The Agency

  • Креатор на темата Креатор на темата Magic Mike
  • Време на започнување Време на започнување

Magic Mike

The difference between me and dem, my love is pure
Член од
20 септември 2023
Мислења
2.976
Поени од реакции
6.537
1000012494.jpg

The Agency e шпионски трилер каде што главната улога ја толкува Мајкл Фасбендер а покрај него глумат и Џефри Рајт, Ричард Гир и Џоди Тарнер-Смит. Еден од главните продуценти на серијата е Џорџ Клуни.
Приказната го следи „Марсовецот“ (Мајкл Фасбендер) таен агент на ЦИА кој добива наредба да ја напушти својата тајна мисија и да се врати во лондонската канцеларија. Нештата се комплицираат кога во неговиот живот повторно ќе се појави љубовта што ја оставил зад себе, ставајќи ги неговиот идентитет, мисијата, лојалноста и емоциите во директен конфликт.
Ми се допаѓа серијава бидејќи фокусот го става на психолошката драма, реалистичната шпионажа, бирократијата и геополитиката.
Фасбендер е феноменален во серијава и неговиот лик е master manipulator но токму затоа е и одличен агент.
Веќе се излезени две сезони од серијата а ќе има и трета.
 
Back
На врв Bottom