Тенисот во Македонија. Игра ли некој тенис?

  • Креатор на темата Креатор на темата JOE
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам темава е малце заборавена ама јас да си прашам.
Има ли турнири за луѓе кои не тренираат (или тренирале порано) низ Скопјево? Знам дека порано имаше по негде ама во моментов не наоѓам нешто. Така да, ако знае некој слободно нека пише... :)
 
Aj здравје догодина ова време, ќе ви дојдеме со The Edge^ малце ќотек да ви удриме.. :P
 
Ќе видиме, ќе видиме... (ако се однесуваше ова до мене :D )
плус ваљда не мора да се чека дури до наредната година
 
Ќе видиме, ќе видиме... (ако се однесуваше ова до мене :D )
плус ваљда не мора да се чека дури до наредната година
Еми сеа не ми се исплаќа да идам у Скопје за тенис да играм само.. :D

Иначе тука кај нас во Валандово пред 3 месеци направија 2 тениски игралишта и уште не се отворени.. Под катанец се.. Дали го чекаат Грујо да дојде да ги отвори кој знае.. Поарно да не ги правеа за џабе, помина цело лето неможевме ич да поиграме.. :facepalm:
 
Дечки има ли некој во близина на терените во Кис.Вода што се, дај ако има нека каже информации, цена, па да изиграме некој ден?
 
Дечки има ли некој во близина на терените во Кис.Вода што се, дај ако има нека каже информации, цена, па да изиграме некој ден?

На било кои терени, сметајте ме и мене. Гледав имаше купони за попуст (за тк АС во аеродром).
 
Aj skopjanive da mi kazat koe e najblisko mesto od soborna kaj sto mozam da treniram
 
Дечки има ли некој во близина на терените во Кис.Вода што се, дај ако има нека каже информации, цена, па да изиграме некој ден?
е па оди научи ти и ќе играме некој ден не е проблем :D
 
Еднаш играв во средно со другарка што играше тенис, како ме рашета по терен, ми чадеа колената после :pos: али битно знаев како да префрлам, сервирам и враќам топки без учење и тоа :sneaky:
 
Нови содржини во СЦ „Борис Трајковски“


Во рамки на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ започнува изградбата на уште една содржина. Четири тениски игралишта ќе се градат на просторот предвиден за овие спортски објекти, близу базенот.

20121004_143942500.jpg

Со изградбата на тениските игралишта се додава уште едно парче на овој прекрасен спортско - рекреативен мозаик. Игралиштата ќе бидат дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт „100 тениски игралишта“.
Тениските игралишта кои се дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 100 тениски игралишта се со сертификат од Интернационалната тениска федерација, со инфраструктурни приклучоци и рефлектори за одигрување натпревари во ноќните часови.
20121004500_143631.jpg

Игралиштата се оградени со жичана мрежа во висина и можат да се користат во вечерните часови, бидејќи ќе бидат осветлени со четири рефлектори поставени на височина од 12 метри. Околу терените пак, е изградена обиколна патека од бекатон плочки.
Тениските терени ќе бидат одличен градски простор каде што граѓаните и спортистите ќе можат да рекреираат, односно да тренираат во одлични услови. Игралиштата ќе го продолжат трендот на работа како и останатите спортски објекти, а тоа е отворање на спортски школи и работа со млади категории и развој и поддршка на клубовите и на тенисот во Македонија.
100-teniski.jpg

-Реализацијата на овој проект е докапитализација на Спортскиот центар и уште еден позитивен импут на Владата преку нашата компанија кон спортскиот маркет и нивото и квалитетот кое е наша појдовна рамка во секој од објектите кои се дел од спортскиот центар. Четирите тениски игралишта кои ќе го прошират нашиот спектар на услуги, а наша обврска и должност ќе биде да поставиме систем кој квалитетно ќе ги одржува објектите како и досега реализираните. Планираме да бидеме достапни до сите заинтересирани, а цените кои ќе ги пласираме ќе бидат достапни за сите граѓани. Во рамките на овој проект ќе биде формирана и тениска школа која ќе биде дел од спортската академија на „Борис Трајковски“ во која веќе има 14 активни школи. Се` за кое се залагаме максимално е да ја промениме идеологијата во овој спорт, а прв чекор кон истото ќе ни биде ниска цена во школата кое не е пракса во другите школи. Во спортската академија имаме 1400 дечиња кои активно тренираат, а денес после 3 години развој, преку 3000-4000 граѓани циркулираат низ спортскиот центар во 17 спортски и 15 деловни објекти, а новите 4 тениски игралишта и аква паркот ќе бидат огромен придонес кон привлекување на повеќе луѓе кои ќе спортуваат и ќе бидат на стана од актуелните пороци со кои се бори целиот свет, изјави директорот на „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски.
Тениските игралишта беа неопходни за националниот спортски комплекс да ја добие вистинската слика за комплетен урбан спортски центар кои ги нуди сите можни спортски услуги на едно место.

извор : Kurir.mk
 
Dokolku ima nekoj sto e zainteresiran za igranje tenis i ima slobodno vreme neka kaze(koga ke bide potoplo ke se dogovorime
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom