Ти давам ЗБОР!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Од оние кои им верувам зборот ми е доволен за се...оние другите некако скаптично ги гледам нио можат и тие да влезат во првиот шешир...кога давам збор гледам да го испочитувам до крај...доколку од некоја причина неможам да го направам тоа им се извинувам со време :smir:
 
denes covek gleda da te zaeba a da ti pomogne tesko.veruvam site sme imale vakvo iskustvo
 
Ништо на овој свет нема помала тежина од дадениот збор.

Со убав збор и со пиштол ќе постигнете многу повеќе отколку само со убав збор-Алка Поне:toe:
 
Скоро секогаш сум скептик. Не верувам многу во луѓето дека сето што ќе го кажат, така ќе испадне. Ако ме замолат за услуга, не ветувам, затоа што знам дека можно е да испадне ништо од сето тоа. Сепак повеќе ценам луѓе кои се кратки на зборови а извршуваат дела колку што можат, отколку луѓе кои ветуваат, а грото од ветеното не го исполнуваат.
 
Да се има збор е голема доблест.
Нема више чест. Порано честта била важна работа. Ако си ја изгубел не почитувале, не си бил човек за нив више. Сеа, друга е реалноста. Се верува на збор само на тие што заслужиле доверба, а и на нив не којзнае колку. А за другите да не праам муабет, све се зема со резерва.
Такво е времето.:nesum:
 
Ма оваа реценица "Ти давам збор" ми е најдобро мерило за вистинската вредност и искреност на луѓето, значи прво се трудам да им поверувам во реченицата па по неко време го чекам исходот (а со текот на времето тие самите си паѓаат во стапицата) и на тој начин ги селектирам луѓето во мојата близина!!!
 
Море ништо не бидува од збор-дела се бараат!
Затоа никогаш не си земам здраво за готово кога некои луѓе ќе ми ветат нешто,секогаш сум со резерва додека не се покаже ветеното на дело...па дури и од најблиските луѓе :icon_eek:
А јас...па јас гледам што е можно помалку да ветувам-јебига неможам на секого се да погодам и се да му завршам и си кажувам искрено:ако можам да средам работа ок ако не здравје.
 
Добро сега ми се има случено да ветам нешто и од објективни или субјективни (повеќе субјективни причини) да ми се случи да не исполнам човек сум. Ама во последно време ретко ми се случува тоа, ако речам дека го сечам малиот прст од левата рака тогаш и го сечам :).
Судбински сум поврзан со мојот збор, мојата храброст и смиреност во одредени ситуации.
Значи да не го тупам многу, ако речам дека ќе биде, а бре има да биде без разлика на цената што треба да се плати или одговорноста што треба да се преземи.
 
Ти давам збор дека те сакам:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom