The Good Doctor

  • Креатор на темата Креатор на темата Cannon
  • Време на започнување Време на започнување

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.104
Поени од реакции
5.842
Daily_Commentary_10_20_17.jpg


Од креаторот на Dr.House David Shore ни доаѓа нова медицинска драма The good doctor во главна улога е младиот Freddie Highmore детето од добро познатиот филм August Rush.

На прв поглед кога ќе слушнете за серија од ваков тип ќе речете оу не пак медицинска драма, па зар уште ли не ја исцрпија темата ER, и Grey's anatomy?
Но ова е малку поинаква серија од тој тип. Серијата се врти околу хирушкиот стажант Д-р. Шон Марфи, кој има аутизам и савант синдром кој му предизвикува потешкотии при комуникација и со пациентите и со колегите.
Токму таквите ситуации се она што ја прави серијата одлична, и од друг аспект, а тоа е да се види животот на луѓето со аутизам и како они можат да допринесат за општеството.
Глумата на Freddie Highmore е сосема солидна (за која има и номинација за Златен Глобус) и ја доловува токму таа порака, дека лицата со аутизам не треба да се отфрлаат од општеството.
Музиката е второ нешто што ми се допадна во серијава, имаат добар избор направено, баш за секоја ситуација во која се наоѓа приказната која музички ја надополнува напнатоста во некои моменти.
Моментално сум до 7 епизода од 22 вкупно, а се снима и втора сезона.
Ќе ми биде мило доколку некого заинтригирав, а е љубител на медицински драми да ја погледне.
 
Ја гледав и доста е добра, оригиналната Корејска серија е нешто подобра, но е занемарливо.
 
Чекав да видам дали ќе и дадат втора сезона, па веројатно да дозавршам со гледање на почнатото ќе ја симнам. Фреди е многу добар, не се сомневам дека глумата е одлична, бар од негова страна.

Од сите овие глупи пропаганди што ги тераат Америве, единствено ми се допаѓа ова што почнаа да прават повеќе серии со тематика за аутизам, аспергер и другите синдроми. Може луѓево малце од малце ќе се едуцираат, а не само глупости да се тропа на такви теми.
Кога сме кај ова, Нетфликс има одлична серија, Atypical, сега за брзо ќе биде втора сезона. Лесна за гледање, интересна, комична драма.
 
Вчера ја завршив.
Супер сум задоволен, го има тоа што го барав од една медицинска драма, тензија, интересни случаи и уште поинтересни меѓучовечки релации.

Новата сезона треба да почне наскоро ( за три недели одприлика), а Фреди (Д-р Шон), го напишал сценариото за првата епизода од втора сезона, па да видиме како ќе иде понатаму приказната.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom