пишувам за утакмици на кои не сум бил :D Ќе се изедам жив, али тој е периодот од годината каде што по дома сме заглавени на релација матичен педијатар - Козле. Периодов можам да ти дадам совети само за инхалатори, кортико, урбазони, сирупи, антибиотици и слични срања кои се надевам нема да ви требаат :D

Веројатно ја пропуштив утакмицата со најдобро навивање во Јане Сандански од отворањето на салата.
Од тоа што фатив на ТВ топ издание на двете групи. Топ бројка. И други пати бил исполнет запад до овој степен во Јане Сандански, ама од сите што биле коментарот е дека навивањето стварно било топ 60 минути, без некои падови. А сме имале страшни изданија и на ЛШ порано и со вас неколку пати било полно, ама сите што зборев викаат дека сега било најјако.
Кореото беше топ, а и цела сала на нозе поголем дел од времето. Мора да се каже дека и во ЛШ годинава и минативе години, обичната публика исто многу придонесува за атмосферата. Веројатно затоа што голем дел се луѓе излезени од западот, постари генерации.
Ги видов и паролите, ама ко што кажав не би коментирал за нешто што не сум присуствувал. Има тука многу луѓе што може да дадат коментар од лице место.
Добри пароли и од вас и од нас.
Убав изглед на трибина имавте, топ бројка, добри пароли.
Кај вас ќе забележам дека е втор пат некој да си издаде парола. Првиот пат кога за џабе го искачувавте Пелистер, вториов пат некој сликал и пратил директно од правење на паролата за провокација. Работи кои дури и од небрежност не треба да се случуваат :D

Ни требаше ваква утакмица за да се испука групата. Се надевам дека и со Алкалоид ќе има достојно издание. На последната со Мелсунген бројката на навивачи беше доста слаба, како да беа сите во умот на дербито.

П.с. треба повеќе видеа да се вадат како ова што се извади вчера од утакмицата. Страшно видео. Фалат подолги видеа на јутјуб од навивање, ги отепав слушајќи овие од пред 15-20 години.
Цела сала стоеше на нозе цела утакмица
 
Не мислев на вакво видео :D
Туку на видеата од навивањата што се вадеа пред 10 години. Од секоја утакмица си имаше клипче, сме го чекале со денови да излезе. Знае @Задграничен Округ колку го имам замарано до каде е монтирањето на клиповите :D До ден денес кога имам највеќе работа, ставам слушалки и навивањето пуштено до даска :D Не мора само наши клипови, ако нешто е добро знам да провртам и по другите групи дали од тука или од странство.
После почна трендот на Gen Z генерации со кратки видеа од инсерти, со монтирана музика, без навивањето или пак доста ретко се вадат видеа како порано. Мислам, немам ништо против, топ се и тие, само сум носталгичен по "нашето време" :D

Една тема која сум сакал да ја зачнам е инспирацијата која Вардар и Комити ја дале на разни музички автори и групи (андерграунд воглавно).
Не знам дали другите клубови во Скопје и Македонија имаат вакво нешто зад себе, освен повремено правење на наменска песна од некој што пропратно одел на трибина (ко дечконо што рапуваше од Аеродром и направи песна за МЗТ, а одеше со ФА на трибина, не се сеќавам како се викаше). Или Чкембари што имаат неколку преработки на песни, ама не сум сигурен за изведувачите.
Кај нас Бобан и Аго (како повремени посетители на запад) имаа наменска песна за Комити, Ка клан исто, а од алтернативната сцена ВЕП дружината и Лоши деца, со неколку членови излезени од западот, често вадеа песни со инспирација од Скопје и Вардар/Комити. Суперхикс (исто така Пеце е дел од фановите на Вардар) исто така помогнаа за една песна (да не речам најпознатата).
Сепак, муабетот повеќе ми беше за Последен удар (или како дел од Црвено црни), како деца излезени од трибина, со цел албум со песни посветени на градот, екипата, Вардар, Комити, навивањето...
Јако е што нивните песни се вадат на секој прекин на ракомет и на полувреме. Браво.
Има ли други вакви примери во Македонија?
Заборави да го спомнеш,Зоран Рудан-Цеки.
Сеуште,често се пушта на Градски,кога игра Вардар.
 
