Не заборавај дека сите тие добри идеи кои придонеле групата да смисли кореографија, песна, скандирање, дизајнира знаме, графит, акција од било каква природа доаѓаат од еден ум и негова идеја. Тој предлага и другите прифаќаат. И во обратен правец е иста работата, ако се сака нешто да се искорени, доволно е еден да предложи (секако на адекватно место и пред адекватни луѓе). Се што не е добро, треба да се корегира, ова со “не е дел од групата“ и “дебилизам“ ти се многу несоодветни термини и неадекватни, тргни од тоа дека оградување од нештото се прави за да се осветли образот на групата и да придонесеш групата да е со подобри очи гледана од останатите, како и за тоа да ги подобриш работите што не чинат, да укажеш каде што има проблем. Подебилно е да ќутиш и да кимаш глава него да се оградиш. Патем и примерот ти е несоодветен, воопшто не е адекватен на примерите јас што ги кажав, кои ги посочив дека се згрели за оградување. Ако некој фрла бакља на терен и ја оштетува тартан патеката, тогаш твое е да укажеш и да се оградиш од таквиот чин да речеш “Поединец само фрли, другите на земја ги остававме, не е дека сите од Комити фрлаа, не го поддржувам тоа“, ова е оградување. Ако некој влета на терен, самиот чин по себе не е ниту за оградување ниту за неоградување, ако потоа замавне со бакља и погоди рендом девојче на трибина, коректно е да се пише “Не е океј ова, бакљите не се заебанција, особено кога некој не ги очекува, имаше смртен случај на Партизан-Звезда итн итн“. Се надевам се разбираме, се што не е океј треба да се посочи. Еве конкретно салата дека спомна, скроз не е океј гагање со бакљи ниту со друг тврди предмети преку обична публика во сала и се надевам дека тоа ќе се искорени.