Тетовирање на името на партнерот/партнерката

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би го истетовирале името на партнерот/партнерката?


  • Вкупно гласачи
    320

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
Гледам се повеќе луѓе,а посебно ѕвездите го тетовираат името на својот партнер.

1.Дали вие би се одлучиле на таков чекор?

2.И што ако по тетовирањето ја раскините врската.Дали ќе ја оставите тетоважат, ќе ја отстраните или ќе ја претворите во некоја друга?
 
Нема шанси да се деси!
Ако некогаш решам да се тетовирам, тоа нема да биде име на партнерот.
 
За малце ке ја направев оваа грешка , 8 дена беа во прашање ... Но послем се што бидна сватив дека ова ке беше само голема грешка
 
Мислам дека тоа е најглупата работа шо може да се направи кога тетовирање е во прашање, simply because како што рече погоре Madchen, што ако раскинеш и веќе ништо не ти значи тој/таа? Не знам што би значела таа тетоважа. Никад не би се истетовирал со името на партнерката, дури и да е “љубовта на мојот живот“. Никад
 
За малце ке ја направев оваа грешка , 8 дена беа во прашање ... Но послем се што бидна сватив дека ова ке беше само голема грешка
Сакаш да кажиш дека не си повеќе со девојката,па затоа ќе беше грешка.Или онака размисли и реши да не правиш таква тетоважа?
 
Шо ќе го пишуем на кожа, секако под неа ми е. :pipi:

Едит: додека трае све - трае, топ, закон, устав, утре се скараме, раскинеме, пу пу скраја да е, па да ми седи на мене неќам, фала, а вака си го сакам и без тетоважата, и аман ФУДБАЛОТ ЌЕ МИ ПОЧНЕ!!! :@ ;ao
 
Нема теоретски шанси.
Ниту е доказ за љубов,ниту ништо.Само една голема глупост.
Ама кој како милува.
 
Не би го истетовирала,пошто после ако се скарам со дечкото ќе треба да ја отстранувам тетоважата и да се изложувам на дупли маки,така да...поарно да не прам од готово - вересија.
 
Најсељачка работа што постои! Како прво и да сака јас не би му дозволила....пфф
А ни јас никогаш ова не би го направила...шо знаеш, ќе раскинам, и после тупај си ја глата!
 
Да бе....ко на еден филм ќе редиш 5-6 имиња прешкртани едно под друго...да се види кои си ги поминал и под тоа,името на сегашната девојка :pos: дрн дрн милојке
 
Никогаш не се знае колку долго ќе бидете со партнерот/партнерката така да да се тетовирам и после ако се случи нешто чаре ласерско отстранување кое е скапо. Мој совет кажете им на партнерот/партнерката дека името на десктоп на компјутер ќе си го ставите :pos:
 
хаха ми имаа кажувано за во битола мислам некој ром имал тетоважи од девојки и секоја прешкртана и до неа напишано
пример:
петрана-раскинавме
трпана-
ме извара
јасмина
-замина за австралија...
..
...
....
и последната со поголеми букви демек нејзе највеќе ја сака


иначе не би истетовирала име на партнер освен ако не ми е сопруг и за тоа ќе треба да размислам дали име или некој симбол
за децата сигурно ќе истетовирам нешто,ама за дечко што не знам дали за 5 дена ќе бидеме заедно или не...:nenene:
 
еден комшија мој на раката имаше тетовирано срце и три имиња на жена му и на двете керки!
15 години после тоа жена му го остави и сега дефинитивно размислува да ја избрише тетоважата!
 
Поздрав до спотот над мене. :)

Јас лично, никогаш не би истетовирала име на партнер. Како прво, страв ми е да ставам било каква тетоважа на мене. Ама еве да речеме дека не ми е страв: пак не би знаела што може да се случи меѓу мене и дечкото. Колку и да веруваш некому, колку и да сакаш некого, работите се минливи и тој некој може да те разочара, да испораскинете и да станете најлоши непријатели. И после тоа име да го гледам секој божји ден на моето тело?! Не, фала. Тетоважата ниту е некој доказ за љубов, ниту би ја подобрила некако врската. Интересно е само вака во некој спот или филм да се види.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom