This Is Us

  • Креатор на темата Креатор на темата Hulse
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 октомври 2012
Мислења
815
Поени од реакции
511
This Is Us е серија која почнува со три различни приказни на луѓе, навидум неповрзани меѓусебно, на кои подоцна им се вкрстуваат патиштата. Само што ја изгледав првата епизода, и бев пријатно изненаден од крајот. Иако имам изгледано само една епизода, од ова што можам да го видам, серијава има голем потенцијал и топло ја препорачувам на секого што ја нема започнато.
*Не успеав да пронајдам тема за серијава, но доколку има таква, слободно нека се избрише оваа.

 
Немам прочитано лош коментар за серијава, ставена ми е на листа за гледање и дефинитивно ќе ја гледам, но ја чувам за подобри времиња.
Пред некоја недела ја обновија за втора и трета сезона.
Низ интернетов многу се споредува со Parenthood, што малце ме разочарува, ја изгледав нејзе и не е нешто посебно добра, онака, средно ниво. Оваа се надевам дека е одлична.
 
Нешто слично како филмот "Babel", кој го гледал знае... (речиси секој трет ден го даваа порано на Сител 3) :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom