ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Ако мислиш дека поимот национализам е омраза грешиш.
Да не давиме на таа тема кој како нека сфати но СМРТ за овие СМРТ за оние или од другата страна ИСВИРКУВАЊЕ на химна, непочитување на знаме треба да се искорени.
Тоа е нешто заостанато. Идеш на стадион навивај за Вардар или од другиот блок тимовите навивај без сепаратизам и се ќе помине во најдобар ред. По некоја пцовка е нешто нормално на Балканот но величање на терористички организации и повикување на смрт тоа треба да се искорени.
Мое мислење.
Автоматски споено мислење:

Знаејќи у колкав број доаѓа ордата од Арачиново, Чкембари многу озбилно да ја сфатат работата и да се мобилизираат уште денес...
На тоа и мислев. Тоа е тој наш општо земено балкански менталитет, чекај Србите да бидат повеќе од Албанците, Бугарите повеќе од Грците, Македонците повеќе од Хрватите и се така во круг. Не бе иди за својот клуб навивај или како симпатизер седи и бодри го 60 или 90мин. Тоа е навивач и со спонтаност докажи дека без проблем можеш 1000-2000 луѓе да имаш кои го сакаат клубот.
 
Има интересни навивачки баражи и за борба за втора лига.

Кожуф-Борец (30 мај, Кочани)
Саса-Лисиче (30 мај, Кратово)
Тетекс-Влазними (31 мај, Ѓорче Петров)
Победа Валандово-Камењане (30 мај, Штип)

Фантоми навиваа активно во последно време. Гемиџии мислам дека воопшто немаат навивано со години, ама ќе навиваат за бараж со сигурност. Веќе има објава за гага превоз :D

Војводи ќе имаат дуел со пациентине Patriotet што час навиваат за Влазними, час за Струга Трим Лум. Пред 15+ години беа доста активни, сега се собираат по потреба еднаш на 5 години.

Калинкари ќе навиваат за Победа. Камењане немаат навивачи, ама секако ќе се зберат цело село, затоа што прв пат имаат шанса за втора лига.

Саса и Лисиче немаат некои класични навивачки групи, ама ќе се соберат луѓе што ќе "навиваат" под знамиња на Багери и Лисици.
 
Back
На врв Bottom