ТЕСЛА ТАБЛЕТ - вреди да се набави или не?

Тесла таблет со гига рам и 16 гига, плус 8 инчен за 5К е добра понуда. Размислував и јас да го земам ама некако ми делуваше премногу пластично и безвезно се склопува тастатурата со таблетот, плус ептен некако ми е мала таа тастатура за секојдневна употреба... Да имав поголема потреба за уште еден таблет дома веројатно немаше воопшто да се мислам.
Истиот таблет го има една другарка која го зеде во јуни мислам... Со оглед на тоа дека е виндоус, пазарот за апликации не е толку широк, мада 90% од потребното го има. Апликациите работат сосема солидно, е сега пребарување на хром, плус апликации во позадина го цицаат тој 1 гига рам ко ништо, значи сепак зависи од твоите потреби.
Сума сумарум за 5 сома овој српски кинез е многу подобар од тие останати кварт, вивакс и слични...
 
Ја го зедов таблетот за малиот и предобар е за 5.000 ден. Куќиштето воопшто не личи евтино премногу е добро . Во една ситуација ми падна на задната страна на ивица не се ни изгреба. За тие што бараат многу не би го препорачал , но колку парички имаш таков таблет ќе имаш. Кинески бил....... што не е кинесто во денешно време, па и едно знаме на Америка е од Кина. На Youtube има рецензии за сите Тесла таблети може секој си провери што е добро а што лошо. Мое мислење за тие пари што ги нудат таблетите се добри.
 
Тесла е српски бренд што се прави по порачка од Кина, произведуваат таблети, телевизори и клими (под старо име). Порано брендот се викаше Криптон (кој има идено во Е-Стор порано ги знае телевизорите). Искрено иако порано многу ги серев Криптон ради името, ама за разлика од вивакс мивакс кварт март уште работат без проблем.

Таблетите ги имам видено повеќето модели во живо и добро изгледаат и добро работат (појаките модели подобро работат нормално). Првите модели кога излегоа имаа некои ситни софтверски гличови меѓутоа кај новите се е тоа средено, а и новите дизајни добро изгледаат (бар на мене). АМЦ и Нептун нит ги увезуваат нит ги сервисираат туку ги продаваат, увозник е Комтрејд дистрибуција кои се исто така и сервис.

Сумасумарум цената е ситно поскапа од кварт март, а се добива многу подобар хардвер. Само за инфо Леново таблетите се ниско буџетни, повеќе ја плаќаш фирмата него хардверот.

Ако сте со ограничен буџет добро решение ви е Тесла, ако имате повеќе парички Самсунг, ако имате ептен парички и не знаете како да ги потрошите Апле :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom