ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Во сите држави десничарските организации и во модерно време десничарски инфлуенсери повикуваат на протести за менување на корумпираните системи од кои страдаме ние како обичен народ, само кај нас истите повикуваат да нема протести, да било смирено, некој ќе кревал тензии.
Во оваа држава само навивачи имаат муда да направат инциденти (што се докажало на сите протести од Смилковско, Талат Џафери, зачетоците со објавата на бомбите кога им пукна филм на сите, промена на името, францускиот предлог итн), да не ќе направи инцидент некои партиски испрдоци или либтарди (кои и како такви имаат поголеми муда од квази патриотите). Имало опасност со протестите да се врателе сдс на власт, јао мори мајко. Тие мртовци господ не ги воскреснува, проблем е како нивниве браќа од дпне (затоа што со ваков народ и опозиција ќе владеат уште 100 години) да ги насочиме на патриотски пат, а не на лоповски. Како ние самите да се тргнеме од тој митаџиски мајндсет кој го имаме, кога ќе дојдеме на функција.

Да не коментирам што дел од овие инфлуенсери се вработени од дпне и со странски фондови одат на разни конференции низ Европа, ништо подобри од соросоидите.
 
Мислам дека е правилна одлуката. Јас искрено пре би отишол во Кочани да положам цвеќе, отколку да се качам во автобус и да одам на фудбалска утакмица. Навистина нема енергија за ништо, болката е преголема. Подобро парите за автобуси кои би ги собрале да се донираат за нашите херои кои се борат за живот во Македонија и ширум Европа.
 
Јас да се прашувам најдобро е да нема навивање до крај на сезона.Следење на натпревар од навивачка трибина без песна и навивање.
Ме интересира ставот на групата за мечот Вардар Звезда кои ќе биде.
 
Јас да се прашувам најдобро е да нема навивање до крај на сезона.Следење на натпревар од навивачка трибина без песна и навивање.
Ме интересира ставот на групата за мечот Вардар Звезда кои ќе биде.

Ништо не праиме со тоа.
Може нешто подобро и попаметно со присуство, ДА ГИ поддржиме семејствата, да најдеме некое решение да бидеме со тие луѓе кои ги минуваат најтешките мигови.
 
Ваша одлука , но мислам е грешка .
Секако на никој не му е до фудбал и навивање , ама требаше масовно присуство и од ваша страна и само со транспаренти да помини утакмицата без никакво навивање од двете страни.
Со тоа ќе се испратеше јака порака до ова банана општество дека и двете групи шо не сакат очи да си видат , преку глава им е од корумпирана и партиска држава и се обединети против корупција и криминал .

п.с. Се надевам ова одлука не ви е под притисок од ....
 
Не, немат никакво влијание притисоци, ниту некој успева да направи притисок.

Во петокот 14.03 од 15 00 часот работен ден со Шкендија, се појавивме во голем бројка токму и ради инает и ради обидите некој со лош термин да влијае на бројката.
 
 
Во име на групата и здружението ,,35 години Вардарци” ги демантираме сите лаги кои ги изрече лицето Миленко Неделковски.

Во своите обиди да го разниша единството кое владее помеѓу Вардаровата јавност и со цел поткопување на заедничкиот став против Управата на клубот, дотичното лице повторно се служи со лажни обвинувања без притоа да приложи било каков аргумент.

Целта е јасна: дефокус и избегнување на личната одговорност за досегашните лошо менаџирање на клубот и создавање лажна слика дека некој друг, а не самиот тој е виновен за атмосферата на релација навивачи - Управа!

Нашиот став

Борјан Ефтимов, лицето кое во своите објави Миленко Неделковски го поврзува со нашата група и нашето здружение, ниту е член на здружението, ниту е дел од оснивачкото Собрание, како што се наведува.

Со самото тоа, паѓа во вода обвинувањето дека здружението во било кој момент било злоупотребено за цели кои не се поврзани со основните начела на здружението, а тоа се: Афирмација на ФК Вардар и борба за клубот. Како тогаш исти сме и сега, до крај верни на клубот и групата!
FB_IMG_1743276289550.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom