Тешко е да се биде “БАДАНТЕ”

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Жените на гурбет, семејствата пропаѓаат


Привремената работа во Западна Европа отвора многу можности за балканските жени. Но, она што за некој е остварување на сонот, за неговото семејство може да биде вистински ноќен кошмар

Иако минатата недела Алина го прослави својот 29-ти роденден, таа изгледа многу постаро. Косата и е неуредна, ноктите изгрицкани, а натечените очи ја издаваат нејзината вознемиреност.
“Треба само да се погрижи девојчињата да бидат чисти, нахранети и да напишат домашна работа, но нему и тоа му е тешко. Полесно е да се курва, да питачи или, пак, да се коцка, и тоа со моите пари”, вели Алена раскажувајќи за својот сопруг.
Во 2006 г. Алина заминала од својот роден град Гаештија, Романија, за да се грижи за постара жена во инвалидска количка во Италија. Нејзиниот сопруг останал дома да се грижи за децата. Меѓутоа, ќерките ја известиле дека пред четири дена тој исчезнал со сите пари што семејството ги имало.
Алена му припаѓа на сè почестиот феномен - жените од Балканот да заминуваат на работа на Запад и како единствени вработени да го издржуваат семејството.

ИЗГЛЕДОТ НА МИГРАЦИЈАТА СЕ МЕНУВА

Според податоците на Обединетите нации во Одделот за економски и социјални прашања - УНДЕСА, кој ги следи миграциските појави, од 1990 г. наваму во деветте балкански држави - Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија, бројот на жени-емигранти го надминува бројот на мажи-емигранти. Извештаите на УНДЕСА покажуваат дека уделот на емигрантките во миграцијата на Балканот изнесува 54 отсто, за разлика од светските трендови каде што жените во светската миграција учествуваат со 49,6 проценти. Уделот на жените-емигранти е најголем во Македонија и Бугарија, кои сочинуваат дури 59 отсто од вкупниот број емигранти на Балканот.
Светска банка неодамна излезе со податоци дека од 7,9 милиони луѓе, колку што лани емигрирале од Балканот, околу 4,3 милиони се жени, што е 54,4 отсто од сите иселени.
Во минатото жените од Балканот обично останувале дома со децата, додека на печалба заминувале мажите кои најчесто работеле во рудниците или, пак, во железарниците на Запад. Со цел да се соедини семејството, жените им се придружувале на мажите подоцна. Меѓутоа, со паѓањето на “Железната завеса” во 1989 г., технолошкиот напредок и војните при распадот на поранешна Југославија предизвикаа процес на феминизација на работничката миграција на Балканот.
Физичката работа во фабриките беше заменета со нови облици на вработувања во услужниот сектор, каде што се бараше или фаворизираше женската работна сила. Како резултат на тоа, сè повеќе жени од Балканот почнаа да заминуваат од својата држава, а често се и единствените кои заработуваат во семејството.
Занимањата што традиционално се резервирани за балканските емигрантки се оние сектори кои се помалку платени. Жените најчесто се вработуваат како чистачки, келнерки во кафулиња и ресторани, хотелски собарки, чувари на кучиња и негувателки на стари и болни лица.
Според истражувањето кое во 2007 г. го спровела НВО Отворено општество на Романија, од речиси 255 илјади Романки на привремена работа во Италија, дури 88 отсто барем еднаш работеле како домашни помошнички, и тоа најчесто илегално. Иако овој тренд на жените од Балканот им дава нов извор на моќ, социолозите предупредуваат дека тоа многу влијае на семејството и создава дополнителни семејни проблеми и притисок.
Домаќинствата во кои жената е единствениот член кој заработува, доживуваат целосна преобразба, што, од друга страна, во традиционалното патријархално балканско семејство може да предизвика изместувања во целата структура.
“Жените кои заминуваат на печалба навистина се реалност на Балканот. Тој тренд е во пораст и тоа ја менува традиционалната структура на семејството, го менува патријархалниот менталитет и прави потреси, особено во руралните средини“, вели хрватскиот социолог Иван Пролиќ.

ТЕШКО Е ДА СЕ БИДЕ “БАДАНТЕ”

Алина работи за плата која сите останати во Италија би ја сметале за навредливо ниска. Сепак, таа успева секој месец да му испрати 400 евра на своето семејство во Романија. Освен платата, Алина има и друг предизвик, поради што се надева дека нејзината жртва ќе се исплати. Хендикепираната 77-годишна старица за која се грижи ì ветила дека по нејзината смрт ќе ì ја остави куќата. “Чекам да почине”, ладнокрвно изјавува Алина.
Поради таквото ветување, некако успева да го издржи и фактот дека баш и не ја сака својата работа. Алина го памети написот во весникот Кориере дела сера од минатото лето во кој се зборува за тоа како една Романка била малтретирана додека работела за нејзината италијанска газдарица. Газдарицата ì се заканувала на работничката дека ќе ја пријави во полиција како илегален емигрант и ја присилувала да живее во подрум каде што ја држела во заробеништво. Доселениците како Алина треба да го издржат и нетрпеливото месно население.
“Во Италија, како и во другите земји во Западна Европа, со економската криза што го зафати светот во 2008 г., се чувствува негативно расположение кон доселениците”, стои во извештајот на НВО Каритас Мигранте со седиште во Рим.
Италијанската десничарска влада се спротивставува на политиката за отворање на границите на Европската Унија, како и на одлуката државјаните на Бугарија и на Романија да можат секаде да се движат и да работат во земјите на ЕУ. Сепак, експертот за емигрантски прашања Антонио Ричи вели дека на Италија треба да ì се честита бидејќи згрижува повеќе од 2,5 милиони регистрирани и околу 700 илјади нерегистрирани емигранти. Ричи смета дека во општеството во кое име сè повеќе стари луѓе и ниска стапка на наталитет, без доселениците пазарот на работна сила значајно би опаднал, што би значело затворање на малите и средните претпријатија.
Според експертите, приватното вработување на негувателки од Истокот, кои се грижат за старите и изнемоштените, ја пополнуваат владината неефикасна политика за социјална грижа. Затоа од антимиграциските мерки кои лани ги донесе италијанската влада се изземени домашните помошнички.
Сепак, сè почест е презирот на јавноста кон оние кои се странци, а кои доаѓаат од Романија, Албанија или Мароко. Нетрпеливоста се чувствува кога Италијанците го изговараат зборот “баданте”, што на италијански значи “негувателка-странец”.
На Алина од тоа ì е преку глава.
“Продавачките во супермаркетите секогаш одат зад мене за да видат дали ќе украдам нешто, а некои луѓе на улица воопшто не сакаат да ме поздрават. Тоа навистина е омаловажувачки и се случува на сите страни. Мојата пријателка од Бугарија, ‘баданте’ како и јас, вели дека веќе се привикнува на тоа. Но, јас никогаш нема да се навикнам”, вели Алина.
Економската миграција кон Запад целосно опустоши некои села од работоспособни жени. Ако некој го интересира како би изгледал светот без жени, тогаш нека го посети Вршец, мало гратче во близината на бугарската област Монтана, познато по изворите на минерална вода, но и по тоа што неговите жители се 5.000 невработени мажи без жени, деца и мајки. Најголем дел од жителките на тоа гратче заминале на работа во Италија или во Шпанија од каде што им праќаат пари на своите семејства. Мажите од Вршец научиле како да готват и да им помагаат на своите ќерки кога се во пубертетски кризи.
“Никогаш претходно не го ценев тоа што мојата жена го правеше за децата или во кујната, сè додека не ја загубив работата, а таа замина во Италија. Сега, кога ги одгледувам моите синови, сфаќам колку е тешка работата во домот. Во споредба со тоа, градежништвото навистина е лесно”, се шегува Петар Димитров, 40-годишен маж чијашто сопруга работи во Италија.
Колку и да носи финансиска корист за семејството ваквиот живот, цената што на крајот се плаќа често е прескапа. Како и многу деловни жени од Западот, мигрантките од Источна Европа често страдаат од здравствени проблеми, како што се депресија, тешко приспособување на нови ситуации, непредвидливи промени во расположението и очај. Во меѓувреме, Романија се соочува со нов феномен: самоубиства на деца чии мајки заминале на печалба во странство.
Според истражувањето што во 2008 г. го спровеле УНИЦЕФ и една невладина организација, речиси 350 илјади романски деца имале барем еден родител заминат на печалба, додека 126 илјади се останати без двајцата родители поради тоа што се на работа во странство. Во 2006 и 2007 г. најмалку 29 деца извршиле самоубиство, а во прошталните писма наведуваат дека се одлучиле на тој чекор поради неподносливото чувство на напуштеност или поради тоа што родителите ги одбиле од себе.

http://www.time.mk/read/NONE/f6fd6042dd/index.html
 
Неверојатно е како секоја тема може да биде поебана од еден идиот. двајца кога се - чудо прават.

Он: Точно е дека животот е многу мачен за сите кои се отидени настрана на печалба... Сепак, за жените е потешко зошто се соочуваат со еден куп предрасуди (види „мислење“ на мекотелците нагоре, како пример). Јас на неколку пати имам видено Бугарки што работат како чистачки, овде. Романките не можам да ги познаам зошто не им го знам јазикот, ама најверојатно е истата приказна... Се гледа дека се намачени, всушност.. И искрено ми е жал за нив.
 
“Во Италија, како и во другите земји во Западна Европа, со економската криза што го зафати светот во 2008 г., се чувствува негативно расположение кон доселениците”, стои во извештајот на НВО Каритас Мигранте со седиште во Рим.
Сепак, сè почест е презирот на јавноста кон оние кои се странци, а кои доаѓаат од Романија, Албанија или Мароко. Нетрпеливоста се чувствува кога Италијанците го изговараат зборот “баданте”, што на италијански значи “негувателка-странец”.
На Алина од тоа ì е преку глава.
И после македонците биле националисти, нетрпеливи со акцент на мак. синдром и слични тинтири...

Колку и да носи финансиска корист за семејството ваквиот живот, цената што на крајот се плаќа често е прескапа.
Тешко е, како за жена сама на печалба така и за маж односно лица сами, а се во брачна заедница. Цената е прескапа -да, цената е највисока, децата и фамилијата комплет. Од тоа поскапо амин.

...ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки! ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom