The Crazy Ones

  • Креатор на темата Креатор на темата Iceboy
  • Време на започнување Време на започнување

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
images
Еден од ситкомите на CBS кои започнаа оваа година, со човекот кој после долго време пак растура. Робин Вилијамс во улогата Сајмон Робертс кој е главен на агенција за рекламирање. Уште кога видов дека Робин се враќа, се хајпнав за серијава и знаев дека не ме разочара (иако имдб не мисли така...). Освен него се врати и Сара Мишел Гелар, а другиве тројца кои се во главниве улоги мене ми беа анонимуси, али се вклопени (иако Линклатер знае од време да ја затупи и досега он ми е најтапа лик).
Значи агенција за рекламирање, далеку поразлична од сите други, како се привлекуваат клиенти, внатрешните борби во агенцијата, сите напори кои треба да ги направиш за да задржиш клиент и уште многу други случки. Неизбежен дел од секоја епизода е раскажувањето во кратки црти на Сајмон за некоја негова случка од минатото полна со комични моменти. На секоја втора/трета епизода имаат некој "VIP" гостин кој најчесто се игра самиот себеси. Кели Кларксон се појави уште во пилотот, потоа во една епизода ги имаше Ангелите на Викторија предводени од Адријана Лима, во последнава излезена беше Ешли Тиздејл.
Се на се од мене засега има 8,5 уживам додека ја гледам секоја епизода, забава се сите ликови, Сара ми беше малку здрвена на почеток, сега се вклопи и она одлично.
Препорака од мене да ја гледате.
 
Јас ја гледав и ја стопирав на петта епизода, но не затоа што не ми беше добра туку што ми беше премногу добра да чекам наредни седум дена за ново уживање, па си ја планирам за лето. Робин како да е на дрога во серијава :LOL: Сара е премногу сериозна за улогата (n)
 
@MyloXyloto земено у обзир дека само јас и ти ја гледаме серијава, 16тава епизода е епик, нон-стоп се смеев, не се нормални сите од прв до последен...
 
@MyloXyloto земено у обзир дека само јас и ти ја гледаме серијава, 16тава епизода е епик, нон-стоп се смеев, не се нормални сите од прв до последен...
Ја оставив јас за лето наеднаш, многу комедии оставив за тогаш, се изнервирав од сите паузи :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom