Присуствував на вечното дерби после години и години па еве да дадам мое неутрално мислење.
Многу голем и аматерски пропуст од страна на организаторот најпрво пред сала отидовме со другар порано дека не знаев каде може да се дојде до карта и пристигнуваме пред сала 18:00 и прашуваме на влезот што е од кај улица обезбедувањето на врата и прво нема појма па влегува внатре и излегува и вика оди таму подолу прашај го организаторот на натпреварот тие ќе ти кажат. Одиме натака, а таму само полиција тоа да ти бил влезот од каде што ќе влегувале фемили. Направивме круг и отидовме од другата страна и околу 18:20 за да таму обезбедувањето ни соопшти на сите што чекавме дека уште не се знае дали ќе се отвараат врати или ќе се плаќаат карти. 5 минути подоцна беше кажано дека ќе се продаваат карти и тие дечките со картите биле по пат и ќе пристигнеле за 5-10 минути. Човече вечно градско дерби да не знаеш дали ќе се плаќало влез и луѓе да ти чекаат надвор 40 мин пред натпревар на ниски температури време.
Внатре во сала температурата беше можеби 4-5 степени повисока од надвор. 0 греење во салата. Уште еден пропуст за домаќинот и жално е да се види во каква состојба се наоѓа клубот кој некогаш беше доминантен во лигава да едвај да преживува и да има организација 0.
Е за пофалба и на ниво беше во поглед на безбедноста на натпреварот и присуството на премногу полиција што воопшто не оставија простор ни за најмала шанса за глупост и прекини на натпреварот.
На терен што да се каже освен дека МЗТ со не повеќе од 50% од своите можности буквално ги издоминира Работнички од прва минута до крај и во ниту еден момент мислам не се осетија загрозено и нивната лесна победа не беше доведена во прашање.
На трибина со оглед на промени на генерации и на двете страни веќе неколку години изгледа ова е максимумот. Не е како што некогаш било во лименката или оние неколку сезони во Борис и мислам дека тие денови се минато барем не гледам такви изданија во блиска иднина.
Многу млади деца 18-19 години кај ЦПБ. На моменти коректно навивање додека на моменти многу слабо со оглед на бројката на трибина. Од другата страна Фемили мислам дека имаа далеку подобро навивање и репертоар на песни од неутрална гледна точка и иако бев од страна на ЦПБ и блиску до нив често ги слушав Фемили повеќе отколку ЦПБ. Можеби беше и резултатската разлика фактор за тоа ама според мене ФА > ЦПБ вчера.