Техники за БРЗА ПОМОШ

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување

Колку знаете за ваквите техники?

  • Ги знам овие техники

    Гласови: 35 59,3%
  • Не ги знам овие техники, ќе се потрудам да ги запаметам

    Гласови: 24 40,7%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Наидувам на вакви брошури од разни области, на македонски напишани од Австралиските власти.
Навистина е жално што единствен извор на македонски за некои работи се австалиски преведени бошури.

Овие властите што се истрчаа да го бранат името на јазикот во ЕУ нека видат дека Австралија повеќе се грижи за промоцијата на јазикот на интернет за секојдневни теми отколку тие.

Единствено корисно на македонски од областа на здравството на интернет се овие прирачници кои се наменети за лекари и не им се баш корисни на пациентите.

http://moh.gov.mk/index.php?category=67
 
Благодарам,баш нешто од ваков тип барав ...

Би можеле и нашите лекари да се потрудат да напишат свои статии,да бидат по активни !
 
Кога ќе се исечете негде малку не е потребно да ставате фластер, бидејќи раната побрзо ќе зарасне ако не ставате. Само измијте ја раната со алкохол.
 
Наидувам на вакви брошури од разни области, на македонски напишани од Австралиските власти.
Навистина е жално што единствен извор на македонски за некои работи се австалиски преведени бошури.

Овие властите што се истрчаа да го бранат името на јазикот во ЕУ нека видат дека Австралија повеќе се грижи за промоцијата на јазикот на интернет за секојдневни теми отколку тие.

Единствено корисно на македонски од областа на здравството на интернет се овие прирачници кои се наменети за лекари и не им се баш корисни на пациентите.

http://moh.gov.mk/index.php?category=67
Статиите пишани на интернет од наши лекари секогаш ги земам со резерва, пошо неколку пати кога сум сакала да прочитам нешто сум видела дека врска си нема бараниот поим со статијата напишана од лекар, па сум се послужила со гугл и статии од други земји - доктори. Така да мој совет ви е кога и да барате информации од областа на медицината да проверувате повеќе статии напишани од повеќе доктори од различни земји.
 
Благодарам,баш нешто од ваков тип барав ...

Би можеле и нашите лекари да се потрудат да напишат свои статии,да бидат по активни !
Во врска со техники за брза помош како и пооделни случаеви од секојдневна пракса наскоро од мене очекувајте детално презентирање на брза дијагностика и постапување,решавање и ординирање на итна терапија.. Пред се ке биде наменето за лекари но сепак кој се интересира може и да научи нешто..
Ќе биде пред се од медицина заснована на докази ..
Сметам дека образованието кое што се нуди на нашите доктори во Македонија е големо но не е систематизирано, сувопарно е и нема насока кон која би можел лекарот да се уште кога дипломира да биде веќе спремен за пракса..
Така да ќе видиме дали мојава идеја ќе даде некој резултат.
 
Значи не е за темелни постапки на оживување, него за дополнителни прашање. Ако за возрасна особа ни треба 1мг/мл, една ампула адреналин + 9 мл физиолошка, за дете 0,01 мг/мл ... како да знам колку е 0,01? Значи ако од ампулата го земам тој 1 мл (воедно имам 10 мл шприц) и дополнам до 10мл со физиолошка...тоа е ок, оди некако, ама ако имам дете.. како со ампула адреналин, да припремам 0,01? Или да припремам прво 1мл адр.+ 9мл 0.9 %NaCL, и од тоа да одзмемам? Ајде медицинари :X3:
 
Од техники за прва помош ги знам... Првенствено местење на повредениот во странична положба во случај да е давеник, се онесвестил итн. Потоа масажа на срце, вештачко дишење. Исто така и имобилизирање на рака и нога не паметам како се викаа стручно имобилизациите али знам да ги направам. Знам и преврска при обилно крварење во услови за прва помош итн. Фала богу сум немал прилика и потреба да ги направам овие начини за помош и спасување али не сум сигурен во реални услови колку ке бидам прибран да го направма ова.
 
во врска со денешните манифестации
index_1.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom