The Young Pope

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.426
Поени од реакции
6.126
the-young-pope-tile-addd084e.jpg


Под режисерската палка на Паоло Сорентино (режисерот на The Great Beauty) неодамна излезе најновата серија The Young Pope.

Серијата раскажува контроверзна приказна за најмладиот, 47 годишниот комплексен лик Лени Белардо (Јude Law) Американец, кој неочекувано е избран за папа, како и за почетокот на неговото владеење во Ватикан. Одблиску се запознаваме со католичкиот врв, интригите во тамошните „редови“ и меѓусебните човечки односи како и односот со Бог којшто тие го имаат.

Jude Law е главната ѕвезда во серијата, а се јавува и како продуцент кој генијално ја врши својата двократна улога. Тука е и оскаровката Diane Keaton во улога на сестра Мери која го надополнува ликот на младиот Лени.

Засега се излезени 8 од планираните 10 епизоди, а фановите се надеваат и на втора сезона.

Ја гледа ли некој, какви се впечатоците?
 
Знам дека е снимана по вистински настан He was the head of the "True Catholic Church," a small conclavist group that elected him Pope Pius XIII in October 1998. He resided in Springdale, Washington, United States. Ова е од неговата страница на википедиа https://en.wikipedia.org/wiki/Lucian_Pulvermacher и тој всушност ги смета сите папи после Пиус 12ти неважчки, односно после 1958 година, и не го признава Вториот Ватикански Совет и одлуките кои биле донесени. Значи тој нема никаква врска со Ватикан, никој не го ни есапи дечково, некој шекнат Американец, е сега не знам како е во серијата ова јас го дознав од истражување кое го направив кога дознав дека испаѓа серијата да видам за што се работи, но бидејќи станува збор за ХБО, Скај и Канал+ сигурно станува збор за некоја драматизирана фикција. Секако во план ми е да ја погледнам, ама ми е преполн распоредот со други серији кои ги гледам сега, ама понатаму може да ја погледнам.
 
По препорака на @Вокерка ги изгледав 8те епизоди од серијата. :)

Пред да ја гледам серијата знаев само дека глуми Џуд Лоу и дека добил генерално добри критики за ликот на папата. Не знаев кој е режисерот (додуша не го ни знам режисерот) ама уште на почеток имаше сцена која е речиси целосно идентична со една сцена во Youth. Изгуглав и видов дека е истиот режисер.
И при гледање на Youth, но и на серијава, некако како да здрмува режисерот со сцените. Иако „ништо човечко не ми е туѓо“ сепак природата на човечкот карактер, знае да помести од место. Едноставно не остава простор за рамнодушност.

Мене ми се свиѓа приказната и дијалозите. Допадливи ликови нема, мислам дека никој гледач не би сочувствувал со некого, ниту пак би застанал на нечија страна затоа што во папската курија сите имаат помалку или повеќе извалкани раце.
 
Серијава ќе има некогаш втора сезона?
Си барам кратки, интересни серии што нема да ги гледам со недели, па ќе биде добро ако се само 10 епизоди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom