ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Каква акција феноменална од страна на Комити со трансформаторите, баш оригинална а во исто време и прејака идеја за сите наши групи тука. Возејќи се денеска мора да признаам дека глетката е прејака, за жал празноглавци и дебили љубоморни веќе на некои места низ Центар ги уништиле трафостаниците.
Се надевам дека ќе се поправат што побрзо и идејата ќе ја прифатат и другите групи!
 
После доброто издание на фудбал, морам да ви ја пофалам и кореографијата.
Веројатно сте мањак у градот со лепак поради големата побарувачка кај ромското (членството за прослава) население.. :noze:
 
Како индивидуа ти не си крив или обични граѓани, но Вардар (ФК и РК), се олицетворение на државниот скопски апарат.

Еве врати се пред 10 години, Пелистер и Вардар испаѓаат втора лига заедно. За вардар се наоѓа соломонско решение и клубот што влезе прва лига е преименуван од Миравци во Вардар, а Пелистер си испаѓа и кој го еба, пошто нели вардар еклубот на народот, срамота е втора лига да игра.... па уште пароли вадевте, вардар не е ривер плата да испадне туку така, значи се гордеевте со то, поддржувавте такви политики, и затоа се и Комити криви.

Што треба ние на то да мислиме сега? Ние што сме кирви? Сега појасно? Затоа се пеј дирлада и се останато

Така е бе момче, ми текнува уште у 2009та у Битола у Април кога дојде доле кај што беа Комити, облечен како редар ххехе

Иначе ти ја разбирам конатацијата на муабетот, али кога спомнуваш миравци исто е како ја да ти кажам сеа дека вие навивате за Работик, а вистинскиот е Пелистер 2. Ама ете се најде некој да инвестира у Работник и вие се гордеете со тоа.

него терајте прослава ајде.
Со Шкендија ви е централна прослава и од тогаш останувате на матичната трибина?
Значи на 26.10 дербито, Комити ќе бидат на трибинава нова, кај што сте вие до сега последниов период ?
 
После доброто издание на фудбал, морам да ви ја пофалам и кореографијата.
Веројатно сте мањак у градот со лепак поради големата побарувачка кај ромското (членството за прослава) население.. :noze:

Салотеп се користи лепакот го искористија кај вас за депилирање на нозете оти немале восок :D
 
Така е бе момче, ми текнува уште у 2009та у Битола у Април кога дојде доле кај што беа Комити, облечен како редар ххехе

Иначе ти ја разбирам конатацијата на муабетот, али кога спомнуваш миравци исто е како ја да ти кажам сеа дека вие навивате за Работик, а вистинскиот е Пелистер 2. Ама ете се најде некој да инвестира у Работник и вие се гордеете со тоа.

него терајте прослава ајде.
Со Шкендија ви е централна прослава и од тогаш останувате на матичната трибина?
Значи на 26.10 дербито, Комити ќе бидат на трибинава нова, кај што сте вие до сега последниов период ?
Па тој шо слика и снима мора да е како редар,инаку и јас те паметам пред да одиш со the club кажи колку сакаше со мене да се сликаш на свадба :pijani:

а да ние на старата а вие на новата трибина
 
Така е бе момче, ми текнува уште у 2009та у Битола у Април кога дојде доле кај што беа Комити, облечен како редар ххехе

Иначе ти ја разбирам конатацијата на муабетот, али кога спомнуваш миравци исто е како ја да ти кажам сеа дека вие навивате за Работик, а вистинскиот е Пелистер 2. Ама ете се најде некој да инвестира у Работник и вие се гордеете со тоа.

него терајте прослава ајде.
Со Шкендија ви е централна прослава и од тогаш останувате на матичната трибина?
Значи на 26.10 дербито, Комити ќе бидат на трибинава нова, кај што сте вие до сега последниов период ?
Мило ми е што ме памтиш, бев на должност тогаш и многу други пати. Споредбата со Работник врска нема. Да остајме то настрана, зборано е многу пати, принципот што еден клуб отпадна а другиот остана прва лига е суштината.

За другите прашања, веројатно така ке е, ама за официјално ке почекаме уште малку
 
Каков шах мат ви се деси со Работник ,па сега за него навивате.Ај што се помиривте и навивате за клубот што нема никаква историја , ама барем во агендата на прославата еден меч на Пелистер 2 да посетевте.
 
Се деси шах мат, ама за кој како. Хет трик во титули, а годинава одиме на покер. А вашиот вардар во борч, набркан од европа, избрукан и тужен.Стварно шах мат
 
Се деси шах мат, ама за кој како. Хет трик во титули, а годинава одиме на покер. А вашиот вардар во борч, набркан од европа, избрукан и тужен.Стварно шах мат
Покер за тимот што го плукавте и не го сакавте,браво за Работник.
 
ЧКЕМБАРИ - 40 ГОДИНИ ВЕРНОСТ, СТРАСТ И ЧЕСТ. 40 ГОДИНИ ИСТОРИЈА И УШТЕ ТОЛКУ ПРЕД НАС!

Овој јубилеј нека биде потсетник на сите натпревари, гостивања, радости, победи и солзи. Нека биде чест кон сите што биле, се и ќе останат дел од Чкембарската.трибина.

ДА ЖИВЕ ЧКЕМБАРСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА!

Р.К. Е.ПЕЛИСТЕР 28:31 Р.к. ГОГ Гудме
24.09.2025 | Лига на Шампиони
FB_IMG_1758815754033.jpg
FB_IMG_1758815756038.jpg
FB_IMG_1758815758055.jpg
FB_IMG_1758815760448.jpg
FB_IMG_1758815761959.jpg
FB_IMG_1758815764037.jpg
FB_IMG_1758815766174.jpg
FB_IMG_1758815768253.jpg
FB_IMG_1758815770307.jpg
 
Го погледнав видеото на дечкото и прво нешто кога ја начнува темата за независна Битола е компарацијата дека сака Битола во Македонија да е како Сан Марино во Италија, односно независен ентитет, за да имаат контрола на буџетот и да спречат градење само во Скопје, а запоставување на Битола. Сега ќе ти посочам неколку моменти, па размислете дали е навистина ваква желбата

1. Сан Марино си е одделена држава, во официјална статистика за површина и жители на Италија, не се вбројува делот од Сан Марино. За Италија не е никаков проблем ова (зрно ориз во вреќата), додека за Македонија ова би било колапс тотален, почнувајќи од дупката на југот на земјата што ќе ја има на мапа, па преку намалување на и онака малиот број на жители, па и до домино ефектот што некои ќе сакаат да го направат при едно вакво цепкање, а знаеме добро кои би биле први.
2. Сан Марино не дозволува двојно државјанство, односно ако имаш италијанско не можеш да имаш санмаринско, без да се откажеш од италијанското. Значи работава во пракса би била полоша и од бугарските пасоши, тие бар не се откажуваат од македонското.
3. Зарем не добивте нов стадион, зарем за истиот стадион немаше и од страна на Комити поддршка и пароли, како и од многу други скопски јавни личности кои се приклучија во иницијативата и ја поддржаа?
4. Сите тие шеги за аеродром, трговски, Мекдоналдс, не се за ние да се молиме да не напреднете како град, туку напротив да дигнеме апел за проблемот низ мајтап, со надеж дека некој ќе му текне да го модернизира градот и да работи во интерес на граѓаните кои живеат таму, а не само истите да постојат за него пред избори преку празни ветувања. Искрено се радувавме за стадионот, секако дека ќе се радуваме и за аеродром ако дојде на дневен ред и за било што ново и современо.
5. Ако не пратите луѓе од Скопје, можам да ви кажам дека сите што се со 2 грама мозок се за процес на децентрализација, а не на дополнителна централизација, бидејќи градот има проблем со пренаселеност и проблемите околу ѓубре, канализација, гужви во сообраќај, недостаток на зелен простор, загаден воздух, кој го носи истата. Но како што гледате не зависи тоа од нас самите, дур ова го пишувам 3 нови згради сигурно никнуваат некаде со веќепродадени станови. Да е до мене се што е ново и има интерес би го отварал ексклузивно во Битола или во уште помали градови како Свети Николе, па би развил дополнителен туризам таму со тоа што некој специјално ќе ги посети за тоа нешто, еве класичен пример со Лидл, скроз нека нема во Скопје нека не отвараат, чим нашиве може до Врање да одат без мака, нека одат и во Битола, Свети Николе, па нека и угостителите таму направат пара од ручеци што ќе седнат итн. Нека мрднат од мртва точка градовите.

Сакам само да ти доловам колку е проблематично навидум наивното скандирање “да живее независна Битола“, да ставиш на вага негативната страна на едно такво нешто би натежнала многу повеќе од позитивната и би дошле до заклучокот ако размислиме дека и самите битолчани не би сакале нешто такво.
Види вака правена е ова дискусија многу пати години наназад ќе пробам да ти доловам од каде доаѓа таа нетрпеливост иако се согласувам со поголемиот дел од твојот пост. Тие скандирања независна Битола и дирлада можеби последен период допреа до поголемата јавност но тоа се скандира веќе 30 год и има причина зошто се прифатени не само од Чкембари туку и од сит битолчани.
Прво тоа не се сеционистички скандирања туку опшествено /социјални како и тие да звучат тие се упатени спрема нерарамномерното инвестирања во Скопје на сметка на сите други а посебно на Битола, која пред распадот на бившата држава важеше за индустриски и културен спортски па и универзитетски центар со голем потенцијал да прерасни во вистински регионалем центар на југозападна Македонија.

Неправдите кои се направени во изминатите 30 години спрема Битола и битолчани се одлика на тие скандирања, ако почнеме од осамостувањето систематски се што вредело или е уништено или преместено во Скопје, без разлика дали во делот на економијата,спортот или културата. Една лозар пелистерка беше мафијашки одземена иако имаше огромни протести, дирекцијата на рек Битола во време на Бучко 2003/4 беше преместена во Скопје иако имаше цело време нагодувања да не се прави и сега за било која одлука се чека од Скопје. На спортски план РК Пелистер беше гигант во однос на Вардар во 90тите сакале вие да признаете или не се изнагледавме неправди и највалкани игри од Михајло ,Начевци само да го турнат Пелистер, во тој период дом на ракометната репрезентација беше по дифолт Битола и тоа му го одзедоја на градот, да не зборам веќе како власта директно го спаси Вардар и го фузира со Миравци а Пелистер иста година испадна.
Незнам колку од тука се сеќавате дека имаше обид фестивалот на филмската камера да се премести во Скопке па имаше протести фала богу се откажаја од идеата.
Битола до пред 15 години важеше за унивезитетски град, на наша сметка го воздигнаја Штип и нормално Скопје а државата без никаков план за Битола.
Битола имаше и клиника наменета за цел југоисточен регион на сметка на инвестирањата во Скопје моментално е не повеќе од здраствен дом.
Во Битола се што е капитален објект направен е самофинансирање така е направен спортската сала така е направен и стадионот. Ете моментално и те како треба нова спортска сала државата нема слух ќе гради куќа на ракометот во Аеродром.
Општина Битола е втора по средства влеани во буџетот на РМ а 7ма по тоа што го добива назад.
Можаам вака до недоглед да набројувам сакам само да ти доловам за што се тие скандирања Битола е систематсски уништувана! Да живее независна Битола!
 
Мене ми е јасно кон што се однесуваат вашите скандирања за независна Битола и не ми сметаат ко на другите, затоа што се навивачка контра на наши песни во кои се скандира држава Скопје.

Е сега, тоа што не ми е јасно е зошто вие битолчаните мислите дека светот се врти околу вас, па се некој ви мисли лошо, само вие сте безгрешни и сите други ви се криви.
Од се' ова што го напиша, најголемата глупост е дека се отворил универзитетот во Штип за да и се наштетело на Битола. Сериозно?
Грујо е штипјанец, универзитетот го отвори таму со цел да живне источна Македонија и уште поголема цел да го уништи влијанието на УКИМ поради тоа што 80% од факултетската фела беа сдс-овци. Најлесно ќе владееш, ако ја уништиш и ја набркаш интелигенцијата од државата. Намерно дозволи сто приватни универзитети и им даде привилегии како да се државни, го отвори штипскиот и им даде плати поголеми од тие на УКИМ за да се штанцаат дипломи за неговиот кадар и да си формира професорска фела која ќе му биде подобна нему. Отворија дисперзирани студии во Скопје со смешна котизација за да им ги земат студентите на УКИМ. Трошка поврзаност нема со Битола, отворањето на штипскиот универзитет.

Сфативме дека Битола е најракометен град и дека во 90-тите сте биле најсилен клуб. Ракометот не сте го измислиле вие, во Скопје се играло ракомет на бетон во исто време кога се играло и кај вас. Може Вардар бил слаб во тоа време, но имало скопски клубови кои привлекувале доста публика во тие години и го негувале ракометот исто како вас. Се погодило да сте најдобар ракометен клуб при осамостојувањето на Македонија, ама ништо не трае вечно. И ние бевме неприкосновени во фудбал, па се појавија Ѕинго и Харалампие и Муминовиќ, па го збришаа Вардар цела деценија. Кој ќе кажеше дека тим од факинг Кратово ќе го симне од тронот убедливо најдобриот колектив од Македонија во екс СФРЈ?
Па истото што ни се случи на нас во фудбал, ви се случи на вас во ракомет. Се појави Михо, склопивме добар тим, во некои сезони добивме ветар во грб од судии, ве симнавме од трон. После се појави Минчо, они имаа ветар во грб од судии, па ние сонувавме титула. Кој има пари, прави најјак тим и си освојува титула.
Смешно е да мислиш дека некој НАМЕРНО земал направил силен Вардар за да ја закопал ракометна Битола. Михо е во ракометот сто години, многу пред да влезе во Вардар. Дали Еурофарм намерно влегоа во Пелистер за да се симне Вардар од тронот? Дали Алкалоид формираа свој клуб место да финансираат во европскиот шампион?
Дали Трифчо реши да вложува во Пелистер во 2000-тите за да го симне Михо од тронот?
Кругот се врти, доста само плачете.

Нормално е Вардар да има највеќе спонзори и највеќе пари да се вртат во нашиот клуб. Спореди со соседството, од сите историски клубови од главните градови НИЕ СМЕ УБЕДЛИВО НАЈГРЕВНИ во поглед на инвестиции. Со децении бевме оставани да се бориме против мафијашки структури во клубовите, иако јавно апелиравме дури и кога клубот ни бил најсилен. Кај се случило клуб од реноме на Вардар да остане без стадион, без помошно игралиште, без службени простории?
Не сме за жалење во споредба со другите, највеќе се инвестира кај нас, ама тоа е благодарение на многу фактори. Меѓу кои и самата група, што го одржува клубот да не згасне, прибира многу народ зад себе и на политичарите им е од полза да биде јак Вардар. Колку луѓе излегоа да ја прослават европската титула на Вардар, а колку на Алкалоид?
Затоа и на вас ви најдоа спонзори, демек немаше политичка улога во влезот на Еурофарм во Пелистер?
Само кај вас се е чисто, мајко му стара.
И во фудбал имате премногу инвестиции за успесите кои ги имате. Место да се буните што факинг Мирко Ивановски ви го ставија алфа и омега во клубот, сите ви се криви освен вашите. Миленко бил крив, државата само Вардар го помагала, факултетот ви го уништиле, болницата ви ја уништиле, бла бла.
Колку пати партиски ве вратија од втора во прва лига предизборно? Никој не ви е крив што на толку донесени играчи губите 0-4 од Арсими и од Башкими дома.

Човек кога ве чита, мислиш во Скопје мед и млеко тече. Чекале за некој мост една година, чекале за друго 3 години. А ние да не не чекаме? Се распаѓа се што е државно во Скопје. Сите македонци одат по приватни болници, не знам зошто мислите дека кај нас е подобро и кај вас не се инвестира на сметка на Скопје.
Локалните инвестиции зависат од градоначалниците. Како Колев го среди Велес барем на изглед, Митката го среди Кавадарци, Заев на времето Струмица, едно време Ивица и Стефче во Аеродром и Карпош. Се се тоа поединци, никој не е крив што се неспособни луѓе одбирате за градоначалници. Па не ви го ставија Владе газето скопјани, сами си ги гласате.
На крајот од денот, пола Битола живее во Скопје. Спонзорите ви се од Скопје, Хазбула ви е школуван и растен целосно во Скопје. Близнаците во екипата исто.

И уште нешто ќе кажам, затоа што нели случајот Вардар и Миравци за вас е единствен.
Вардар и Миравци не се фузираа, едноставно им го откупивме нивното место. Да, се направи присилно, по желба на Мијалков, само затоа што Шкендија беше моментален шампион и не посрамотија во Европа со учкарски знамиња. Многу одамна требаше Град Скопје да влезе во тимот, ама кај нас се се случува така, сакаат да се спасители. Двата клуба продолжија да функционираат. Ништо не добивме од нив, ниту еден играч (освен синот на газдата :D), ниту некоја додавка, ниту игравме на нивен стадион.
Претходно тоа го имаа направено Брегалница Штип и Алумина.
После нас малку ги стегнаа законите, па единствено требаше 6 месеци клубот да игра со друго име.
Имаш вакви менувања на места:
1. Брегалница Штип со Алумина
2. Вардар со Миравци
3. Победа со Викторија
4. Македонија ЃП со Треска Шишево
5. Слога со Албарса
6. Слога со Корзо
7. ТИКВЕШ СО ЉУБАНЦИ (кај браќата не сте зуцнале за фузијата, нас муда ни отековте)
8. Тетекс со Лабуништа
9. Локомотива со Пехчево

И тоа ова е така од попознативе клубови.

И на страна фудбалскиве менувања места, го имаме вашиот ракометен случај. Не е фузија, платформа е. Ко некни да беше.
Пцуете се живо и диво од РК Работник. Пелистер оди во плеј аут, Работник во плејоф. Се фузираат тимовите, магично Пелистер оди во плејоф, со 90% играчи и стручем штаб од Работник. Само се менува името на РК Работник.
Луд јебе збуњеног.

Сите тие муабети со државни пари во Вардар, бла бла бла. Кои се тие државни пари? Да, владите помагале да најдеме спонзори, не форсирале, ама ко ќе видиш се влевал приватен капител (на Орце и Брацо). Па да споредиме со вас, со сигурност помалку општински влогови имаме од вас.
 
Последно уредено:
После доброто издание на фудбал, морам да ви ја пофалам и кореографијата.
Веројатно сте мањак у градот со лепак поради големата побарувачка кај ромското (членството за прослава) население.. :noze:
А бе бате, ти изгледа појќе време поминуваш на форум него на стадион. Ако ти снемало лепак во градо,кажи, ќе ти пратиме со пошта само пази да не ти се залепи устата конечно.
 
А бе бате, ти изгледа појќе време поминуваш на форум него на стадион. Ако ти снемало лепак во градо,кажи, ќе ти пратиме со пошта само пази да не ти се залепи устата конечно.
Многу нормално, на стадион не сум бил уште од време на бркот. Уште те држи дрвофиксот, со Господ напред па што поскоро да се сретнеме со вас и таквите ко тебе негде на улица. ;)
 
Многу нормално, на стадион не сум бил уште од време на бркот. Уште те држи дрвофиксот, со Господ напред па што поскоро да се сретнеме со вас и таквите ко тебе негде на улица. ;)
Се сретнавме во Ѓорче
За жал избегавте
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom