R
Roten 96
Гостин
Лекување.Ваши мислења,предлози
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тетанус е болест на централниот нервен систем која се карактеризира со грч на мускулите, како резултат на токсинот продуциран од Clostridum tetani. Болеста се јавува доколку настане повреда на кожата и слузниците.
А нели причина за оваа болест се длабоки убодни рани, убод од шајка, игла и сл. , поради тоа што Clostridium tetani е анаеробна бактерија која од спорогена во вегетативна форма преминува само во анаеробни услови ( подлабоко во ткивата ) ?
Инаку целта на лекувањето е да се неутрализира токсинот пред се', значи се почнува од серотерапија - давање на антитоксичен антитетаничен серум ( најчесто тетабулин ), потоа се врши обработка на раната за да се отстрани некротичното ткиво, се дава и медикаментозна терапија за смирување на грчевите ( седативи ), симптоматска терапија, хидратација, исто така болните не треба да се изложуваат на јаки дразби ( силна светлина, јаки звуци итн. ) бидејќи истите можат да провоцираат јавување на грчеви.