Тенис, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не го мешајте Надал тука кај што не му е местото, се виде колку сте фер, почнавте да омаловажувате злато на ОИ ради утеха.
 
А ја шо да речам, Кириленко 4та, Новак 4ти :(
:D

Ама шо има везе, Федерер не освои злато ;)
 
Моментот кога им олесна на навивачина на Надал дека Федерер не освои злато на олимпијадата, ви се поклопија коцките, нели. :D

Федерер најнасмеан е. :D

Еве колку се фер навивачите на Федерер, во секој случај Psyside ги преовеличи.
--- надополнето: 5 август 2012 во 20:47 ---
А ја шо да речам, Кириленко 4та, Новак 4ти :(
:D

Ама шо има везе, Федерер не освои злато ;)

Си зеде Кириленко бронза во дубл :D Немаме гајле :)
 
Дубл нели не се важеше за најдобрите? :)

Без разлика, медал си е медал, ама покрај овие двеве шо се родени за во ATP не е лошо ни со бронза. :D

Или сепак ова се однесува на златото на Федерер за дубл? Па овде ги гледаме медалите, а кај Федерер стануваше збор за неговиот учинок во сингл и што всушност му фалеше во сингл конкуренција, не ми го ваѓајте преку нос секое мое мислење.
 
Како прво го спомнав плачењето на Федерер поради твојот омаложувачки одговор. Јас постирав нешто за кровот и стојам на тоа шо го реков дека ако и Вимболдон се играше outdoor Мареј ке победеше бидејќи разликата помеѓу двата меча беше кровот. Мотивацијата на тенисерите(Федерер се спремаше од 2004 да го освои и е единствениот трофеј кои му недостасува а Мареј играше на домашен терен и нема освоено ниту еден грен слем) и временскиот период(поминаа само 4 месеци од Вимболдон до Олимпијадата) го потврдуваат ова. Второто шо го пишав е дека со Мареј и Надал(па и Џокович) Федерер нема да може да направи многу (би рекол дека највише шо може да освои е еден 1 грен слем). Јас стојам на тоа шо го реков(и сум го викал во Минатото) дека Мареј ќе го замени Федерер и ќе стане крал на Вимболдон, Надал ќе добива барем 90% од мечовите кои ќе ги играат и ќе го престигне по бројот на Грен Слеми и дека Федерер е трет најдобар тенисер(не најтрофеен).

А како второ за плачењето на Федерер и Мареј, Мареј плачеше затоа што не успеа да ја освои првиот Грен Слем а Федерер и покрај тоа што во тој момент беше втор најтрофеен тенисер немаше никаква потреба да плаче. Федерер е тенисер кои секогаш сако работите да бидат како што тој посакува а кога губи или плаче или ги критикува/омаловажува победите на другите. Во последните неколку години постојано го критикува Мареј заради неговите порази против Него, исто кога пред некоја година Надал беше блиску до првата позиција и го победи Федерер во еден меч,кога го праша шо мисли за блискоста на Надал до првото место он одговори "Не ми е гајле за тоа" Мислам дека сите па дури и некој новинари/медиуми (барем оние интелигентните) освен фановите на Федерер го знаат неговоте вистинско лице. Ке ми биде жал ако некој кој нема освоено ГС плаче ако изгуби па дури ке ми биде жал ако Џокович изгуби некое финале оти он барем е фер играч но да ми биде жал за Федерер кои го исмејува Мареј оти неможеше да го победи на неколку меча? Никогаш.
така е друже далеку е федерер од спортски џентлмен само проблемот е што сите се праат на тошо :свиркам:
 
До кај сте стасале со муабетиве тоа е страшно нешто....
 
"It almost feels like a gold medal for me, even though it's silver. But that's enough for me"

:cuc:
 
Моментот кога им олесна на навивачина на Надал дека Федерер не освои злато на олимпијадата, ви се поклопија коцките, нели. :D

Федерер најнасмеан е. :D
Да да, ептен беше насмеан кога го напушташе стадионот. Ептен.. Со наведната глава го напушти, тешко му беше дури и раката да ја крене и да ја поздрави публиката независно дали таја за него навивала или не како што прават сите.
 
Да да, ептен беше насмеан кога го напушташе стадионот. Ептен.. Со наведната глава го напушти, тешко му беше дури и раката да ја крене и да ја поздрави публиката независно дали таја за него навивала или не како што прават сите.

Добро, мали ти се сликите или поголеми да најдиме ? Или да нацртам дека за нив беше мојот коментар.
 
Добро, мали ти се сликите или поголеми да најдиме ? Или да нацртам дека за нив беше мојот коментар.
Сликите се по едно пола саат-саат, тоа што го видовме на дело не беше воопшто како на сликите.
 
И пак, мојот коментар беше за сликите. А после изгубениот натпревар шо сакаш да прави ? Да скока пред публиката ? Или па да појди да го намава Мареј оти играл толку добро ? Секако дека со наведната глава ќе замини, поразен беше.
 
Ако злато на Олимпијада не е толку важно во тенискиот свет, тогаш Федерер, Ѓоковиќ и Надал нека не одат веќе на Олимпијада, нека пуштат други од нивните држави да одат, пошо онака, шо ќе им се златни медали од Олимпијада.. не се битни...:tapp: Можеби Вимблдон, USO, Австралија Опен и Ролан Гарос се главната мета на тенисерите, Гренд слеми по кои сите се тепаат за да ги освојат, најпрестижното нешто, ама да се помисли, па и да се каже дека ОЛИМПИСКО злато, нешто што е престиж само да се влезе и да се учествува, а камоли па да се освои не е толку битно... А да освоеа вашите фаворити ќе се радувавте и рипавте од среќа нели? Ме потсеќа сето тоа на приказната со лисицата и киселото гројзе.

Јас навивам за Надал и сеа јас треба да кажам, шо ќе му е Олимписко злато, шо ако не отиде на Олимпијада и онака више има едно... Така испаѓа муабетов.:facepalm:

Порано беше мерак да се читаат дискусиите за тенис на форумов...
Сега веќе не влагам да читам, пошо знам дека и тенис ќе ми се одмили од муабетиве.

Федерер не бил фер играч? Во кој универзум? Па секое можно интервју секогаш зборувал коректно за противниците, никогаш не ги омаловажувал, ако некој квазиновинар ги извадил зборовите од контекст тоа е веќе друг муабет.

Федерер, Енди, Ноле, Рафа, Дел Потро се прекрасни играчи, џентлмени, изворедни и пред се фер-плеј играчи. Толку многу напор, труд, енергија вложуваат за да бидат успешни и сега ќе се најдат луѓе на светов шо ќе се обидат на најцинички начин да им ги омаловажуваат успесите...
Кога ќе изгуби некој (без разлика за кој се работи) први сте да правите зезанции, смешки, да пукате сеир, а кога ќе победи некој и тоа максимално заслужено наместо да честитате и речете БРАВО, како што доликува, одма мора да се плука по успехот. Енди има злато на градите. Олимписко злато. Нека му е со среќа, затоа што за разлика од мрчатори по интернетов, тој си го заслужил и успеал во животот и од се срце посакувам да му се скрши таа клетва на “вечен трагичар“ за да ги затне устите на сите циници.

Ќе излезе дека ниеден златен медал на Олимпијадава не е битен. Не знам зашо Усеин Болт се замара да трча и да руши рекорди, ене му ги светските првенства, таму нека иде да трча...:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom