The best of Коља

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Абе признај си дека пандо ти е убав. :D
@Bojan Van Buuren веќе кажа дека е убав :)
@Syn и @MissBiss постираат слики ко да се вљубени во пандо :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1427326826][/DOUBLEPOST]

Мене ми изгледа дека ќе заврши ко ТИТО. :cuc:
Јa дoмa иaм 5 пoстери oд Пaндoв метрo нa метрo секoј зaлепен нa рaзличен ѕид плус еден нa тaвaнoт нaд кревет и рaкaтa ми е целo време дoле if you know what I mean :icon_lol:

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Сите пари што сорос и американците ги даваат е за нашата надворешна политика се поклопи со нивната, а за друго правите што сакате. Сите политичари го знаат ова и затоа секој што ќе влезе во политика сака да се нафатира добро.
Инаку реакцијата на Коља е на право место, секој нормален ќе изреагира така, замисли во некоја емисијата гостуваш и опонентот ти вика дека си педофил и слично, па на секој нормален што слушнал лаги во лице ќе му зоврие крвта.
Исто така, се шпекулира дека владата секоја година донира околу 20 милиона за телевизиите, наспроти оние 5 милиона од Сорос, работата е дрште лопова.
И да биде уште поголема мизерија и иронија, многу од возилата на јавните претпријатија се донација на некоја држава, скопје е изградено (после земјотресот) како донација, многу од реформите кај нас се прават со пари што се донација/грантови, а да државните криминалци парите од буџетот за таа намена си ги искористуваат за нивно одомаќинување како принцови, што за кафани и циркузи од споменици и дел од тие пари за нешто да изградиме
Затоа кога следниот пат ќе видете некое камионче како собира смет, погледнете подобро и ќе забележете налепница дека е донација.
Парите од Сорос и сличните фондации барем се користат за нешто добро (добар дел) т.е таму каде парите од буџетот треба да се користат, но замката е да имаме надворешна политика слична на земјите што ги поседуваат тие фондови, за домашната политика никој не не замара што треба да правиме.
 
Мислам дека сите може да се согласиме дека вакви дебати се многу корисни и ја збогатуваат демократијата.
 
... за домашната политика никој не не замара што треба да правиме.

Навистина ли е се така бенигно?
Епа не знам колку е розов светот во кој ти живееш, ама еве неколку ОЧИГЛЕДНИ моменти (кои од авион може да се видат и) кои велат дека реалноста не се согласува со твоето мислење. Ја знаеш Реалноста? Она заебано нешто што не мава по глава секогаш кога премногу ќе забегаме?

Не? Нејсе, еве ги моментите за кои зборував:
- војната со претставниците на увезениот „албански проблем„ во кој „борци за права„ со оружје убиваа луѓе за да ги подобрат „малите права и слободи„ на малцинството кое ги има НАЈГОЛЕМИТЕ права и слободи кои некогаш некое малцинство ги имало било каде.
- отворениот етнички конфликт со кој нашава држава се држи како заложник повеќе децении.
- огромната количина нелегално оружје, кое во најголема мерка е во посед на албанската етничка заедница, оружје кое е алатка во дефакто заложништвото на Македонија.
- последната територијална поделба со која процентуално се намали бројот на македонските пратеници во собранието.
- огромна стапка на корупција на сите нивоа на власта.
- власт под заложништво на странскиот фактор.
- корумпиран најголемиот блок на опозицијата, под директна контрола на странскиот фактор.
- држава каде најголемиот дел од популацијата се зомбифицирано стадо овци.
- јавност без критичка свест и гласачко тело кое на изборниот процес му пристапува навивачки, со се знамиња и скандирање, без и најмала доза на разбирање на суштината на процесот преку кој се одбираат тие што ти ја одредуваат непосредната иднина.
- Итн, итн...

Можам бачка многу странци текст да пополнам набројувајќи ги проблемите од внатрешен план. Пак ќе ти кажам, не знам во кој свет ти живееш - ама во реалниов свет ПРОБЛЕМИТЕ НАМЕТНАТИ ОД НАДВОРЕШНИОТ ФАКТОР, СЕ ТИЕ ШТО ПОТОА НИ ЈА ДОМИНИРААТ ДОМАШНАТА ПОЛИТИКА. А тие таквите како Сорос и разните пратеници на „западот„ се тие што ни ги мешаат лончињата овде дома кај нас. Тоа посебно важи за Сорос, кој исто така бенигно (како што велиш ти) им направи цивилна војна во Украина. А ако таму се закрвија Православни со Православни, колку ќе е проблем (по потреба) истото да се направи и во Македонија - каде работите и онака „западот„ си ги држи како замрзнат конфликт кој во секое време може да се одмрзне и да се активира.
 
@Vanlok

Албанскиот проблем е домашен, овде живеат 30% или колку и да се, со амбиции за понатамошна експанзија. Проблемот постоел и ќе постои независно од било каков надворешен фактор.

Ние по дефиниција сме биполарна, мултиконфесионална држава уште пред тоа и формално да го напишеме во уставот, хартијата трпи се, ако утре донесеме поинаков устав Албанците нема да исчезнат.

Заложници сме но не на надворешен фактор него на Албаското малцинство. Да избие конфликт сами ќе побараме надворешна помош, нема потреба некој од надвор да ни ја наметнува.

Патем членовите на СОРОС фондацијата се јавно достапни. СОРОС е присутен овде и кога сегашната власт била во опозиција...

Соодносот Македонски - Албански пратеници ќе се промени ако се промени изборниот закон и од 6 да преминеме на 1 изборна единица. Јасно ти е зошто имаме 6 изборни единици? На ова поле сеуште се држиме но неизвесно е до кога.

Патем СОРОС не е единствениот преку кој јавно странски пари влегуваат во Македонија, но на власта и боде очи затоа што се коси со нивната агенда да елиминираат било какво критичко мислење.
Пример, влегуваат пари и преку УСАИД. Но нешто слабо кампања по медиуми за овие пари и како се трошат.

Кои се членови на СОРОС фондацијата е јавно достапно. А можело финансирањето да биде тајно, без некави фондации, но фондацијата е регистрирана и функционира најнормално во согласност со позитивното законодавство на РМ.
Вистинското прашање е кои се на платни списоци на тајни служби а се на поставени на извршна функција, а не може да нема такви, слабо нешто од нашиве служби во разоткривање на такви случаи. Кај нас опозиционери кои што немаат допир со извршната власт се обвинуваат за субверзивни активности.
 
Мислам дека сите може да се согласиме дека вакви дебати се многу корисни и ја збогатуваат демократијата.
:pos::pos:

Сериозно, што виде ти корисно во оваа дебата?
 
@Атлантист се извинувам не можам да разберам како иде ова мултицитат:Па морам вака:-)
- Албанскиот проблем е домашен, овде живеат 30% или колку и да се, со амбиции за понатамошна експанзија. Проблемот постоел и ќе постои независно од било каков надворешен фактор.
* Од кај ти се воие податоци? По се изгледа и самиот си Албанец. Дали 20% живеат тоа е прашањето.

- Ние по дефиниција сме биполарна, мултиконфесионална држава уште пред тоа и формално да го напишеме во уставот, хартијата трпи се, ако утре донесеме поинаков устав Албанците нема да исчезнат.

Заложници сме но не на надворешен фактор него на Албаското малцинство. Да избие конфликт сами ќе побараме надворешна помош, нема потреба некој од надвор да ни ја наметнува.
* Биполарна? Мислиш како она пореметувањето? Никој не вика дека албанците ќе исчезнат ама се знае кој е доминантен народ во државата. Ова е национлна држава на Македонците затоа што НИЕ сме ја изградиле НИЕ сме ја посакувале. Сите други кои сакаат да живеат во национлната држава на Македонците се добредојдени.
- Патем членовите на СОРОС фондацијата се јавно достапни. СОРОС е присутен овде и кога сегашната власт била во опозиција...
* Да де. Еден ист човек ја води таа фондација овде преку 15 години - бившиот член на најтесното ракводоство на СДС - Владимир Милчин. ПАТЕМ беше прогласен за кодош и не видов некој да застана во неговата одбрана а самиот не негираше делови од тоа досие. Многу демократски нели 15 години кодош бивш висок член на партија.
- Соодносот Македонски - Албански пратеници ќе се промени ако се промени изборниот закон и од 6 да преминеме на 1 изборна единица. Јасно ти е зошто имаме 6 изборни единици? На ова поле сеуште се држиме но неизвесно е до кога.
* Бројот на пратеници албанци минатиот пат беше рекордно низок. Знаеш зошто? Пошто нема излезност а нема излезност затоа што...нема луѓе! Не се ни 20%.
 
:pos::pos:

Сериозно, што виде ти корисно во оваа дебата?
Тоа беше моја мала фашистчка шала со која се обидувам да докажам дека дебатирањето (барем на овој начин) е срање. Во случајов во (наводен!?) недостиг на дебати по медиумите телма и 24 вести се обидоа да го пополнат тој простор со милион дебати во краток временски период. И што се изроди од тоа? Се релативизираа работите, почнаа да викаат безвезе гости (па тоа е толку луѓе има у МК) и почнавме да гледаме циркуси. Ефект скоро и да нема како и секогаш едните остануваат за едните другите за другите а ТРЕТИТЕ најбрoјните К ги боли :-) Со други зборови се претера со демократијата :)
 
@Brutus
25% Албанци, 33% Муслимани, на пописот 2002 . Нагласив (30% или колку и да се) ако бараш влакно во јајце, а соодносот на наша штета се менува уште од 50-стетите наваму. Но поентата беше сосема друга, а не да го игнорираме проблемов и да се самозалажуваме.
 
Исто така, се шпекулира дека владата секоја година донира околу 20 милиона за телевизиите, наспроти оние 5 милиона од Сорос, работата е дрште лопова.

Гошев изнесе фрапантни цифри за 7.000 волнтери кои се на платен список на МВР на кои им се плаќало од 600.000 до 800.000 денари.

 
Ајде сега и перо од пирава влезе на темава за коља :-)
 
@Brutus
25% Албанци, 33% Муслимани, на пописот 2002 . Нагласив (30% или колку и да се) ако бараш влакно во јајце, а соодносот на наша штета се менува уште од 50-стетите наваму. Но поентата беше сосема друга, а не да го игнорираме проблемов и да се самозалажуваме.

Не бачка, знам дека ти би сакал да ја намалиш важноста на бројот на Албанците ама нема да може тоа така лесно да помине.
Условите од рамковниот договор се „СЕ САМО НЕ СЕ ВЛАКНО ВО ЈАЈЦЕ„ ОК?

Неколку додатни прашања:
(покрај оние претходно, за несобраното нелегално оружје, и држењето на државата како заложник од тие што го контролираат „албанското прашање„)
- Рамковиот договор некаде не вели Муслимани, туку Албанци.
- Муслимани не-е-еднакво-на Албанци! Муслимани имаш и Македонци, Турци, Роми, итн, итн... И понатаму, ве има Сунити, Шиити, а во последно време и Вахабисти (да претпоставам дека ти си од последниве?)
- Зошто Албанците (или тие што ви ги влечат конците) не дозволуваат да се направи попис? Да да, знам дека ова е ретардирано прашање во една „суверена„ држава... но ете редно е да се постави и тоа прашање.

Нејсе, сите ги знаеме одговорите. Албанците не се ниту 20% од населението во РМ, затоа нема попис. Сегашнава влада наводно сакаше да направи попис, ама „неуспешен„ бил обидот, демек некој со сила мора да ве тера да се попишете - не се попишувајте и Рамковниот договор автоматски паѓа во вода. Ама тогаш одма доаѓа „Че го пукам„ доктрината.
Не ги оправдувам овие што се на власт, очигледно со нешто го продадоа правото на извршување на пописот - кој МОРАШЕ ДА СЕ ЗАВРШИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА.

Ете затоа велам дека примарно суштинско прашање за самостојноста и просперитот на Македонија е решавање на проблемот со нелегалното оружје, и со тоа запирање на картата нестабилност заради „албанското прашање„ кое го користи странскиот фактор (западот поточно, САД најточно).

Затоа сега ја терате приказната „не ги бројте Албанците, бројте ги Муслиманите„. Америчката доктрина, „лагата која доволно пати ќе се повтори ќе стане вистина„.
Ако ние Македонците не се освестиме, и тоа наскоро, крајот ни е блиску. Многу крвници ни се собравте, не само надворешни - туку внатрешни.


Заложници сме но не на надворешен фактор него на Албаското малцинство. Да избие конфликт сами ќе побараме надворешна помош, нема потреба некој од надвор да ни ја наметнува.
Ни ти не си во право, затоа што „алабанското прашање„ немаше ни да постои без директна инволвираност на надворешниот фактор. И ајде да не вртиме окулу грмушката, тој надворешен фактор е САД.
 
Абе признај си дека пандо ти е убав. :D
@Bojan Van Buuren веќе кажа дека е убав :)
@Syn и @MissBiss постираат слики ко да се вљубени во пандо :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1427326826][/DOUBLEPOST]

Мене ми изгледа дека ќе заврши ко Чаушеску. :cuc:

Џабе ми е и да сум заљубена во него, не носи од такви како мене на Миконос. :place::place::place:
А баш би сакала да го видам со крилцата во живо.
 
Ни ти не си во право, затоа што „алабанското прашање„ немаше ни да постои без директна инволвираност на надворешниот фактор. И ајде да не вртиме окулу грмушката, тој надворешен фактор е САД.
Мислам дека то не се мои зборови :-) Не мислам дека ќе бараме ниту има потреба да бараме надворешна помош. Се знае којк бара надворешна помош во регионов секогаш кога ќе згусти...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom