Голем дел од тие екипи низ Полска, Русија, Чешка и слично, тренираат редовно (и како поединци и како групи). Некои од нив професионално се занимаваат со боречки вештини (борци од KSW, K-1, разно-разни споредни ММА лиги, боксери и т.н.). Со други зборови, кај некои од тие први екипи, за многу луѓе борење им е животно занимање како некој што оди на работа 9-5, така дечкиве се спремаат за борба или да влезат во некоја ММА лига секој ден, со години и многу искуство. Примери се незнам, Aркадиус Вросек (KSW, предходно разно-разни кик-бокс лиги) , Јири Прохачка (УФЦ шампион), и мал милион други. Во главном, ова се тешкаши или полу-тешкаши (95кг+). За прва постава такви луѓе и бараат.
Тоа е зошто кај ливадите, се е математика. Првите 60 секунди одредуваат ритам на тоа кој ќе е во предност. Ако почнеш 10:10, и еден падне, соодносот меѓу групите станува 10:9 и со секое наредно паѓање, 10:8, 10:7 се зголемуваат шансите на поголемата група да тепа. Заради тоа и групите имаат мотивација да носат тешкаши (со цел да не губат луѓе брзо, а и тешкаш е тешкаш) и гледаат да останат на нозе по секоја цена.
Колку има тоа везе со навивање, тоа е друго прашање. На пример, колку Легија Варшава ќе игра боље фудбал викендов пошто Ростислав се тепал на ливада во Германија, тешко е да се каже.