Телеком ги прифати интерконециските цени!

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.579
Поени од реакции
18.612
Не видов тема за ова досега, па ај си реков да отворам една, затоа што сметам дека е многу битна работа за телекомуникацискиот пазар.

Веќе слушам за интересни најави, па што мислите дека ќе се случи во наредниве неколку месеци?
 
Ај подобјасни ако не ти е тешко малце подобро, не сум запознаен баш.. :wink:
 
„Македонски телекомуникации“ прифати да ги намали цените за интерконекција, кои Агенцијата за електронски комуникации ги намали за 350 отсто уште во почетокот на март. Со тоа се отвора патот да почнат со работа новите оператори во фиксната телефонија.

На идните оператори, телекомот ќе им наплатува 0,54 денари, односно 0,36 денари за минута во локален разговор. За меѓуградски повици, телекомот ќе наплатува 0,75, односно 0,51 денар за минута нормална/евтина тарифа. За меѓународните повици цените ќе се 1,11 во нормална и 0,75 денари за минута во евтина тарифа.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=B700DD46EAC9344395599E4054004354&arc=1
 
Па ако ги намалат интерконекциските тогаш другите оператори ќе ги намалат цените со што и телеком ќе мора да ги намали, некако ти е тоа поврзано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom