Имаше некој мислење (можеби во темава, можеби во темата на ФК Вардар, не можам да го најдам) дека денешнава хуманитарна утакмица е баш погодна за изразување револт (се мислеше на ситуацијата со Миленко). Па имаше спротиставени мислења дека ова е сепак хуманитарен натпревар бла бла.
Надоврзано на муабетов и на муабетите дека навивачките групи треба да бидат еден предводник на промени во системот за подобрување на животот (и просто спас на државава), можам да кажам дека сите групи тотално потфрлија на поле изразување револт од настанов во Кочани.
Се помина стихијно со пар скандирања Кочани, Кочани, некои паролчиња нема да ве заборавиме ваму таму и толку.
Ултрас ноу политика по мене подразбира да не ти биде пресудно твоето партиско убедување во твоето делување во групата, а не да не смееш да искритикуваш се живо и диво што директно влијае на квалитетот на животот, што директно те таргетира како поединец, како член на општеството.
Ете протести требало да водат НВО-а, ама групите можеа да се покажат барем онаму каде што е нивен терен. Со парола на трибина.
Да отераш во курац и комуњарски пички и лажни патриоти и фаците како Свињенко Смрдешковски, сите со нивните 30 годишни постапки заслужни за случувањата во Кочани.
Така ќе им дадеш храброст на оние родители што секој ден излегуваат на протест, а никој не ги ферма и на крај ќе одговараат оние од 100-ти ешалон. Тие смешни пари што ќе им се донираат ништо нема да им сменат во животот, ама поддршката што би ја добиле за да издејствуваат идни системски промени е нешто што сигурно ќе им значи.
Знаевме порано да удриме јако на партиите, се вадеа пароли против портокалови терористи (Комбат на кошарка), против дпмне и сдс (Комити) итн и таков требаше да биде случајот и периодов.