Ова е утакмица на ЖРК Вардар, Комити никогаш немаат навивано на женски ракомет. Овде беа подгрупата Комбат кои тогаш беа деца што навиваа на кошарка и женски ракомет, а почнаа да се појавуваат и на запад, плус неколку постари членови.
Варвари дојдоа ненајавени колку што се сеќавам и нападот беше изненаден со користење на пиротехника и топовски удари.
После не дозволија гостување на реваншот во Подгорица, а не се појавија ниту на фајнл форот во Будимпешта на кој немаше да има никаква пречка за судир. Цела вечер пеевме против нив во центарот на Будимпешта
Ако добро ме држи сеќавањето судир со Балисти имаа кога втор пат пробаа да дојдат ненајавени, не е случката од истиот ден со онаа пред Мајчин дом. Балисти излегоа како победници, а Варвари ги депортираа назад.