Заборави да го спомнеш,Зоран Рудан-Цеки.
Сеуште,често се пушта на Градски,кога игра Вардар.
Тоа е друг тип на песна. Наменски направена за јубилејот на СД Вардар (не ми текнува точно која година, можеби беше 2007).
Така ако гледаме Влатче пееше за ФК Работнички, Тоше за Македонија ЃП итн.
 
Тоа е друг тип на песна. Наменски направена за јубилејот на СД Вардар (не ми текнува точно која година, можеби беше 2007).
Така ако гледаме Влатче пееше за ФК Работнички, Тоше за Македонија ЃП итн.
Е ова не го знаев,дека е наменски.Ма да годината,горе-доле е таа.Фала за инфото.Него, ако ме држи памет,песнава е кога Лф,се уште навиваа одвоено,односно од север.Па после,кога се вратија на запад мислам дека самата песна претрпе и некоја ситна преработка.Дека има две верзии.
Незнам зашто,ама се нешто така во глава ми се врти.
 
Така е, имаше промени по обединувањето на Комити и ЛФ. Освен делот "На север Лојал фанс..." се смени и ова: "Градски ечи, порака се слуша, јави се Јужна, за да не си дужна", во новата верзија одеше "Градски ечи, порака се слуша, јави се Јужна, јави се Јужна". Ваљда римата јужна-дужна им се видела глупа :D
Не успеав да ја најдам втората верзија, мислам дека ја нема на нет. Ако некој ја има, убаво би било да ја постира.
 
Има ли други вакви примери во Македонија?
Интересна тема начна.:pivo2:Први што ми паѓаат на памет:

T-Ghost - Ultras:

Зад Аголот - Од Колевка до Гроб:

Туте - МЗТ Скопје

Чкембари - За Пелистер Живееме
 
Да се надоврзам на темата за песните.

Исто така имаше дечки Багабонти што имаа и свој бенд, некој вид рок/панк што снимаа за групата. Им го заборавив името ама беа доста добри.
 
Исто така имаше дечки Багабонти што имаа и свој бенд, некој вид рок/панк што снимаа за групата. Им го заборавив името ама беа доста добри.
Крпен Живот
 
Шваба, кенгур, тајзи, тигоуст...свак има посветено дел од музику за град куманово и за кумани, а видео инсерти, како и фотоизвештаи су доступни за сваку утакмицу на официјални профили на јутјуб и инстаграм
Автоматски споено мислење:

Па има и млада надеж на град☺
 
@Saber Rider Добра тема би била и поврзувањето на навивачките песни со оригиналите од кои настанале
Нешто во овој фазон, имаше и добар текст пред некое време на оваа тема

Od ova pogolema vistina nema, 90% ne doagjaat na utakmica ako slushnat deka dilerot nema da im dojde na utakmicata, primarna cel im e da se izdrogiraat, za klubot gi boli uvo
Автоматски споено мислење:

Idam sekoja utakmica na zapad, ama kolku pojako mozhe da grmi salata ako peat site celo vreme(zboram za zapadna tribina), 70% ne peat, tek koa kje se odbrani penal ili kje shibneme kontra, se vkluchuvaat u navivanjeto, poishe peat na neutralna nego li 70posto od dechkite na navivachka tribina, solidna atmosfera ama daleku od grmenjeto shto beshe u boris trajkovski i kale. Osven navivanjata na barazhot vo kavadarci i gostuvanjeto vo bitola kaj shto otidovme skoro 1000dushi, drugite navivanja se prosek
Nemam vpecatok deka vo nedelata bese taka, se okolu navivase i stoese na noze, vodzite bea na visina na zadaca, gi ispratija site momenti od dole na terenot do parolite na ckembari kade na dva pati se udri kontra navivanje. Sega ne mozes nekoj na sila da nateras da pee normalno ali po mene na tolkava brojka sepak imase predobro navivanje.
 
Да се надоврзам на темата за песните.

Исто така имаше дечки Багабонти што имаа и свој бенд, некој вид рок/панк што снимаа за групата. Им го заборавив името ама беа доста добри.
Има и други од Багабонти што прават Хулиган-панк, Прв Ред се викаат, интеренси песни имаат.
 
Back
На врв Bottom